Не се пронаоѓам лично, мајнд ју, работам. Ама не би била со сиромашен човек, посебно со сиромашен човек што е комфорен во сиромаштијата, као, тоа е тоа. И реално, ме мрзи бе да работам, работам од што морам да работам. Не сум амбициозна за кариера, не сакам кариера. Понекогаш некој гиг, ама толку. Ова да бирам де, да можам. Манџа да си мешам, цвеќиња да садам сакам. Ако сме двајцата ок со таков аранжман, каде е проблемот?
Океј е едниот да има поголеми приходи од другиот партнер. Океј е и овој другиот да ја жртвува својата кариера за да може првиот да просперира и финансиски да го одржува семејството, додека тој ќе се насочи повеќе кон домашната работа и семејството. Не е океј ако на првиот му пропадне кариерата, или му се намалат финансиите, бидејќи животот е непредвидлив, вториот да не мрдне со прст и да го шутне партнерот затоа што веќе не го нуди тој комфорен, убав живот и луксуз.
Океј е, чудно е само како испаѓа дека постои и такви кои бараат богат маж, амбициозен, со високи приноси а тие мрзи, не им се работи. Обратно не сум чула ни видела, некоја да сака маж што ќе и меси гибаници и седи по дома уредувајќи ја градината. Повеќе маж изгледа ќе прифати жена дома која седи него жена, маж кој не работи и ги троши нејзините пари. Или мажите многу амбициозни или жените многу мрзи.
Ама на него ако му е ок да е мрза и да си ја финансира, си ја сака таква и што, кој е проблемот на околината со ова?
Сум видела и едно и друго, ама не е ни важно тоа. Него дека и богатиот партнер и другиот што е мрза, имаат корист од таков аранжман очигледно Не се оженил/омажила богатиот/богатата со безработникот од жал
Порано им љубоморев на спонзорушите и мислев дека многу лесно поминуваат низ животот, најди си богат маж и обезбедена си цел живот. НО, откако видов како стои ситуацијата со богатите, ми се чини дека полесно е за една жена сама да спечали многу пари, отколку да се омажи за богат маж. А пари претешко се печалат. Прво, има премалку богати мажи во оваа вукојебина. Шансите за успех се многу мали, од сам старт. Второ, скоро сите богати мажи на крај се женат за богати жени, односно жени од "угледни семејства". Спонзорушите им служат само за забава. Сега изборот се сведува на ситно малцинство од ситно малцинство. Шансите за успех штотуку станаа ужасни. Ама чекај, од тоа ситно малцинство богаташи на кои не им е проблем да оженат жена од пониска економска класа, не значи дека сите се добри. Така да, и нив ќе треба да ги филтрираш, ако не сакаш некој да се изживува врз тебе. И на крај, после сите овие филтри, да речеме налетате на богат маж со добар карактер, кој не бара "угледна" жена. Знаете ли колкава конкуренција ќе имате? Мислите дека сте единствените жени на кои им текнало - еј јас ќе се омажам за богаташ, наместо да рмбам за плата. 'Да си најдам богат маж' како животен план е играње рулет. На некои ќе им се посреќи, но повеќето гадно ќе наебат.
Добро, дали вие сваќате дека не зборуваме за ВРТОГЛАВО богат маж? Барем јас не. Имање за комотен живот и милиони + разновиден и ексцентричен возен парк, не се дискутира. Ама мора да одите во крајности за да си потенцирате некоја ваша поента.
Мажи/жени со плата за комотен живот можат само себе тоа да си го обезбедат а не да овозможуваат секакви луксузи на партнерот. Од првиот коментар на темава јас сфатив дека станува збор за апла богат маж, некој што може да обезбеди луксуз а не комотност.
Па баш ради тоа што не живееме во Холивуд, би и препорачала на членката таму да иде да си го оствари сонот, не тука.
Можат и тоа како. Има професии кои се добро платени и комотно може со една плата, да живее четиричлено семејство.
Но не е богат, колку што видов на темава за богати се дискутира. Јас живеам прилично комотен живот, но не би се нарекол богат ни во најлудите соништа.