Според фидбекот од другарки што сум го добивала.. да. Сите партнери (во било која форма) ми биле грди. Фак ит.
Сите што ми биле дечковци до сега, ми се допаднале уште на прв поглед. Е сега имало некои, убави ми биле од прва ама по запознавање не ми се допаднал карактерот и секако не биднало ништо. Ама имам и исто толку случаеви каде сум се зближила со неколку машки, океј карактер, интересни, ама физички не ме привлекуваат на тој начин. Не се грди, далеку од тоа, ама мене не ме привлекуваат и не би можела само ради карактерот да градам врска.
Убави девојки ми станувале одбивни па дури и физички неубави откако ќе сум ги запознаел. Од друга страна, искрено, девојчиња кои воопшто физички на прв поглед не сум ги забележувал, откако ќе ги запознаам ми станувале многу убави и привлечни. Така да, бар за мене, мислам се е до мозокот со кој што гледаш некој. Особено па ако има слатко фацуле девојката, све друго ми е у втор план (ако не е у екстреми нели).
Тоа затоа што од убавите или очекувате многу или веќе имате изградено мислење. И сите убави и привлечни ги ставате во ист кош. Мислам дека на 21 век убавината повеќе е товар.
Јок, не ме разбра убаво. Не ги ставив сите убави девојки во ист кош ниту пак обратно. Само велам дека ми се случувало и вака и така. Сакам да кажам дека карактерот е исто толку битен па и повише него изгледот. Не значи дека сите атрактивни девојки се лоши, ниту пак дека се добри сите девојки кои не можат баш да се пофалат со нешто физички. Поентата ми е дека карактерот може да го разубави човекот или да го нагрди (без разлика дали машко или женско).
Реално прво нешто што привлекува е изгледот, да те привлечи мора а потоа со карактерот се надополнува во глобала, или пак се грди работата, од каде знам.
Е, браво! Се согласувам 100% со тебе. И мене прво ќе ме привлече изгледот секако. А претходно што кажав е дека се случувало некоја другарка која отпрвин не ми била привлечна, ама со текот на времето да почне да ме привлекува.
Искрено, на оваа тема сум 50:50. Затоа што можете да бидете во врска со личност која не ви е привлечна, односно не ви е убава, меѓутоа да вие убаво во истата. Може да се случи и обратната ситуација. Убавината е релативна. Јас можеби имам партнер кој за мене, а можеби и за поголем дел е најубав и најзгоден, ама за дел е грд. Физичкиот изглед до некаде е важен, но не и најважен. Се согласувам и со тоа дека изгледот привлекува, но карактерот задржува. И не е фактор само изгледот кога е привлечноста во прашање, тука се шармот и харизмата. Никој не е совршен.
Па прво мора мој тип да е и физички да ме привлечи. Ова ми е мислење ради тоа што кога ќе видиш некој физички го примеќаш па после се запознаваш и ќе видиш што како.
Ок, но да речеме дека веќе се познаваш со некој кој физички не е твој тип. На пример во исто друштво сте, колега, или на училиште или незнам некој со кој имате комуникација. Ако животот ете некако ве спојува да поминувате поише време заедно и да се запознаете како личности, и сфаќаш дека емоционално и карактерно тој го има сето она што ти го бараш, сметаш дека со текот на времето нема шанси да развиеш чувства кон него?
Некако ретко скоро никогаш не развивам чувства кон некој што не е мој тип, што искрено не знам дали е лошо или добро. Се случи порано едно момче преубаво да се понаша со мене, рачунај многу далеку од мој тип. Почнав да размислувам дали можи не можи ама тој сам упропасти се, и од тогаш не ми се случило ништо така. Да се надополнам, можеби звучи многу лошо и ќе ме судат но човек со добар карактер а изглед кој не ме привлекува, ми е најчесто другар.
Џабе му е убавина на човек ако во душа е жив ѓавол. Сум била со некој, кој за други бил грд а за мене најубав. Па ете врската ни треше 1год ако моите не вмешаа прсти во врската, ќе теравме уште.
Не е најважен. Но е важен. До утре можеме да разлагаме како не треба да се суди според надворешноста, но првото сумирање паѓа токму врз изгледот. И тоа е океј, се додека не се оди во крајност и останува само изгледот за проценка. Лично, под надворешен изглед кај мене влегува како се носи личноста, стил и боди ленгуиџ. Ако и двете ми фатат око, тогаш имам уин-уин. Но паважна ми е енергијата на личноста, каков вајб ќе ми остави. Затоа што ако има некаква наклонетост, надворешниот изглед секогаш може да се смени.
Се дури не отвори уста, шала не бирам по физички изглед, ама многу ми е битно шо кажува кога зборува. Од физички изглед гледам само да е повисок од мене. Во физички изглед шо мене ми е одбивно многууу, набилдани батиња мислиш со цефка надуени. Бирам карактер, однос, енергија. човек пред се.
Важен е, но не и најважен. Сепак, мора да постои физичка привлечност, но тоа што не' тера да мислиме дека некој/а е привлечен/привлечна или не, е индивидуално. Тоа е само еден од аспектите за успешна врска. Не ги набројувам другите, да не се повторувам со коментарите пред мене.
Битно е да е има убаво тело за во кревет и ние женските сакаме да гледаме не само машките. За фаца не мора да е нешто којзнае што може и просек, но дс нема градба ко женско или дебел или слаб ко коски кожа. А за врска има уште 1000 карактеристики што треба да се разгледаат.