Ама што се подразбира под тоа комотно? Не е муабетов сега за цело семејство, еве за дечко и девојка нека е. Според мене комотно е ако имаат храна и вода дома, платени сметки, еднаш-два пати одмор годишно (не по хотелишта скапи), поклон за годишнина/роденден. Комотно според мене не е едниот да работи а другиот да живее само и само од негови пари, да сака поклони од негови пари, да си иде на одмори со негови пари. Тоа е веќе луксуз.
Па добро ова не е богат живот, ова е она нормалното што секое семејство би требало да може да си го дозволи за пристоен живот.
Епа ако прочитате на првата страна кога започна темава за богаташи, ќе видите дека не станува збор за овој пристоен комотен живот што го опишувате. А јахта на сите добро би ни дошла, реално .
Можеби... ама секој си зборува од своја перспектива. Повеќето испадна дека зборуваме за комотен живот...
Веројатно, што нема врска со почетниот коментар. Еве твојот пример, имаш работено одредено време, сега фунцкионирате на друг начин. Камелија според тоа што пиша, двајцата се вработени. Првиот коментар гласеше дека она не се гледа никогаш она во работен однос, сака многу богат маж, што е премногу различно од вашите муабети за комотен живот.
A зошто да не сака? Како тоа тебе лично те афектира? Што има лошо да сакаш луксуз, на кого отчет треба да му се приложи за истото? Членката си има свој имот, свои финансии, едноставно не и се работи, сака да си ужива во животот како што наумила. Ако на нејзиниот иден маж не му пречи, што мора па вие да имате било какво мислење за истото. Таа не е крива, што ние за да си дозволиме независност, треба да 'рмбаме, таа веќе има, од вујче од тате, небитно, нејзино е. Што пак, не е моја ниту твоја работа. Единствена грешка и беше што беше искрена, ништо повеќе.
Не е луксуз. Тоа е живот на туѓ грб,туѓ труд,на сметка на сопствен комодитет. Е сега ако им одговара на двајцата е друга работа.
Абе како мене ме афектира жити се Нити некаде ја нападнав неа, уште на почетокот пишав дека мене лично тоа ми е чудно ама дека е проблем, не е. Уште помалце па можат туѓи преференции на непознати мене да ми го реметат мирот . Не сме на форумов да се тапшаме по раме само, мене ако ми е чудно нешто и ако не е my cup of tea, ќе си кажам па еве ќе се цитираме до бесконечност.
Па ако некој живее од туѓи пари, добива се што сака од туѓи пари, за самата таа личност тоа е луксуз. Вака од страна кога коментираме, да, живеење на туѓ грб е.
Бидејќи темава е за физички изглед, а не пари, ќе кажам дека порано не ми бил важен физичкиот изглед, сега ми е. Нормално, карактерот пред се', ама не ја занемарувам надворешноста, како некогаш.
И тоа е индивидуално искрено. Јас мислам дека не живееме комотно, ама не сакам да напишам колку трошиме оти ќе ме распнат
Да, ама моето е смешка како сума реално. И без оглед, така сме договорени, идејата е да најдам работа што ќе ми прави ќеиф или да не работам во прв можен момент. Ама и сега како што сме, двајца, немаме мали апетити и затоа викам, што е "богато" и "комотно" може да има различни значења за секого.
Ја читам темава и реалноста е дека и двете страни горе долу исто се зборува. Да, за независност. Ама, од друга страна, може на некој му е незамисливо да е со некој за пари. На друг му е нормално. На крај на денот кои сме ние да кажуваме на други што да бараат во потенцијален партнер. Ако самите сакаат да живеат така, нека живеат. Логиката да ја убедувам @Alisa22 да бара некој без пари е исто да ја убедувам да сака некој плав пошто јас сакам плави. Прочитав и на темава „безрезервна љубов“. Мислам, малку да се спуштиме на земја, и да си признаеме дека такво нешто нема. Мене ми е побитно да ме почитува, да е лојален и да си веруваме отколку само „безрезервно да ме сака“. Е, сеа на темава, дали физичкиот изглед е најважен? Мене лично не ми е најважен и пресуден. Но, има одреден удел. Темава не е нешто општо па да си кажуваме и цитираме. Некој собрал храброст и пишал што сака и океј е. На крајот на денот, лично е. Сигурно си има причини зошто тоа го бара во партнер. Да ми е чудно, не ми е. А, и сум видела случаеви мажот да работи домашни работи и да е невработен и да чека од жена му, ги има и такви Ама, очигледно не се интересни толку тие.
