Не верувам дека има некој што не знае со кого заврши Шарлот од "Сексот и градот", или за приказната од " Црвени камион сиве боје". Џаст фор д рекорд, не беа лепотани. Ако не сте запознати, погледнете го барем филмот и можеби ќе ви ги отвори хоризонтите и на крај би сфатиле ЗОШТО не секоја трага исклучиво по лепотан и КАКО е можно било која од нас да заврши со некој не толку привлечен. За мене лично, не е пресуден изгледот, туку карактерот, односот и искреноста. На крајот, убавината поминува, но остануваат почитта, разбирањето и сите оние особини што требаат за да живееш мирен и спокоен живот. Не барам лепотан по секоја цена баш заради тоа што убавината поминува и на крај, реално сите стануваме малце грдички со годините . Поентата ми е следна: зошто ми треба некој презгоден со нула карактер, кога за десет години ќе биде ем грдичок ем пак без три чисти и ќе ме нервира до крајот на животот? Мојата логика вели дека не ми треба таков. Ама немаме сите иста логика и тоа е во ред. Сметам дека не мора баш да се напаѓа туѓо различно мислење. Нејќам да солам памет, ама доблесно е барем да се проба да се сфати другиот.
"На мажите им е битно само да се облекува жената убаво и да биде убава. Гледаат површно. На нас пак, ни е битно да избере мудро и да му сечи во главата." - ете, цитирано од една личност што многу си ја почитувам. Да, само физичкиот изглед е битен на повеќето колку и да негирате. Спојлер Пример, мене само заради изглед ми пристапиле. И одма се забележува, се осеќа. И колку да ми направил некој океј муабет, џабе. Сум направила и јас океј муабет и одма следело: "ај шо збориш, те мислев глупа хехех". А има и фини, културни што најчесто се тргаат настрана оти си имаат зацртано во дека мене друго нешто ми треба.
Секако дека е важен физичкиот изглед како почетна точка, ама дефинитивно не е пресуден за да една врска се одржи и опстои.
Размислував тро поќе на темава, и заклучив дека физичкиот изглед е многу битен за врска. Ама тоа не значи да е некој/а класично убав/а, туку мене да ми е убав/а.. привлечен/на. Претпоставувам, на многумина, мојот избор за привлечно, нема да им се допаѓа. Ама за вкусови не се дебатира... нели?
Внатрешноста надворешно се отсликува. Тоа го прави поубав и попривлечен, барем во моите очи. За болдираното, целосно се согласувам со тебе. Сите очи не гледаат исто .
@eliesaab Девојче убаво мило. Не! Сакаме да е екстремно пропорционален, висок, преубав и да му сече во главата. Сите во пакет. Ги има. Екстремно ретки се, но постојат. Зошто жената да биде лепотица, додека тој average Joe? Има сите квалитети да ги поседува, бидејќи кога ќе свршувам не сакам да затварам очи замислувајќи го Бред Пит, додека до мене лежи испотен ружен Стојко. Може да биде и plus size, не е воопшто проблем, ама да биде педантен и пријатен за око. Или кога ќе треба да се мозга и рационализира одредена ситуација да биде агресивен насилник, наместо сталожен и мил? Спојлер Да има цврст голем задник, тврди пупки и вени е плус. Ама и без последниве три ако ги има останатите квалитети би бил идеален.
Темата е дали физичкиот изглед е најважен во врската ? Според мене изгледот не е најважен , имав секакви девојки и убавината е битна за некој да те привлече на почеток но потоа карактерот и личнста ги гледаш какви се , и тука се гледа дали се сложувате двајцата и дали ке опстои врската .. Е сеа реално ако некој воопшто не ти се допаѓа (пример да не биде некоја дебела/ дебел па да не внимава на себе ) па тешко и дека само ради карактер ке останеш , треба барем малце да ти се допаѓа и ке си биде топ
Кога прво ќе здогледаш некој најважен е изгледот и енергијта.На пр не би отишла на кафе и не би дала шанса на некој што воопште не е мој тип.Но потоа тоа се избледува кога карактерот стапува на сцена.Карактерот ја засенува убавината.
Никако, никогаш дебелите ќе ослабнат, слабите ќе се здебелат, ниските - штикли (ако сакаат, не сеа феминистките да наострат сабји хехе), високите...епа висока само да е ама карактерот е она светлото и топлото. Она што вреди.
Да се разбереме физичкиот изглед е важен, но, треба да си самокритичен кон себе. Освен ако не си некој лепотан , или полн со пари не можеш да очекуваш дека по тебе ќе се залета манекенка. Исто и за девојките. Не трчајте по празна убавина. Амбалажата го продава производот, но ако нема добар квалитет нема пак да го купиш. Така со луѓето.
Некоја златна средина е најидеална,само ако имаш среќа во животот да ја најдеш. Да не се лажеме,ако нема привлечност физичка,батали карактер го гледаш како брат,другар а не како потенцијален партнер или брачен сопатник и да му пружиш шанса,само се залажуваш себеси,по извесно време ќе сфатиш дека не иде,ќе повредиш нечии чувства а пред се се повредуваме себеси.
A be da, ama pak kje kazam. Se zavisi od vkusot. Ama sum imala situacii kaj sto mazi, koi gospode prosti mi ne vredi da gi poglednes, si zemaat za pravo da zboruvaat za nekoja devojka deka e debela. Oni sakale manekenki razbiras.
Е па можеби самите себе, се перцепираат како манекени. Тоа е човечката нескромност. И јас сакам да имам некој покрај себе како Бред Пит на пример ама немам,пошто немам шанси со таков. Само златна средина му е мајката.
Физичкиот изглед не ми е важен, ниту имам тип кој го преферирам. Доколку дечкото е паметен, внимателен, харизматичен и има хемија меѓу нас двајца - сѐ друго паѓа во вода. Секако, мора да ми биде привлечен и симпатичен, но колку другите ќе го доживеат како таков е дискутабилно. Сите се вљубуваме во различни нешта и тоа е прекрасното.
Јас мислам дека ова е многу глупаво или пак јас живеам во розов свет каде што не сите луѓе се плитки. Сакам да промовирам самодоверба наместо да велам на некого да биде самокритичен на сопствениот изглед за да сфати дека некој е премногу убав за него и заради тоа не може да го има.