Девојченца и момчиња прво дозволете им на истите да пораснат и обратно. Физичкиот изглед,матреални работи и слични срања ги гледат во тинејџерството,а потоа истото оди во втор,трет или незнам кој план,подацна се ценат вистинските вредности на една особа. Особа со која ќе го поминеш животот и тоа не е зезанција Мижи митро толумби паѓаат . Секој од нас во помладите години ги има направено ваквите грешки или таканаречени демек заљубувања ,да не се лажеме. Зборувам и за двете страни нема машки женски се тоа исто,на сите им „лета„ умот во тие години. Само кој да ни докаже ,тогаш е времето кога си се мислиме дека сме најпаметни на свет , и тука нема што
Доброоо, немам намера да се убедувам, ама нема ни што да размислувам за моите критериуми, т.е. нема што да ги спуштам. А за убави... повеќето да ги видев да живеевме како што се живееше на пример пред...30 нека бидат (рандом бројка) години кога немаше теретани на секој чекор, ниту пак козметиката беше толку достапна за среде бел ден да се замаскираат, ниту беше пракса недостатоците да се прикриваат преку покажување на вииишок мевце, ниту интернет да имаше па преку статии да ги учат како да комбинираат (па остај модата низ нашиве улици на какво ниво е, кич инвазија) и какви диети да држат... јасно е. Тогаш можеби ќе се свртеа кон нешто попродуктивно наместо да наметнуваат лажни и просечни стандарди за убавина. А во врска со болдираното да не доаѓа до недоразбирања, јас напишав дека природно убави луѓе има, ама се ретки и не се среќаваат на секој чекор, како што си се занесуваат останатите. Па мажите особено, нив не би ги ни коментирала, чудно ми е како им дозволувате да ви ги наметнуваат своите услови, кога послабо стојат на тој план каде каде.
Мислам дека се е ствар на вкус.Еве лично на мене ми е битна, за да почнам нешто со некој мора да постои некоја хемија да ме привлекува физички, а потоа секако го гледам карактерот и ако нешто не е у ред па колку сака нека е убав џабе е.Но имало случаеви кога ми се пуштал некој дечко кој не бил кој знае што ама знаел да ме привлече со внатрешната убавина и со шармот.На пример јас сакам високи стегнади момци додека имам другарка која да ја видиш не може човек да и најде маана а има дечко со кој иде веке 6 год и типот има едвај 20 кила, па често другаркиве ја прашуваат што виде во него,а она вели да ви ги дадам моите очи па да видите а дечкото не можам да кажам ниту дека е убав ниту богат.пак ке кажам се е ствар укус, има некои на кој им е најбитна,има некој кој гледаат карактер и се согласувам некој погоре имаше напишано дека има и од корист но не само од страна на жените него и мажите така да ние овде до утре можеме да дискутираме секој си е приказна за себе.А ти маценцеф извини вака немој да ме сватиш погрешно ама типот што те откачил ради тоа што имаш вишок килограми можеби е селски или глупав начинот ама барем бил искрен едноставно не си негов тип и крај,и колку што сватив имаш 27 год мн ми е децки тоа што си пишала ке ослабнам па ќе му вратам ко божем дечкото пред олтар те оставил.И што ослабеш ап налеташ на некој што ти се допаѓа а он сака подебелки што тогаш ке се поправаш па и него ќе му враќаш??Ако си решила да слабееш направи го тоа најпрво за себе за да ти се осеќаш убаво.позз
Колку плиток треба да бидеш за површината на некој човек да ти биде најбитна за врска? Човекот има пет сетила,само едно се задоволува со физичкиот изглед,што е со другите четири.Ајде јади нешто што изгледа убаво а смрди на расипано Физичкиот изглед привлекува,ама не е пресуден за текот на врската.
Се согласувам, само недораснато дете може да се пали на изглед. Многу е побитно што има во главата и во срцето.
нема маж на денешницава кој не го гледа физичкиот изглед и да речи дека не е така ќе ве излажи.. нормално дека карактерот и другите особини се најважни за една врска но сепак и изгледот има некој мал удел... сигурно нема некоја грда девојка мислам грда според вкусот на машкото... да ја загледа и да речи онаа е мн грда ама изгледа има добар карактер...И со дечкоми имаме разговарано на таа тема искрено и ми призна секое машко првин гледа физички изглед сигурно нема да сака некоја грда до него колку сака и да е добра и сите особини да и се супер нема да го привлекува само поради тоа... така ми рече и мислам дека до некаде е и во право...ама па и колку да е убава ако нема карактер не би успеала никоја врска...така да и физичкиот изглед а и карактерот имаат некој удел до некаде...
