Па само на форумов да искажиш дека сакаш да си самостојна, да не зависш од парите на маж ти, ако имаш своја кола, ако не изневеруваш си Дева Марија Едно е да сакаш нормален живот, друго е да трчаш по мажи богати. Не само жени има и мажи многу матријалисти. Јас таков човек не сакам покрај себе. Ако на некој единствен критериум му е само богат маж/жена и цел во животот браво.
Значи се живее и без скапо вино и јахта во Монако. Или пак два пати годишно посетување Дубаи во скапи хотели со 5 ѕвезди. Животот е многу поедноставен, ние го правиме сложен, бараме не знам што.
Ауу епитети имало и за тие што сакаат своја кариера и да не зависат од мажот . Реални сте? Нормално дека никој не верува веќе во она "од љубов се живее", па затоа и мажи и жени кај партнерот бараат да е финансиски стабилен. Ако е за така во една тема плукате како и жените треба да работат како мажите, со исти плати, позиции, а тука па се плука по тие што сакаат да бркаат кариера и не сакаат финансиски да зависат од мажите .
И мене ми беше глупо друг да ми плаќа. Никогаш не излегував без пари. Си работев од 18 години и не зависев од туѓи пари. Платата ми беше за грев, ама моја си беше. Кога се фативме, маж ми ме убедуваше дека 'ми треба мобилен', пошто во различни градови бевме, па да сме се слушале 'кога ќе посакаме'. Не сакав да купам оти ми беше скапо во тоа време. 2002ра имаше три видови мобилни што ги продаваа во телеком. Еден за 6, еден за 9 и еден за 12 илјади. Па ме убеди пола да го плател тој... иако тогаш не беше далеку од платата со мојата. На крајот, кога го земавме мобилниот, се запна за тој од 9000, тој да плател 6000, јас 3000. И така бидна. Ко говно се осеќав, ама го купивме. Требаше да знам шо ме чека. Чоекот си сака геџети и ден-денес и кога е до него, се' од опрема имаме, ама пари немаме. Ене исплаќаме кредити оти нема контрола врз себе си. Ама затоа во три соби имаме три смарт телевизори, три лаптопи, ајпад и 3 мобилни Богати не сме, ама за јадење, пиење, сметки, облека, еден одмор во годината, евентуално уште 1-2 викенда, имаме. Е станот ни е купен од нашите. Пола од стан од неговите, пола од куќа од моите. Да не беа тие пари, никогаш не ќе спечалевме за стан во Скопје. И така... Последниве 7 години не работам. По нешто хонорарно.. ама не го рачунам то, оти не е редовна работа.
Јас сум ополномоштена на неговата картица, и според мене, најглупата работа што можиш да ја направиш е да имаш кредитни картички. И никогаш не ја користам. Баш заради нив сега не мојме да се отплатиме. Ама то на маж ми умот. Кога ќе живеете заедно, не е баш 'ми е гајле колку пари ќе потрошам', оти (по мое видување), од своето трускам и јас(ние) ќе треба да го платам(име)
А зошто мора само тоа да ти е критериум. Испаѓа дека богатите не ги бива за ништо, не се луѓе со емоции, едноставно се ѓубре. Што ако барам се да има? И карактер и физички изглед и возвратена љубов и пари. И такви има. Не ми е логична последната реченица ич. А дали треба единствен критериум да ми биде, сиромав?
Добро во животот никогаш не можеш да знаеш што ќе те снајде, и богатиот може да стане сиромашен и тој што нема да спечали. Не им ги знам условите и животот за да коментирам сега за паров што го посочи, не ни сакам, ама факт е дека не се живее само од љубов .
Никој не плука по финансиска независност. Реално, нема подобро од тоа да имаш свои пари. Оти секако иди во животот. Ама не секогаш и не сите успеваме во тоа... Јеби га... не знајш шо те чека. На 18-20-25-30, не мислев дека некогаш дома ќе седам и ќе бидам 'домаќинка', пошто работев. После низ годините триста глупости се случија. Да е до мене, јас ќе бев таа со неговата плата, а тој дома ќе седеше. Ама не сум...
Ja знаеш онаа- комунистите ја измислија љубовта, за да не плаќаат за секс Не знам, немам милион искуства од милион можни ситуации, ама вака, како посматрач, ми се чини дека се*ењето на глава се случува кога има неизбалансираност во позициите. Лепота е дискутабилна, финансиска доминација не баш. Кога од некого зависиш, од старт и постојано, просто зависиш. Затоа- баланс. И пак, пошто @WildMk има потреба да се објаснува- не збориме за тебе, ти си во категоријата, се може да се случи. И јас можев да бидам со платата од мажот ми, ама не сум, јер дистрибуција на одговорности и сплет на ситуации. Ама утре да дојде, едниот да падне, другиот треба да може да крепи. Затоа балансот.
На претходните 1-2 страни се плука. И секако свесна сум дека не испаѓаат работите по план секогаш, ама тука кажуваме само свои ставови и како би сакале да ни се одвива животот во иднина. А што понатака..да сме здрави и живи само .
Ле ле, ја распнавте Алиса оти сакала богат и ситуиран дечко.. А има некоја шо не сака дечко и да е богат и да и приушти сигурност и по можност еве, луксуз? За мене, ако е доброситуиран дечкото ќе ми биди голем плус, но не и пресудна работа за да бидам со него. Емотивен човек сум, не би функционирала некој да ме финансира а да се понаша со мене како ѓубре. Но, почитувам и друг избор. Самоо, не ми е малце јасен моментот кога во целост дечко ми или сопругот би плаќал за се', а јас да не сум во можност. Ќе се осеќам како да сум негово дете за кое мора да се грижи, ќе бидам понижена. Не би функционирала така, срам ќе ми биди.
Зависи со каков чоек си. Бившиот ништо не ме финансираше, па ме контролираше и малтретираше, овај, се' плаќа па не ми забранил ништо. Треба опулвање очите.
На гла да се наместам, нема неговата плата да ја земам. Нема баланс. Па колку сакам да се убедвам себе си дека има...
Термините врска си немаат, да знаеше и ти што значат немаше да се буниш Феминизам врска си немате што е. Кариеристка врска си немате што е. Како slurs ги користите, затоа не ви е јасно @WildMk Абе сосема е ок ако сте се договориле така, не се правдај ич. Ваш живот, ваши одлуки.
Не се правдам, туку ви кажвам оти сте млади и имате замисли и очекувања, кои е можно да не се остварат баш како што сте намислиле. Иста бев и јас на ваша возраст. Треба да бидеме спремни за се', оти не знајме кај ќе не отера животот.