Мислам дека сакаше да каже дека не е баш океј да бараш од другиот да биде совршен а ти да имаш куп недостатоци, баш спротивно од тоа што бараш кај другиот. Ако сакаш тебе некој да те прифати таков, треба и ти него. Ваљда ... На темава имам мислам кажано. Не би можела да сум со дечко што не ми е убав физички. Онака сакам да е некој што на секој поглед ќе се заљубувам повторно
Тука веќе зборуваме за тотални егоисти и срање од луѓе. Јас го сфатив како дека не си вреден за некој што е поубав од тебе.
Tokmu toa sakav da kazam. Ne ocekuvaj od nekoj da e sovrsen. Vidi se i sebe vo ogledalo, ne si sovrsen.
Се разбира дека физичката убавина ми е важна кај некој со кого треба да имам секс. Интимен партнер е во прашање, не рандом познаник. За мене е еден од условите sine qua non. И тоа не е ништо лошо, ниту погрешно. На некои жени им е утубено во глава да бил добар, тоа се гледало, не лепота. Демек не може да биде и ОК личност и убав. Глупости.
Шо знам.. Кога го гледаме некој, мозокот првин ни се фокусира на изгледот па според изгледот донесуваме делумен заклучок и за карактерните особини?.. Би рекол дека е битен, но не и пресуден.. Немора да значи дека треба да бараме најсовршено, но сепак нека биде во границите.. @edna_malecka - даде најсоодветен одговор.
Од прво гледаш физички атрибути да. Боја очи, коса, погледи, говор, движење. Со текот на времето дознаваш што карактер е. Ако не ти се допадне карактерот, џабе сѐ. Карактерот е битен. Изгледот е само како шлагот врз тортата.
Мене ич не ми е, единствениот дечко во кој досега сум била заљубена до толку како да не постои никој друг на светов изгледаше како сомнително суштество додека постоеа далеку позгодни момци со кои имав шанса да бидам во врска а не ги погледнував.. Љубовта е навистина слепа така да не жалете, за секој Шрек има Фиона (ова ми го велеа другарките кога бев со него)
Никогаш не ме привлекувал физички изглед, прво се запознавам и сум другарка а после ако ми е погоден на карактер може да премине во нешто поголемо. Досега само со еден сум била што прва ме привлекол физичкиот изглед, но беше многу смотан, не знаеше како да се однесува со девојка и го баталив. Така да по мене не е најважен никако. После некое време кога си со некој и го сакаш ти станува секако убав
На мажите им е многу битен физичкиот изглед на жената. На жените не им е толку битен физичкиот изглед на мажот. Еден од доказите за тоа е што има голем број на грди мажи што имаат убави девојки/жени а многу е ретко грда жена да има убав дечко/маж.
Не постојат грди луѓе, ниту мажи, ниту жени. Убавината е субјективна категорија и секое око гледа различно на неа. Ако за тебе нешто е неубаво, за друг може да е. Инаку нема врска ова дека на машките им е многу побитен физичкиот изглед. Излези од дома и ќе видиш многу парови каде женското е објективно помалку привлечно од машкото, и обратно. Така да, speak for yourself.
ОК, можеби не се изразив политички коректно Убавината до некаде е субјективна. На пример не верувам дека некоја од девојките на форумов мисли дека Бред Пит е грд или дека Дени Де Вито е убав
Ако и е убав Бред Пит, не значи дека морално ќе започне врска со него. И исто, ако првично не и е толку убав Дени, пак не значи дека нема да започне врска со него. Оти и други фактори играат улога.
Да, битен е.На прво место секако не, ама ако некој не ме привлекува физички...подобро да го наречам другар. И не мислам дека е целосно субјективна убавината, гледам горе сте спомнале глумци.Има објективно убави и грди луѓе, она што субјективно нѐ привлекува веројатно лежи во харизмата и шармот, или па нешто специфично што несвесно го бараме кај личноста.
Точно е ова од примери околу мене. Мои пријателки имаат партнери кои се помалку атрактивни од нив. Дури имав школска другарка која е како барбика, а има маж кој е постар најмалку 10-15 години од неа, и е крупен, ќелав, грд едноставно. Личат како татко и ќерка, ама таа го сакала заради карактер, а пари и убавина девојката веќе си има. Сите се чудеа кога ќе ги видат, демек што и е, како може да биде со тој човек, но оние кои ја знаат тврдат дека таа бира карактер, пред убавина.
Затоа добро е речено секој си има тип. Ние се чудиме но нејзе можеби најубав и е. И јас така некогаш ќе ми се засвиѓа некој што има нешто а можеби не е најсовршениот, како нацртан. Така што како одговор на темава би рекла дека треба да е ваш тип, ништо повеќе.
Апсолутно не е! Привлечноста која ја чувствуваме има врска со хемиска реакција. Мене, пример, никогаш не ме привлекувале класично убави мажи. Мислам.. убави ми се за гледање, ама како слика, како уметност. Или пак можеби само не ми се погодило да ме привлечи некој убав, оти феромоните кои ги испуштале не биле адекватни за да ми се активираат синапсите во таа насока.