Како и рипнавте сите на Алиса, ко да не знаете дека секој втор брак/врска е на пари заснован. Де, де. Не мора сите да имаат ко вашите стандарди па љубов и љубов. Сака пари, и?
Ете, не сакала. Не сакаат сите да се независни, не и се работело. Сите знаеме брак каде еден работи, друг дома дреми невработен. Не знам зошто толку цитирања. Тоа и е преференца. Ако тоа мисли дека и е решение друг да работи за неа, нека тера. Не разбирам што е спорно, стварно
Ти без пари дојдена ќе му кажуваш на Дон Миле дали да не ги дели парите негови со брат му? Девојче... уште многу векни леб треба да изедеш.
Не ми сметаат, затоа е дискусијата Само океј е некој да има поразлично мислење, фала Богу не можеме сите исто да мислиме и да се убедуваме за некои лични избори.
Животот е толку непредвидлив, што многу лош план е да зависиш од друг, свесно да се ставаш во споредна улога. Ако јас не мислам на себе и мојата иднина не можи никој друг да ми мисли, нели? Сите треба да се стремиме да можиме сами да се одржуваме во живот, оти единствена вечна личност во животот сме самите ние, другите сите се пролазни. Ама ајде, кој како си ја наредил така.
Ова испаѓа Македонија е страшно богата држава, значи секој втор има многу пари @Alisa22 ѕвер си, ме изнасмеа мнооогу со коментаривенезнам дали си сериозна или тролаш, ама ако си сериозна поштовање имаш од мене пошо си кажуваш отворено Ова ќе му дое нешто вака: малце да се насмееме
Мене лично ми е многу битно да сум независна, татко ми од мала ме учеше дека сама ако не направам нешто никој нема. Поготово да не зависам од дечко за да ми плати одмор или не знам што, па од глава да ми го мава тоа. Ама баш како што се кажа погоре, голема бројка од девојките денес вакви размислувања и амбиции имаат (да бидат trophy wife) ама гласно не искажуваат. Затоа секоја чест што без влакна на јазикот си признава.
Вистина е дека секој си има свои желби. Некому е најважно партнерот убаво да изгледа. Но и тоа е прашање на вкус, бидејќи универзална убавина не постои. За вкусови не се дискутира. За некого е важно партнерот да има пари. Да речеме, сум фатила богат дечко, се разбира, со добар карактер. Потоа се случува да го изгуби богатството. Би го оставила ли? Не. Зошто? Затоа што не сакам да зависам од него, а и парите не се најважното нешто за една врска. Љубовта не се купува. Друга ситуација: Почнувам врска со некој што е во незавидна финансиска положба исто со добар карактер. Дали треба да го оставам само заради финансиската ситуација? Не. Прво, никој не знае што може да му се случи утре. Второ, ако го оставам, тогаш јас сум таа што е лошата, а не тој. Ако сфатам дека направив огромна грешка, заслужувам ли втора шанса од него? Не. Само примери кажав. Ништо од ова не ми се случило. Кажав во друга тема, но ќе повторам: Ако го напуштиш партнерот кога му е лошо, не го заслужуваш ни кога му е добро. Добро е што членката си кажа отворено, искреноста ја ценам. Се согласувам со мислењето погоре дека има многу што мислат така, но не кажуваат. И машки, и женски. Исто како што има такви што би си го/ја оставиле партнерот/парнерката доколку се запушти поради икс причини.
Секако дека се образувам како бек ап план . Не дека ако бидам со некој и не работам дека ако ме остави ќе завршам на улица. Имам доста имот и недвижнини од татко ми и секако дел ќе ми припадне мене. Едноставно не сакам да работам но морам да си се образам за ако дојдат "црни денови". Јас едноставно си сакам да си одам на шопинг да си одмарам и да си уредувам . Сум запознала многу амбициозни и богати типови што би биле со мене и покрај тоа што освен изглед немам ништо друго да понудам да бидам реална карактерот знае да ми е ужас имам бордерлајн на моменти не можам да се контролирам , често знаев да започнам конфликти. И што треба да им судам на нив што им е важен изгледот а не им е важно дали сум амбициозна дали сакам да работам дали имам добар карактер? Јас сум си барем искрена и директна ,никогаш не глумам.
Мислам не е проблемот богат дечко како критериум туку фактот што цело време зависиш од друг. Додуша не е ни проблем, туку еве мене чудно ми е. Јас би сакала да си имам свои пари и со нив да си уживам а не да чекам од дечко ама добро, секој со своето .
Бре, брее, одвај чекавте некој да нападнете. Во една тема пишувате дека жените биле осудувани, во друга вие осудувате. Нели секој си имаше право да си го живее животот како сака и не треба никој да се меша? Епа така и вие не се мешајте. Ако некоја сака нека си бара богат маж. Ако сака нека не работи цел живот. Секој си бира партнер по свои критериуми и нема што да осудуваме. Јас лично не би била со некој само за пари, морам да бидам заљубена. И не би сакала да зависам од друг. Ама исто така треба да бидеме свесни дека од љубов не се живее, и пари се потребни. Од љубов се живее само тука, на форумов каде се правите лажни моралисти и сте предалеку од реалноста. Физичкиот изглед ми е важен, колку и да се лажеме тоа е првото што го приметуваме кај спротивниот пол. @Alisa22 ме потсети на ова. Сите го сакаме ова, да бидеме реални. Не знам дали беше сериозна, ако да секоја чест за искреноста што си призна, ако не, добро ги извози да се попалат и да исфрлат фрустрациите по некого тука.
Нели бре и во добро и во лошо сте заедно? Нели тоа е "светото" во бракот (понатака)? Многу филмови гледате, во животот се' се случува. Работата е да се пружи поддршка во лошото, на арното секој знае.
Тешко е, ако тој од кого 'зависиш' , финансиите ги користи за да те контролира. Ако имаат разбирање и не им смета на двајцата да е така, нема што ние да мислиме за нив 'како требало'. Сите си знаат како и зошто се нашле таму кај што се. Единствено тие. Ние не можеме да знаеме за нив.
Во друга смисла ми беше зборот. Во врска со финансии во брак, тоа е друго. И во добро и во лошо двајцата треба да си помагаат без разлика дали земаат или не двајцата, бидеќи некогаш има и кризни моменти не секогаш е се супериорно. Претежно сега секој гледа да си има свој финансии, скоро секој работи нешто.