Дечки, толку се засекиравте за женските права у оваа пандемиска криза бе? Каде бешовте пред две години вака да го берете гајлето? Ајде која сака нека биде домаќинка, која сака нека брка кариера, може!? И јас пред една година се курчев дека е битно да се биде кариеристка.. Не знам со кој кур тоа го побарав! Зошто еве на пат сум кон остварување, ама по цена да немам слободно време како што имав претходно. Затоа сега би и јас радо да ме ожени некој богат ерген, ама го немат. П.С. Заинтересирани спонзори/спонзорки во iMbox. Пол небитен.
И јас сакам некоја постара бабичка со дебела пензија, сигурно има и на сметка дебела сума. Че ја догледам до крај.
И млада да е, гледај некоја што има богат татко кој ќе и остави солидно наследство. По можност брат/сестра да нема, sharing is not caring.
Ме насмеа затоа што ме потсети на еден познаник. Он за да добие виза се ожени со пензионерка по договор, да живее во нејзината куќа, да ги плаќа сите сметки и да и дава одредена сума на пари месечно за периодот од 3 години додека ги среди документите. Кога го сретнав по 3 години и самиот ми раскажа дека бабичката во меѓувреме процветала, па не само договореното, туку и дома си носела "дечковци" он ги развозувал по дејтови, барала да и купува VS долна облека, за на крајот да побара да имаат "вистински" брак. Кога ми кажуваше не можев да поверувам. Среќа навреме си зеде виза па се разведоа откако се премажи за друг помлад визаш. Така да внимателно со бабичкиве, да не испадне "внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се оствари".
Ова е само накратко сублимирано без сочните делови. Кога ми раскажуваше се смеев со солзи, особено кога ја видов бабичката, и како побесни што бевме неколку девојки околу него. P.S. Ако имаш можност некогаш, влези во VS и пробај да пронајдеш долна облека поголема од M. Потоа објасни зошто не си пронашол.
Па сега, мене стварно и не ми е битен изгледа кога ќе си ги видам бившите вака. Ама изгледа ни парите не ми се. Да не речам, не знам што видов Ајде озбилно сега, лично мене ми е битна финансиската стабилност. Не ми е битно да има многу пари, ама ако оформувам некаква посериозна заедница со некој и тоа како ми е битно да заработува доволно за пристоен живот, зошто не би сакала само јас да придонесувам финансиски кон таа заедница. Ама ова е за друга тема. Се разбира, тоа не ми е единствен критериум, нормално дека заедничките цели и вредности ми се исто така битни. Физички изглед не можам да кажам стварно секакви ми се допаѓале досега, најверојатно побитна ми е некоја харизма. Сите ми биле тогаш убави
Саркастичен беше коментарот погоре. Инаку, се сложувам со тебе дека финансиската состојба е битна, до одреден степен. Стабилноста на истата е најбитна. Но, ако нешто сфатив од досегашниот живот е тоа дека работите не одат најдобро секогаш, а уште помалку како сме ги замислиле. Животот е неочекуван и не знаеш што ќе донесе утрото. Денес може да си горе, утре да си никој и ништо. Затоа, според мене е најбитно да имаш партнер кој ќе е тука за тебе во добро, ама најмногу и во зло, затоа што во доброто е лесно, ама кога ќе дојдат црните, тешки денови, кризи, дали финансиски, дали брачни, дали било какви проблеми во животот, а ќе дојдат, најбитно е до тебе да имаш личност која безрезервно те сака, мотивира, помага, и е тука за тебе. Последните години ми беа тешки, и имав можност да видам луѓе со тешки животи. Ќе прераскажам една приказна од болничкиот престој. Собата ја делев со старец, човек навлезен во доцните 60-ти години. Жена му, иако не беше од Скопје, тој период се пресели кај синот во СК и секој ден доаѓаше на посета кај него, носејќи му храна, овошје, помагајќи му кога му беше тешко. Глетката беше многу убава, гледајќи колку се сакаат, и помагаат. Другиот беше во 40-те години, татко на две деца. Се уби од фалење како имал преку 30 швалерки. Па раскажуваше приказни за како успевал да ги намами во кола, во стан, како се криеле од мажите нивни. Па имаше и приказна за како се гледал со баба, со германска пензија и му плаќала пари. Кога го прашавме дали знае жена му. Рече дека знае, и дека има дозвола од нејзе да се гледа со кого сака, се додека нејзе и пружа финансиски стабилен и удобен живот. Се фалеше со тоа, како да му е најголемо достигнување. Стариот ќутеше и слушаше. Кога заврши овој само му рече: " И каде ти се сега сите тие швалерки? Каде ти е бабата? Каде се да се јават? Да те посетат? Да прашаат како си? Добро ли си? Зошто никаде ги нема ако толку си им значел и бегале од дома, се криеле да се гледаат со тебе? Каде е жена ти? Зошто само те донесе и ниту еднаш не те посети? Гледаш колку си сам, без никој во животот? Парите носат среќа, само додека ги имаш."
Ах бе Били, солза ќе ми капнеше за малку, шмрц. А физички, кој беше поизгледен? Темава е за врска, не за брак. Ваљда за брак други критериуми си постојат Ко ќе си размислам за врските, иста фреквенција фаќам со @Celltica , сите ми биле најубави, дури сум ги сакала, и не многу најубави кога сум ги отсакала. Тип на дечко - разно
Да, да сфатив се шалев Факт дека во животот нормално е дека можат да се случат секакви работи и само едниот да придонесува во семејството, впрочем, јас доаѓам од такво семејство каде дојде до такви околности, како и 90% од семејствата во Македонија, тоа не е спорно воопшто. @Biljarkata разно е зборот, да
Абе сега слушајте, влегуваме во врска не за да раскинеме него да тераме до каде ќе тераме, па можеби и брак. Е сега јас од лични примери гледам дека овие што влегуваат во врска поради статусот на другиот, најчесто на брак целат, на едно сигурно сценарио. Па не би рекла дека се други критериуми.
И убавиот еден ден ќе огрди, се спомнуваат и пари така да и богатиот може многу лесно да осиромаши, енергијата е битна, некој кој ќе ти дава воља за живот и позитива
Да видам да не верувам Абе од кај му пари на адолесцент, немој да ме зезате Со парите од татко му може да се слика, кон такви сум имала особена аверзија. Ете и тоа постои, ваљда ради баланс во универзумот