Знам конкретна ситуација за маж и жена каде што жената заработува одлично за македонски услови, па и за европски, а мажот не работи. Ама не работи сега, претходно работеше и заради неговата работа мн работи не можеа да си дозволат од типот на викенди, одмори, не заради пари, туку зошто тој имаше мн малку слободни денови во годината. Мажот не е воопшто мрзелив, едноставно така се поклопиле коцките, така испаднало, небитно сега не би навлегувала во детали. На мн др начини е корисен за домот. Тоа беше за коментаров. Сакав само да кажам дека познавам таков случај и знаејќи ги во вистински живот, ја разбирам ситуацијата зошто е таква. А, знам дека отстрана поинаку изгледа. Сега за темава општо за пари. Мислам дека овде повеќето се 20 годишни, накај 30, се разбира има и исклучоци. Кога ќе дојде време да имаме дечиња ќе видиме каде ќе ни оди амбицијата. Дали и тогаш ќе размислуваме исто како сега или ќе сакаме само да сме полабави и поедноставен да ни е животот. Амбиција за кого? За работодавецот да го богатам? Амбиција ми има смисла кога има човек приватен бизнис, кога работи нешто значајно за опшеството, кога е солидно платен за трудот .... За да функционира семејството мислам дека едниот, неважно кој, треба да заработува доволно, а другиот е доволно да има некоја полабава работа колку да покрие ако дојде до некоја криза. Така, ако имаат дечиња, барем едниот ќе им е попосветен и тоа е ок опција. Во Германија мајката добива 3 години стаж за едно родено дете. Значи како да работела 3 години. Зошто тоа е како работа. Не знам што толку се потценуваат жените кои се домаќинки. Во нормална држава таа и при развод има право на имотот зошто се грижела за домот, за децата итн. Инаку да, мн е убаво да си независен. А, факт е дека парите се тие што те прават независен или барем имотот. Некој успеал да го постигне тоа пред да му се родат деца, некој имал од родителите, некој работи, ама 20 000 денари не го прават баш независен. И така е, убаво рече Каме, може јас сум си ставила некоја запирка, или не дај боже точка , за тој својата кариера да ја брка. И обратно. Муабетот ми е никогаш отстрана не знаеме каква им е точно математиката на некои дома. А, дека животот е круг и дека утре независниот може да стане зависен и обратно, и тоа е така. И сите, ама баш сите го гледаат ова кај партнерот, некој со повисоки, некој со пониски критериуми. Ај сега за физичкиот изглед. Да, важно е да ми е мене убав, привлечен, харизматичен, како било....битно да имам хемија со него. Да има привлечност меѓу партнерите. Во спротивно, тажна ќе ми биде врската или бракот, ма милиони нека има. Значи привлечност треба да има, а ако ја има има простор за иднина во таа врска. Откако човек ќе те освои на повеќе нивоа, со карактер, постапки, хумор тогаш и кога тој првичниот изглед ќе помине, нема да ти е ни мн важен. Инаку за во врска не знам, ама за во риал лајф мислам дека има мн влијание изгледот. Не мора да сме лепотици/лепотани, ама да се изгледа океј, средено знае да е голема предност. Ако некој па мн се истакнува со убавина, со сигурност ќе има мн привилегии, но тоа си носи и мани.
Ако ептен навлеземе во темава, не значи дека не се амбициозни и тие што бараат богат маж. Кај нас уште често може да се сретне менталитетот на родителите што си ги воспитуваат децата, а особено ќерките дека нема многу ќар од учење. И генерално највисоко достигнување е бракот. Инаку би не прашувале кога магистерска теза/докторат/унапредување, а не кога ќе се мажиме. Е сега во такво опкружување и таков менталитет ништо чудно што често има девојки што директно само на брак целат. А кога веќе тоа им е главна цел, барање на богат, згоден, со добар карактер е амбициозност. Пошто амбициозноста сепак е поставување на цел (било каква) и работење да се исполни тоа. Тоа што повеќето не би се нафатиле на такви амбиции е друга работа.
Мене најбитно ми е џигерот да не ми го јаде. Најсериозно. И да ни се поклопуваат дијагнозите, пошто и јас не сум цвеќе за мирисање. Од моево досегашно искуство со дејтање, најмногу сум се намачила со партнер што заради љубомора ми уништи голем број на живци и ми накалеми толку јад и секирации што после и на јогурт дував. И кога ќе размислам дека биле задоволени сите критериуми - лепота, финансиска стабилност, решено стамбено прашање и се тоа, ама дека едноставно ти доаѓа очите да си ги ископаш ради нервоза ништо од тоа не било битно. А и искрено сакам кога некој ме прифаќа со сите маани, а си ги имам. Сакам брз живот, дискотеки (зборам пред ковид), кафанче, дружби, искачања, идење во природа и авантури, board games и работи што или луѓето ги мислат за "машки" или за тинејџерски. Ама мене така ми е убаво и сеа некој и да е 10/10 во други "критериуми" ако не мрда од дома мислам дека ќе се пореметам. Исто workaholic сум, сакам кариера, сакам добар дел од времето да го поминам за да се усовршам, си сакам и некогаш да сум сама, не можам да сум цело време со партнер, понекогаш уживам да се одморам без никој да е до мене итн итн итн... И тука можам да проценам дали можам да бидам со некој или не. Баш како што реков, дијагнозите исти да ни се Со партнер школка не би можела никогаш да бидам, односно да си трупа под тепих се што е погрешно, а јас живците да си ги кинам што се случува. Имав ваков, се супер, се пуфка за на крај да бидам изневерена и се да ми се сруши како кула од карти. Најважно ми е човек да ми е компатибилен. Се друго е секундарно. Не дека не е важно, ама е секундарно. Прво и основно да можам квалитетно времето да си го врвам, тоа ми е број 1.
Ај сега некој нека те копира во мислења што треба да останат запаметени. Или книга со мислења да објавиш. Али па не секој има живци, некој може и знае да ги прати живците на одмор, од кај знаеме. Може не се сите живчани како нас, едни плави очи може се доволни за сите проблеми да исчезнат Или плаво море