Oou man, you got it wrong, and here is why: Не станува збор за добра интуиција преку отварање уста, а рационална проценка. Кога тоа што го зборува држи вода(за тебе), и го кажува со енергија која соодветствува(со тебе), нема како да биде никаква интуиција и повод за компромис, а реалност. И да, запознавање е процес кој никогаш не прекинува. Зошто? Затоа што точно, критериумите се менуваат, ама не затоа што НЕМА поразлично ништо на пазарот и треба да се задоволиш со тоа што останало, бај д уеј речников тука ти куца биг тајм, туку затоа што ти израснуваш ставови и погледи нон стоп, така одиш напред. И, кога повеќе не се разбираш со некој на ниво на кое е потребно, да, можеш да побараш друга личност со која сте на иста бранова должина во тој момент. За тоа дека убавината не е пролазна, си во голема заблуда. Убави личности можат да растурат добар физички изглед, а не толку убави да ја подобрат својата естетика. Муабетот на сите ни е секој да бира според своите критериуми, да цепидлачи, уатевр. Исто како и фактот дека критеруимите се менуваат со созревањето, не со годините, и физичкиот изглед кој и за мене бај д уеј е важен, може да премине во заден фокус на одредено време ако карактерот си заслужува. Затоа што како што пишав, изгледот може да се смени во насока во која сака(м/е), додека карактерот не секогаш.
И ти грешиш. Баш напротив ликот не се менува, може само да старее, а карактерот и те како може да флуктуира со текот на годините. Зошто постојат разводи, зошто постои семејно насилство, изневерување итн. Токму од тоа постојано менување на став, карактер, психа. Само името и матичниот број ти се исти од раѓање, ништо друго, се претрпува промена, на подобро или на полошо. Ти во моментот може да создадеш некоја груба слика за непознат човек, но да процениш каква иднина би имала, тешко. Дури ако почнеш да живееш со партнерот можеш најубаво да оформиш визија за понатамошниот живот, што и тоа не е гаранција. Да била лесна проценката на карактер, стапката на разводи ќе беше во минус.
Како е можно нешто да не се менува, а да старее и така да се смени тогаш? Каде пишав јас дека ставови не се менуваат? Дека ништо не се менува? Де факто, каде е грешката? Го пишав спротивното на се што си пишала. Според тоа, дали навистина сфати која е поенатата на текстот?
Те чекав да додадеш нешто свое вон мојот пост. Јас не велам на 20 години дека треба да се мажиш. Јас говорам за избор на партнер, што се однесува до мене, не ни мора да се мажиш, но со оглед дека сме социјални битија, се наметнува потребата некој да биде покрај тебе. Но, груба проценка е дека при крај на 20тите обично има се повеќе склопување на бракови. Што значи, помал избор за партнер. Ако претходно си имала, карикирам 5000 личности за избор (што нема теорија сите да ги запознаеш), понатака тој број се преполовува и со текот на годините е минимален. Всушност се доведуваш до ситуација да не бираш, туку едноставно да се задоволиш со тоа што останало на располагање, не дека не можеш, туку нема. Јас те разбирам што сакаш да ми кажеш и ако сакаш зголеми ги критериумите до плафон, само прашањето е каде ќе најдеш таков партнер во подоцнежни години, кога веќе мнозинството е во брак или долга врска, небитно. Ме разумеш или јок?
Подолго време не сум прочитала глупост од овие размери. Ако нема да реплицираш (пак), дали тоа значи дека пишаното не е напишано?
Не, не те сфаќам. Еднаш велиш треба да бараш се што сакаш, сега викаш дигни критериуми до плафон ама нема да најдеш, освен ако не си во 20ти Факт е дека со годините не "спушташ" критериуми, туку едноставно некои работи ти стануваат небитни, па некои и непосакувани. Ако како тинејџерка ми бил најубав најпопуларниот во школо, сега дури и непосакувано ми е да сум со некој таков. "Пазарот" исто така се менува, не е фиксен, ни врските се вечни, ни браковите се вечни. Слободни луѓе има секогаш од секоја возраст. А компромиси секако дека ќе мораш да правиш, зошто совршен човек не ни постои, па за некои нешта ќе мора да се договарате и да се насочувате за тоа каков ви е заедничкото функционирање.
Па не читај ако се глупости, едноставно е. И не морам да вратам, со оглед дека во последната реченица имаше напишано нешто, на кое соодветно ти реплицирав. Што сакаш да ти кажам конкретно за да ги задоволам твоите апетити на умислена деградација?