Се согласувам! Изгледот повеќе е битен на почетокот. Ако на некој физички му се допаѓате тој ќе проба повеќе да ве запознае, па потоа ќе гледа по карактерот. А ако не му се допаѓате тогаш нема ни да се труди многу за да види каква личност сте одвнатре.
aj i edno brzo i edno stavno masko mislenje ako e samo za sex fizickiot izgled e biten nemora drugo ama ako e za seriozna vrska togas samo prviot pogled izgledot e biten a ostanatoto si go pravi karakterot
Може да се каже како "стареам" хаха Спојлер 22 години имам , се помалку ми е битен физичкиот изглед. Мислам ок е меѓутоа не и пресуден. Само да не е кељав, дрзок и претерано набилдан хаха. А гледам тоа е у мода во последно време Да се вратам на темата Многу ми е битно личноста да е образувана, да има јасни цели да знае што сака во животот, да не чека од мама и тато пари да му дадат од дома туку и малку амбициозен да е. Тука некаде да сме со муабетот, да имаме слични интереси. Што ќе ми е лепотан, што нема да знае муабет да ми направи и да ме насмее. Како викаат убавината е пролазна, карактерот задржува!
Па јас мислам дека е битен изгледот, нели за да го привлече некоја девојка за да ја запознае мора да е убава. Да тргнеме и од нас лично, еве за себе ќе си зборам, не би излегувала со некој што не ми е привлечен на изглед. Не викам дека треба да е лепотан симнат од писта, ама да не е ни грд, колку и да е добар со таков не би излегувала, може да ми биде другар. Е сега, може да биде и убав ама на карактер никаков, женкар, да пие, наркоман, да те малтретира.. епа фала, ама не ми треба ни таков па колку сака да е убав. Значи пак доаѓаме на тоа дека изгледот привлекува а карактерот задржува. Мислам дека така е и со машките, и нив им треба да е убава девојката за да ги привлече ама ако не некоја ороспија или спонзоруша што ќе им е таква? Зборам за сериозна врска, за една вечер мање бише, сите па и тој Значи пак ќе кажам битен е и тоа доста, ама и карактерно треба да му одговара девојката за да биде подолго со неа.
Искрено мене ми е битен физичкиот изглед првенствено ( ајде сеа површна си натаму наваму ) после тоа гледам карактер ако сакам и глеам дека врската може да опстане, за машките исто како и кај женските зависи на каков ќе налеташ за едни да за други не. Али се на се се сведува на емоциите и карактерот на партнерот.
Сите знаеме дека убавината привлекува ама темава јас ја сфатив на друг начин. Дали физичкиот изглед е битен за врска. А сите знаеме дека џабе е убавината ако се нема карактер односно карактери кои ќе се поклопуваат и надополнуваат. Ама и убавината е релативна. Колку пати со другарки сме седеле, една ќе рече за некој дека е лепотан, а другата ќе се изјасни сосема спротивно. Така што убаво рекле, за секое лонче капаче. Инаку не, убавината не е најбитна таа е на најпоследното место откако ќе започнеш врска. Има уште 1 000 други ситници за да функционира врската. Јас лично кога се запознав со дечко ми искрено не го ни приметив во таа темница (во дискотека бевме) и таа гужва дали е убав или не. Ама разговорот и пристапот му беше чиста 10, никој не ми направил таков муабет па мене искрено тоа ме привлече кај него. Дури на фб кога ме адна го видов убаво каков е. И ми се засвиѓа и на физички изглед ама и да не ми беше нешто посебно и да не ми се свиѓаше физички, јас сепак бев решена дека ќе пробам со него зошто сфатив дека карактерите премногу ни се поклопуваат. Така што не мора да значи дека прво нешто одма се гледа дали е убав некој или не.
Важен е изгледот како кај мажите така и жените, изгледот прв се забележува па после карактерот за жал
На мојата анкета 80% од анкетираните машки кажаа дека им е битен физичкиот изглед исто колку и карактерот. 20% го кажаја обратното. Во анкетата ушествува околку 20 избрани машки испитаници.
Не можеш да избереш кој ќе ти се свиѓа, се дешава само од себе. И плус муабетот е што некоја може да ми биде убава на мене, а за друг не до толку и слично. Така да, релативно е, али да, гледано од поглед на еволуција, на машките билошки им е ’’наметнато’’ да пред се ги привлекува физичкиот изглед, како и на истиот да се дава поголема важност. Нормално, стално постојат исклучоци. Јас не сум еден од нив, и изгледот ми е доста битен.