Абе луѓево вака коа шеташ по улица или у парк, брачниве парови и постари и помлади глеам све манекени се со "добри тела". Бај д веј, што е добро тело? Кои се карактеристиките на добро тело? Кој го поставува стандардот за тоа што е добро тело? Има некој стандард, некоја листа како у северна Кореја за фризури шо имаат? Или како...?
И убава фаца. https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0160289604000352 https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0160289610001315?via=ihub
Да не ме сфатиш погрешно, да не мислиш се расправам, и мене ми е донекаде важен физ.изглед а особено лицето ми упаѓа у очи... Ама од друга страна, извини ама поглупи текстови одамна немам прочитано. Башка у првиот се вели дека заклучокот дека убавите луѓе се поинтелигентни е на база на претпоставки, а у вториот дека се е до перцепцијата како го доживуваш човекот. Стварно не гледам како "убавината" е поврзана со паметот. Tell that to Einstein и Stephen Howking и остали. Глеам најголемите умови на човештвото биле све лепотани... И онака ме интересира ако еве некој може да ми објасни, како мериме убавина? За мене убава фаца се изразени црти и линии особено на долната вилица и носот. На другар ми убава фаца му е топчест/кружен облик со полни образи. И сеа шо прајме?
Има различни типови на објективно убави луѓе. Олабај. Вие поназад пишевте дека убавите биле глупи, поткрепено со 0 докази и да ми беше целта впуштање во бесмислени дебати, ќе цитирав уште тогаш да се објаснувам. Ти и уште неколку треба да прекинете да наметнувате свое мислење по секое спротивно за да испаднете морално супериорни на темава. Кој како сака ќе одбира партнери за себе. Ако некому му е изгледот неприкосновено битен, битен му е. Deal with it (не оти е ваше да се занимавате со туѓ критериум, али ај).
Ако ти е убаво со некој и тој убав ќе ти биде. Што се вели: Земи ги моите очи и види го како изгледа.
Ќе ме привлеква емоционално. Не сексуално. Второто ми е многу тесно поврзано со то шо ми е субјективно привлечно. Изглед привлеква, карактер задржва. Изглед ми е поврзан со сексуалната привлечност. Карактер со емоционалната. Скроз можи некој само во еден аспект да ме привлеква.
Не е најважен, ниту пресуден. Но, претставува предуслов за иницијална привлечност. Прочитав низ коментарите дека убавите биле глупави. Не е закон на природата, туку утеха. Не се сите убави глупи, ниту сите грди паметни. Најдобро е да има се, а постојат такви, така да...
Вие? Ме ставаш и мене очигледно, ја ни се сеќавам дека тоа било тема, ниту пак негде сум пишал дека убавите се глупави. Ми лепиш етикети Незнам кои се тие некои и не ме интересира. До сега ако си читала назад ќе си сфатела дека и мене ми е донекаде важен изгледот. I'm just questioning everything. Коментирам коа ќе прочитам квази факт истресен од ракав. Можам ја да си кажам лично мислење, дека мене ми е нешто битно. Као можам ја да тврдам дека убавите се памети или глупи, или дека грдите се паметни и глупи? Имаме список со слики што одредуваат грдо или убаво, као у северна Кореја шо имаат список за фризури? Не ти глумам морално супериорен, ти не кажуваш тебе лично што ти е важно, туку вадиш општ "факт" дека ако има убаво фаца, личноста е интелигентна. Епа у лична желба не ти се мешам, само лајк ќе ти ставам. Ама за остало ќе си дебатирам, нема тука никаква супериорност Смир смир ?
Исто. Ме интересираше од женска страна. Тешко дека би напреднала некоја врска на некој некст левел ако нема физичка привлечност. Ко шо имаше пишано @AgentGinger, ќе се сведе само на пријателство.
Јеп. Ми се нема случено до сега некој ради карактер да ме влечи сексуално. Можи само ради карактер да преќини да ме влечи сексуално шо многу лесно се случва со мене. Мислам дека имам застој на развојна фаза. Ама длабока емоционална врска, без да ме привлеква сексуално е пријателство.
Искрено не би сакала ни самата да се мачам и да се лажам дека некогаш можеби ќе е повеќе од тоа што е во тој момент. Затоа сите си имаме тип, нѐ привлекува тој тип, и напреднува односот.
