Yep. Лично теми вакви за преференци ми се на ниво на тие Какво кафе пиете. Да искажеш преференца и толку. Затоа што дали избираат исклучиво само лепотани или не, никако не ми влијае на животот за да се замарам да разглабам и терам дебати. За пари кога веќе е почната темата е поинаку малку, затоа што со парите доаѓа и независност/зависност (а со тоа и контрола). Во животот може да се случи се. Затоа никогаш свесно не би се ставила во зависна ситуација. Ама пак, не ми менува ништо ако некој свесно има таква желба. Само се надевам убаво размислиле и го процениле добро ризикот.
Не дали ќе те спречи, ама барем последниве страни јас вака ги разбрав: само на форумов сите бркаме кариера, сите сме независни, сите сме Кери Бредшо, или евентуално сите само љубов сакаме и друго не ни` треба. Ама реалноста е шит, дека не сме сите со кариери, а тие со кариери во мк не е дека се платени во илјадници евра, мислам треба да си факинг хирург трауматолог у приватна болница за 3-5 000 да извадиш месечно, ебем ти кариера и нешто филмање кога си фриленсер што не си плаќа пензиско или не знам офис рат што сме останатите, а каде се жените пекарки, хигиеничарки, шо знам, фризерки? Македонија има повеќе високо образован кадар него што може да вработи во наредни 10 години, хигиеничарката ми е магистер побогу. И ти млада, просперитетна, учиш нели, се трудиш, амбиција и се` ок, ама ете, не успеваш да создадеш кариера оти ете, живееш во чкљ земја и реалноста е дека работните места, посебно убавите, се толку ограничени што или треба да си вундеркид или треба да си нечие дете за да стигнеш таму. И не, не мислам дека беше користен како навреда, напротив. Само лицемерно е просто, да кажеш дека ок ќе се сакаме ма4е и на клупа ама да сме заедно. Не, нема. Без пари нема љубов, освен ако не сте средно и мама и тато се грижат за леб на маса. И мене тогаш не ми било битно. Ама сега да го домрзи да работи? Нема да ми биде сеедно. Да остане без работа привремено е едно. Да заборави дека треба дома пари да донесе е друго. И да, договорот ни` е таков. А договор куќа гради.
Пак ви се расипал телефонот? Како бе, ќе го домрзи да работи? За што праите муабет уствари? Кој е тој што решил да живее на клупа со партнерот? Убав е мајко, ама клупата тврда
Затоа што познавам де такви, на 40 ги домрзува, губат работа што работеле, и ете, се` им смета, ладно им е, топло им е, грб ги боли и не знам што. Не знам што е смешно дека така да се понаша партнерот, да, ради парите што не ги носи ќе имаме проблем. Иако де факто он е тој што ги носи повеќето пари, така е договорот и очекувам да го испочитува. Оти јас можеби некаде сум си ставила запирка, за да успее он. Така што, на него паѓа теретот за носење на повеќето пари и тоа е неговиот дел од договорот. Не ме прави мене тоа спонзоруша Ниту помалку феминист, ниту површна.
И да, не им верувам ич на оние - ама најважно е да се сакаме. И мене ми беше најважно, ама у средно, оти од дома ме финансираа и ме заболе за друго, само да се сакаме. Сега не ми е доволно да се сакаме, едноставно. Колку и да го сакам, ќе го отсакам ако не придонесува за удобен кон материјално фин живот.
Повеке мислев на ситуации каде што девојките од самиот почеток на врската очекуваат да бидат финансирани од дечковците, па до неопределено Во брак па и во долги врски има различни периоди и е друга ситуација. Појдов од себеси, дека мене едноставно тоа ми е незамисливо, и јас сум во долга врска и иако има поголема разлика во моите примања и во примањата на дечко ми, некако не можам да се замислам да чекам тој се да плаќа, и заради тоа што очигледно не сме 24/7 заедно,и заради практични причини некогаш јас одговара да платам, а и заради тоа што и мене ми е кеиф да почастам некогаш да му купам нешто.... па ме интересираше како функционираат тие парови. Јас искрено дури и во ситуација да немам свои пари, освен за неопходни работи за друго не би земала од него дури и во долга врска. Сигурно нема тој да рмбачи а јас по шопинзи да одам по цели денови. Ама тоа сум јас, не значи ни дека моето е исправно. Се согласувам со @Bezimenka90 - секој со своите критериуми, само лошо е кога човек ке се стави во зависна ситуација, работите се менуваат и кога очекуваш нешто од друг лесно може да се доведеш во незавидна ситуација во иднина.
Ова е целата поента, оправдани причини се океј, ситуации, сè ни носи животот, ама да те мрзи да работиш и само да чекаш е проблем и тоа како. Сигурно никоја не сака маж што ќе лежи цел ден дома, дури жената работи по цел ден и ги троши парите како сака.
Затоа договор и очи отварање Јас немам проблем да ги трошам и “моите“ и “неговите“ пари. Не значи дека сите треба/мора така.
Настрана од целиот муабет со богатите дечковци јас ќе одговорам на насловот на темава. Физичкиот изглед е само она првичното што ќе ти привлече внимание, све понатаму нема никаква врска со тоа дали некој ќе уплови у врска. Џабе и Меган Фокс да е ако не се поклопите карактерно.
Може чува деца, може се лицка цел ден оти он кога ќе дојде дома сака прелепотица, абе како вакви заклучоци?! Не ништо помалку површно да одбереш некого ради физички изглед, него да одбереш ради пари Значи секад е осудена “спонзорушата“, а што со типот што е со неа ради лепота, ок е? И обратно да се улогите
Ама за тебе. Аман, живеј како што си среќна. Ама муабетиве и етикетиве, џизс. Никоја не е посупериорна ако заработува повеќе од маж и`, од некоја што не заработува и чува 5 деца. Шо комплекс ќе беше тоа?
Како знаеш дека е мрза, тоа ме интересира. Како да знам дали некој/а е мрзлив, или едноставно ете така им одговара на некои двајца, едниот дома секој ден гибаници да меси, другиот пари да носи? Не е важно кој.
Така започна темата, ме мрзи да работам, сакам се друг на готово да носи. Само на шопинг да одам. Што се пронаоѓате во коментарите ако не сте такви?