Страни и страни се изнапишаа за жени со осуди, не оправдувања, ама за мажи да се напрај споредба? Никако. Како и да е, дем до кај стигна темата. Само уз несоница можам да дочитам. Најискрено, прво вака оти зборате за богати (????) партнери на други луѓе - не можи да ми е помалку гајле како се организираат туѓи парови. Ако нив то им функционира - ок. Ако не му функционира - барај си чаре, пак ок. Не те гледам, не ми е гајле. Така да дали некој одбира богат партнер или не - на него си е. Се си има ризици и придобивки и сите имаме различни приоритети. Е сега од личен аспект. Темата е за физички изглед, мене ми е важен. Имам кажано дека сум површна. Ако не ме влечи физички - не ме влечи сексуално. Ако не ме влечи сексуално не одам подалеку од другарство. Зборам за субјективна убавина. Немом да напрам некој да сакам да имам однос со него. Или сакам, или неќам. Не е да е ваков, таков, онаков. Ко ќе го видам да ми се присака. Шоќемие да се форсирам. Од аспект пари, не ми е главен критериум иако прам брзи проценки кога решавам да излезам со некој. Ако со некој излегвам на сериозен дејт а не за забава гледам низ призма на потенцијален партнер за да знам дали ми одговара. Ако нема желба да работи и то е причина за мали финансии - не ни пробвам. Исто ако причина за ниски финансии е некој порок рецимо коцкање. А сите некогаш сме биле во лоша ситуација и ниски финансии сами по себе не ми се пресудни туку поќе причина зошто постојат. Пошто та причина можи да е повторувачка шема и јас да се нервирам на секое - не. Од старт преќинвам. Нормално дека е сигурно лесно, а и убо, да имаш богат партнер и да добиваш нели скапи поклони, одмори и шогод не. Ко нема да одбијам некој само оти има пари лмао, само не барам активно богат. Ама исто така тука има ризик на power play. Ако и ти си ок финансиски ризик од power play е помал оти ако ти преќипи можиш да заминиш. Ако зависиш од финансиите на партнерот и ако тој е токсичен можиш да заглавиш. Не е ова вау бау самостојни жени туку гледам практично. Ако немаш свои финансии и ако не си сам самостоен можиш да заглавиш во лоша врска/ брак и то можи лошо да се одрази врз менталното здравје. Ама пак ќе речам. Секој прај избори за себе и тие избори се најточни оти ги носиме сами. Ако испаднат дека се грешни, се се оправа само шо ќе е стресно.
@GrimTheReaper секогаш има нешто во физикусот што ќе те привлече кај потенцијален партнер, ама не е пресуден критериум за да останеш со некого во врска, евентуално брак. Може некој да ми се допаѓа на лик, ама да нема никаква хемија меѓу нас, ниту пак квалитетна комуникација. Едноставно, џабе ликот, ако нема нешто што би ме задржало покрај него. Како слика што стои на ѕид и нема никаква функција освен физичко разубавување на просторот. Критериумите растат со годините, верувај. Многу повеќе млади има кои се со некого во врска, па и се венчаваат, поради стравот да не останат сами. Многу поретко тоа ќе го најдеш кај постари, реализирани лица кои знаат што сакаат и не би замижале пред некои неприфатливи недостатоци кај партнерот.
Секако дека може, се додека ако мажите се спонзоруши и жените нека се спонзоруши. Или, ако жената има право на избор на богат маж без лепење етикети и мажот нека има. Не знам кој е проблемот тука, ваљда сите бевте за equality, ама темава некако друго кажува.
Не знам баш... мислам дека е обратно. Сум размислувала за ова. Сега да треба да одбирам партнер... нема шанси да ме 'замаи' некој до толку, па дома да го приберам. Ете! Баш ова.
То колку беше Алиса нападната и се збора на темата само за жени "спонзоруши" доволно кажа. За маж еднаш ако се спомна. Една еднаквооост.
Да ти одговорам како функциониравме ние, кога јас не заработував/заработував 4500 денари месечно. Ми даваа моите пари секако, ама ги трошев и неговите. Не живеевме заедно патем, јас кај моите, он со неговите. И едноставно ете, имав пристап до неговите пари секогаш за што и да ми треба. И не поднесував извештај дали сум купила маица, влошки или не знам, сум пиела кафе. Ништо поразлично не живееме ни денес кога живееме заедно, иако денес заработувам повеќе. сепак не доволно за да живеам како што живеам, едноставно купчето е заедничко, не чекам донации.
Никој не рече дека жените се спонзоруши. Споделувавме ставови, не лепевме етикети, но, најстрашното тие што беа ,,За" во однос на жените дека имаат свое право и избор, кажаа дека мажите се спонзоруши во иста ситуација. Logic what? Не знам што ме цитираш мене, прочитај ја членката јасно ќе ти е.
