Јас никаква замисла немам, не ни осудив некој, најмалку ме занима какви партнери сакаат луѓето. Само нешто замина темава дека луѓето што се самостојни и независни нешто не се ок, а не е така, зошто секој треба да е самостоен и независен и да придонесува во заедницата. Може нема да е тоа финансиски, ама секако дека обврските не се само финансиски. Како и секогаш
Уште кога го видов првото мислење на @Alisa22, знаев дека ќе има уше 6 страни со реплики и цела дискусија околу нејзиниот пост. Тоа е моментот шо не прифаќаме туѓи ставови кои се поинакви од нашите, сакаме да истакнеме дека моралните вредности се пред се’, па куп цитирања и објаснувања, се елаборира на тема која е исклучиво створена за да се искаже личен став. Смешно и иронично Тоа што го сака Алиса е нешо кон кое шо цели 70% од женската популација у мкд, (машката можда и малу појќе), ја не знам шо е тука чудно. Девојкава си кажа искрено и ни за момент не помислив дека е трол, иам еден тон другарки шо се водат по истава шема. Да тргнам и од себе, можеби не сакам да не работам и да иам лорд поред себе, али сакам маж кој може да ми парира. Сакам да шетам, сакам да се облекувам убаво, сакам да искачам и остали ствари шо се нормални за девојки на мои години. Пари не ми се приоритет, ама ми значи кога заедно со партнерот можам да уживам, без да ми биде незгодно да предложам да одиме ваму или таму, зошто знам дека можеби нема у моментот. Не очекувам да ми плаќа, така сум воспитана, работам од 16 години само за да иам своја пара у џеб и никој да не ми префрла за нишо. Мене тоа ме праи среќна, сопствената независност. Пари пред физички изглед не би стаила, нема да ми го трљаат парите клиторисот, мора да ме привлекува некој физички за да сакам да напраам нешо поише од кафе. Ме привлекува и интелегенција, чоек од кој шо можам нешо да научам, со кој разговорот нема да ми се сведе на превртување очи и ‘ја забораив пеглата уклучена, морам да си идам’ муабет. Така да, пари пред изглед и карактер НЕ, али како предност, ДА. Не осудувам, познавам преубави девојки кои се исклучиво у брак или врски без врски ради шушки, секој одбира сам за себе и секој знае шо му се приоритети, само не секој може да го каже тоа јасно и гласно.
Не дека ти осуди некого Се обидувам низ лично искуство да ви пренесам порака за можните флуктуации во животот. Никој не мисли дека финансиската независност не е ок. Барем јас такво нешто не заприметив.
Може да ти купи маж ти салон за убавина да си бидеш газдарица и пак независна да бидеш Еве јас заработувам добро, па пак сакам некој да имам покрај мене што заработува уште подобро. Сакам да ме размазува и облева со поклони. Ниту тебе ти грешам, ниту пак на него. Всушност јас колку што знам парите во бракот одат на куп. Кога јас сум среќна, среќен е и тој. Ајде млади сте, ќе видите како изгледа кавга за неплатена сметка, после секоја буква од зборот љубов ќе се распаѓа. Не е се во финансии ама најголемите караници во бракот се токму ради тоа.
