Океј е луѓе чилл , не дека не можам сама да си заработам туку едноставно ми одговара така , едноставно си сакам да си уживам и друг да ми ги завршува работите. Имам 25 години и си имам станови на мое име без никаков труд ,има луѓе што цел живот работат и пак не можат да си заработат еден стан па со кредити цел живот отплаќаат. Ете сум имала среќа за моите да ми приуштат и да не морам да се мачам и да работам. Си сакам стабилно финансиски партнер кој ќе ми овозможува се што сакам затоа што можам да бирам и тоа е мојот избор. Не гледам ништо погрешно во тоа што си сакам финансиски моќен партнер.
А колку богат/а е богат/а? Односно, што значи богат/а за наши мк стандарди? Оти реално тука има луѓе без пари, луѓе со пари, богати, и богати... Од овие последниве, реално нема за сите...
Темава веќе се разви и го надмина твојот прв коментар мислам Сеа е пуштена као Вардар од Вруток не се ставај под притисок дека треба да се дообјаснуваш
Па има еден јавен пар моментално што е актуелен на јавнава сцена и баш ми иде дека со машкото е за пари а она е убава барем мене. Најинтересно е што сите манекенки или фотомодели,пеачки бараат ситуиран а на интервју упорно глумат дека љубовта пред се.
Сите термини ги измеша, повеќето врска немаат ни со пари, ни со темава. Освен да навредиш некој, овој дел од постот врска си нема. Јас уште стојам на ставот дека секоја, ама баш секоја жена, па и маж, треба да се независни и самостојни, кариерата нема врска со тоа, морал уште помалце, феминизам има врска, ама не вака како што го кажуваш.
Сосема е јасно ако си навикната на повеќе дека ако одиш во место со помалце е тешко...Затоа рамен на себе и шибај. А за повеќе двајцата ќе си направите.
Види привлечноста не е во парите, обичен папир. Ама е многу полесно и имаш посреќен живот кога си ситуиран. Не сакам екстремно богатство, едноставно она што го сакам, да го имам. Кога ќе наумам нешто, да е пред мене. Кога сакам да патувам, без размислување да си уплатам. Доволно ми е. И здравје се купува со пари, ене ја кралицана Елизабета вампирка ништо не ја бие.
Не те осудувам само те прашувам Дали тој што ти фали на форумов ти фали како персона со сите негови мани,доблести и се што иде една личност да ни недостига или првично ти фали зашто е примарно е богат а секундарно за се останато што набројав (no hard feelings)
Имаат врска, затоа што не само во оваа тема туку во многу други теми, кога се развила дискусија за вакви работи, сите буквално се независни, кариеристки, бараат љубов и ништо друго, ако некоја каже дека и е битен финансискиот момент кај партнерот и нарипуваат како во очи да им брцнала и сл. Затоа е чудно како БАШ на Фемина сите 'чесни' се собрале, а реалноста е друга и сите ја знаеме. Многу е голема случајноста некако...
Фала, сватив. Тоа ми се некои нормални и реални очекувања. Секако животот е полесен со поише пари. Инаку факт е дека од љубов не се живее, и дека на тоа сите гледаат (и машки и женски).
Најверојатно ми е глупаво прашањето ама не ми е јасно како функционирате тие што имате/сакате богат дечко за да ве финансира. Во брак е различно ама за дечко освен тоа што ке ве почасти кога ке излезете, можеби некој викенд/одмор, за другите работи не ми е јасно.Пример, одиш во шопинг... сакаш нешто да си купиш ама не го купуваш, му се јавуваш на него да дојде да го плати? Или и тој мора на шопинг заедно Исто за козметика и други потреби... Или некогаш од практични причини одговара ти да платиш/купиш за двајцата, пример на поминување ти е, зарем сепак ке ги викнеш него да плати... Па и кога ке излезете не ми е јасно зарем не ви е мерак некогаш и вие да платите, без разлика кој колку пари има? Што знам, јас би осекала мизерно да морам да чекам на некој друг да ми купи тоа што сакам.
Имав една познаничка, ќе видеше нешто што ќе и се допаднеше и ќе му се јавеше на дечкото, ваму и ваму има убава чанта, купи ми ја.