Секако дека не е најважен. Не велам дека воопшто не е важен, ама реално beauty is in the eye of the beholder. Најважен од сѐ физичкиот изглед сметам дека можи да ѝ е само на површна личност, е баш таквите не се мој тип па и да блескаат од убавина буквално. Некој можи да ми е многу физички убав, ама не донесувам одлука дали е општо привлечна личност сѐ додека не отвори уста и видам каков карактер е. А за убави, многу луѓе има што се физички убави и сум рекла дека се без да ги познавам, ама тука застанувам. Има разлика меѓу убав и привлечен за мене. Лично мене никој што не го знам и не сум блиска не ме привлекува сексуално (demisexual сум), за да ме привлечи сексуално треба прво да се зближам со личноста на емоционално ниво, а секако не би можела тоа да го направам со личност која има грд карактер или спротивен на мојот. За некои луѓе дечко ми можеби е непривлечен, ама за мене е еден од најзгодните мажи.
Изгледот до некаде ми е пресуден, ама мора - значи мора- МЕНЕ да ми е убав. Можи да е лепотан, а да не ме привлечи хаха. И мора да знај основен муабет да напрај. И карактерот ми е 80 посто од се! Ако е тежок карактер, ми се одмилва. Еве со бившиот дечко, на лик - лепотан, слаб. Ама карактер, депресивен, негативен, нерви искинав со него. Му прекинав. Најдов причина и толку беше. Мирот ми се врати. Не можел моите маани да ги прифати, ваква сум била, таква сум била. Е сега, нека наога маани на друга.
Според мене изгледот има улога, но истиот не е пресуден. Сум имала дечко лепотан за кога му раскинав сите мене да ме обвинат како сум можела него да му раскинам, па тој бил премија за мене, ова она, а не знаеја дека под таа ,,премија,, се криеше дволична, лоша, негативна, нарцисоирна, мрачна особа чие мото беше јас, јас и само јас. Сум била во врска и со просечен човек, не толку убав. Е таму пронајдов смеи, позитива, мотивација, љубов.. Изглед да, но што тој вреди кога на крај на денот си одиш дома растажен поради спротивната страна.
Не ти лепам етикети, сам лајкуваш мислења каде пишува дека убавите немале мозок, кои ај што се неточни, се и обид за навреда. Јас се надоврзав на член, а линковите ги поставив башка. Тебе ти засметаа, коментарот поназад ти се допадна. Двојноаршински и пристрасно “малку“. Ако го интересира некого како размислуваат луѓето по ова прашање, нека чита додека секој пишува од своја перспектива, а не да се натегаме какви избори прави другиот во својот живот. Мене ми се привлечни мажи пропорционално убави, како слика што се вели. И тоа што ме привлекол визуелно, не значи дека нема ништо друго во човекот, напротив. Надворешниот изглед покрај убавина вклучува однесување, држење/ став.... Не сите убави ме привлекуваат сексуално и интимно, ама за да ме привлече, мора да е убав, не може поинаку. За мене би било измачување да бидам со некој кој не го сметам за убав и немам намера така да го поминувам времето пошто ете бил nice guy. И ќе парафразирам некои членови што имаа пишано поназад, а се потполно во право дека убавината не е до толку релативна и субјективна. Пример, Бред Пит, Дејвид Бекам, не мора на секој да му се најубавите, ама како грди би биле окарактеризирани само од инает или некаков анимозитет кон личноста/делото. Факт е дека ретко кој искрено ги смета за неубави.
Важен е сѐ додека нe почнете заемно да си ги лечите комплексите од недостастоците во физичкиот изглед (како и да изгледате). По тој момент, соучеството е најважно.
Мене ми се убави и црни и бринетки, и слаби и дебели. Ми се одмилува само ако карактерот не се совпаѓаме или по мое, да е лоша. Колку сака нека е убава физички, ако ми е одбивна на карактер, џабе.
Прво што гледам кај девојка е лицето,што би рекол јас мила фаца Ако тоа ми привлече внимание второ е карактерот. Без разлика дали е слаба,дебела,црна,плава,убаво тело,гради,задник итн... П.с и да сака,има желба да спортува,тоа ме пали
Скрос си во право. Дури имав ситуација еднаш да му речам на дечкото - да знајш само како јас те гледам....не ме свати, искомплексиран беше.