Секако дека секој човек во животот може да се најде во секаква ситуација или да се договори со партнер особено кога се финансии во прашање. Јас пишав дека финансиска стабилност ми е битна. И не спорам дека е битно не само да сте двајцата финансиски независни туку и да имате став што ќе правите заеднички со тие пари. Е сега да ми купува такви ствари не ме исполнува, доволно е финансиски да ми парира, зошто и вака заработувам добро, а си ја сакам и работата и кариерата која ја изградив сама. Иначе во брак парите се заеднички да, ама ако сакаш да излезеш од тој брак, богами не е сеедно колку пари свои имаш. Тешко дека сум нешто многу помлада од тебе, не знам колку имаш ама толку млада не сум баш
Сите сакаме да не размазуваат. Не нужно со поклони... јас лично, сакам да ми подаваат сајдер и цигари ко сум пред компјутер, да ме чешкаат на грбот барем еднаш денот и да ми се обраќаат со слаткоречиви надимаци
Заборавате едно нешто. Секој има право да си бара партнер според своите желби. Ако сака некој/а да има партнер кој ќе го издржува, тоа е негово право и нема потреба да изигравате Деви Марии. Е, сега, побитно од сѐ е искреност. Она "еј, таму има ташна таква и таква, купи ми ја", значи знаеме и двајцата на што сме. Друго е кога сето тоа иде подмукло и со друга цел. На пример, кога мажот не дава на жената да работи за да биде финансиски зависна од него и да ја контролира на финансиска основа. Или мажи/жени што на друг начин користат финансии за да "врзат" личност за нив. Затоа, од дада совет. Молзете кој сакате и колку сакате, ваше право си е. Е, немате право да се изживувате со никого и да го повредувате или оштетувате финансиски. И осигурајте си некој денар на страна за кога сакате да излезете од тој "аранжман" да можете без проблем. Прво погрижете се за вашата безбедност и сигурност, па натаму кој како сака...
А кој на 20+ години уште размислува дека само од љубов може да се живее? Нормално дека треба да е финансиски стабилен партнерот, да се труди, да заработува и сл. Сигурно дека нема да сакам да сум со мрза што чека родителите да му дадат пари за кафе. Не е богат, ниту сиромав, ама знам колку се труди да заработи, и во иднина и јас ќе придонесам, заедно ќе се избориме за она што го сакаме. Муабетов дојде ако не ти е приоритет богат партнер да најдиш и ако сакаш да си независна од него дека се правиш дева марија, феминистка, кариеристка итн. Ете на некои не им е проблем нека зависат, само животот е ептен непредвидлив и сѐ можи да се случи.
И така е за се'. Се' може да стане обратно од тоа што е денес. Позитивно и негативно. Во Солунски патрдии шо викаа: “Ко ќе си горе, да си мајстор д'останиш горе.“
Ај препрочитај па крени рака. Она во една тема се пожали дека ја увредил некој психотерапевт ли бил дека и дал диагноза размазена. Сега сама си кажува дека сака да ја мазат. Mission accomplished
Неговата ,,дијагноза" само укажува на непрофесионалност и неукост. Тоа што јас го барам кај еден маж, нема врска со мојот карактер во целина. Всушност и нема потреба да навлегувам. Не постои човек на планетава што не сака да биде разгалуван од својот дечко/сопруг. Ако кажат спротивно, лажат. Чак на форумов многу пати се докажа дека се пишуваат небулози кои врска немаат со реалноста. Некој сака поклони, некој сака да му идат по ќеиф цело време, некој сака само слатки зборови, што во основа е едно те исто, внимание со еден збор. И нема ништо лошо да бараш нешто, што те чини среќен. Не си помалку жена, не си помалку човек.
Пф, ме натера да ја промањачам темата. Која мисија ја постигна? Дека логиката ти вришти? Тогаш да. Нормално дека психотерапевтот бил повеќе психо него терапевт. Али да не должам. На темава, физичкиот изглед е секако битен, ама не најбитен. Уствари за пари се збореше. Sorry, carry on.
Искрено, не би била во врска со физички непривлечен дечко, па колку и да е богат. Не би била со никој што не е убав. Така да, изгледа прв критериум ми е заедно со карактерот/карактерната компатибилност. Дури и да не го сакам, доколку е убав ќе осеќам некоја наклонетост и има шанси да се вљубам, а инаку не ќе можам.
Пречесто бев 'обвинувана' од другарките, дека 'грди' ми биле дечковците. Мислам... мене ми беа/се убави. Изгледа и убавината знае да биде субјективна
Многу е скапа јас мислам вака, имаш ескорт жени за 150-200 еуро плати и нејзе за тоа шо че биди твоја цел ден и ручеко итн, и напрај си го кево вечерта. Вака ем сопруга да имаш ем да те троши финансиски и психички 24/7, секој ден. Уххх ја не би се нафатил и да имам еден тон пари.