Еве мене што не ми е најјасно од темава. Кога се збори богат дечко, дали се мисли да е „богат“ колку што е и девојката? Да се тука- тука со парите? Зошто мене ми е нормално и разбирливо некој (машко, женско, небитно) да си пара партнер спрема себе и сосема е ок еден од критериумите да биде да може да си дозволи да оди на одмор, на викенд, да оди во кино, театар, концерт, да седне во ресторан. Еднаш се живее а животот во Македонија реално и не нуди многу различни задоволства од овие што ги набројав. Друга ситуација е девојка (или машко) да чекаат тој другиот да им ги покрие сите трошоци. Другиот да части патување, јадење, карта за кино. Да ги носи во шопинг, да им го плаќа таксито и да им дава пари за фризер. Ова е спонзорирање, да не се лажеме. Кој што сака нека си прави ама реалноста за многу спонзоруши е дека кога се 20 годишни лепотици лесно ќе најдат некој што ќе им ги покрива трошоците ама кога ќе имаат 30 години или 35, спонзорите се ќе насочат кон наредните 20 годишни кукли. Затоа, памет во глава зошто убавината е минлива, младоста е уште поминлива и затоа барајте си работа со време. Имајте свои пари и каква- таква кариера на која ќе се потпрете за ако богатиот дечко реши на друго место да си ги троши парите. Инаку, дефинитивно заклучувам е дека Фемина пати од потешка форма на биполарност. Или лицемерие, како сакате. На претходни теми ако очекуваш од дечкото да може сам да си плати кафе си најголем материјалист на светот и не заслужуваш никој да те сака. Сите од прва до последна намачени жртви за љубов, измрзнати на клупа во зима зошто само љубовта на партнерот им е доволна и ништо друго. Осуда и камења за девојките кои си бараат партнер спроти себе. На истата таа фемина- спонзор бараш за да не се мачиш во живот, друг нека `рмба за тебе? You go girl! Исто така не сум знаела дека женско што сака да не биде финансиски независна од партнерот е „феминистка“, кажано уште како навреда... едит. За мене лично женското „барам богат дечко“, е еднакво на машкото „барам невина девојка“. Ок критериуми се само ако се кажани од страна на богата девојка и невин дечко
Мислам, муабетов од сите, на Еми да и` го направиш... не иде некако. Како да има врска, ама шознам. Феминизам е и дома домаќинка да бидеш и маж ти да работи за двајцата, ако тоа е твој избор и твоја желба.
Најубаво е, да ги оставиме сите да си живеат како што сакаат. Секој ќе си живее со својот избор и последиците од истиот. Наше е само да не осудуваме и да си ја гледаме манџата. Не ни живеат дома. Нивна работа.
Од моја лична околина пара се лепи на пара. Не дека генерализирам али богаташите се со богаташи меѓу нив у врски/си се земаат. Едноставно си парираат, да можат и двете страни цел тој луксуз да си го дозволат. Не се ни движам во такви кругови, дури и да сакав богаташ некој немаше да го најдам, сите со кои сум била блиска, сум се дружела, си се обичната средна класа, немам контакти со тие ултра богаташи за кои тука се збореше дека се бараат. Штознам, не сме турска серија па богаташ се заљубува во некоја си што не е од неговиот круг на друштво и оп магично цел живот среќни заедно. Но, ако ете некој има таква цел, ако бара упорно може и ќе си најде. Реално мене тоа не ме засега на никој начин, ни ќе троши мои пари, ни ништо. Ако си сака некој така, нека си живее така. Лично за мене изгледот мислев дека ми е важен кога бев 16, но откако сум со овој дечко не ми е. Богаташ воопшто не е, а убав па и тоа ми викаа другарки дека не е, често слушав леле кај го најде ич не ти одговара, према него ти си лепотица ама па имавме таква хемија што како шо го запознавав се поубав ми стануваше . Не за џабе на почеток и само другари бевме. Ама еве по неколку години врска ми викаат колку е добар и колку убава врска имате, секој би сакал таква љубов ко вашата. Така што ништо не ми е важно од ова, колку и да ми изгледа смешно вака коа ќе се прочитам зошто воопшто не мислев дека некогаш ваква изјава ќе дадам ама ете, не знаев ни дека баш личност како него ќе запознаам. Така што секој со своите критериуми и да речеме среќа на луѓе што ќе ги упознае со кои ќе има хемија. Ваква работа па и не се планира баш толку многу, ќе бараш едно, ќе се појави сосем трето нешто што ќе те привлече. И така.
Па тоа и ми е поентата Не можеш да пишеш сѐ тука феминистки, независни ау, кога комплетно нема врска муабетов со феминизам. Ако читаш мислењата претходно нуквално како slur беше искористен терминот Во куп со сите други slur термини како деви марии, кариеристки и не знам што. А иначе не ги ни знам луѓево на форумов освен некои кои ми паднале во очи, ако мислам нешто сигурно нема никот на членот да ме спречи да го пишам.