Е баш со тој љубоморниот дечко отидовме во Грција на одмор. На плаво море, топ локација, рај. И очите си ги извадовме одморот, ексик и море и коктели и плажи и се. Јас запната да се види секоја знаменитост што постои, да се отиде на секоја плажа, да се проба секој коктел, тој по можност на истата плажа, да не мрдне од вилата и да дреме цело време на исто место. Кавги за тоа кој како ме погледнал, а на плажа по купаќи фала богу дека ќе идам, кавги за да искочиме и да прошетаме, кавги за СЕ. И тогаш ич не ми беше битно што сум во Грција, кога одморот притисок дигнав. И затоа сакам убаво да си го терам животот пошто еден ми е. Крај краева тоа е и целата поента, со партнерот треба да ни е убаво. Тоа убаво е многу субјективно и за секој човек е различно. И тоа би рекла само, да има разбирање и компатибилност. Џабе тагови на Инстаграм на скапи локации и џабе ќе изгледаме како најубав пар во нечии очи ако на нас двајцата не ни е убаво.
Друга работа што ми текна е дека и убавина е дискутабилна работа. На пример, за мене убави мажи, врска немаат со на најдобрата другарка моја убави мажи. Никогаш вкусот ни приближен не ни' бил ете. На крај, па своите бивши да ги гледам, немаат многу заедничко физички еден со друг искрено. Дури ни мажов што за стално го одбрав не би го опишала како најубав физички на свет, ако го споредувам со актери пример што ми фаќаат око. Мислам очигледно физички ме привлекло нешто, ама не можам да најдам некој pattern. Можеби само немам вкус
Исто. Јас па и една маана си имам. Ако се речи за некој дека не е убав, веднаш ми станува привлечен. Ова не важи само за убавина, туку и оние со кои се исмејувале, посиромашни, отфрлени... Сега да не речите светица, не сум, напротив, не си го оправдувам овај дел од карактерот, мислам дека е од жал, дека не сакам некој да е навреден, повреден и слично. А не се гради љубов од жал. И често сум во заблуда кога се работи за чувства. Исповед. Нема универзален одговор на вакви прашања. Комплицирано и индивидуално е.
Тоа ми е муабетот. Мислам од најбитни да речам мажи, допирна точка немаат еден со друг, физички па ич па. Сестра ми прееска ме просветли дека сум била сапиосексуалец, ете, светот на младите останува Никогаш не сум размислувала ШТО ме привлекува, и дебели и слаби, и со темни и со светли очи, и плави и темни, еве не знам. Муабетот ваљда
Лелеле како себеси да се читам и во овој пост и во претходниот. Скрос е така, најважно е џигерот да не ти го вади. И да имате слични интереси. И јас сум како тебе, само диско не сакам Ама и јас сакам да шетам по различни плажи, да одам во ресторанчиња, кафетерии, за викенд на планина или во некое околно место итн. Мн ми е важно покрај себе да имам спонтан човек, кој ме разбира и не ми кажува како треба да созреам, зошто животот не бил само забава и правење ќејф. Не да не е само тоа, сите знаеме, ама секој момент кога е тоа можно, треба да си го дозволиме и да си го направиме таков Кога ќе се навратам наназад сите такви моменти ми се останати во преубаво сеќавање и тоа е животот всушност - збир на моменти вредни за паметење. П.С. Темава може комотно да се преименува во "Што ви е најважно кај партнерот за убава врска?"
Од душе на дада, сапиосексуалец и она била Јас точно знам дека е муабетот, и хуморот...иии, бојата на гласот Е за ова последново, не знам, може радиосексуалец сум, ако постои такво нешто
Ахаххахаха жими се ти си легенда. Стопати се имам изнасмеано од срце со твои постови. Радиосексуалец бе Науката вели дека природниот мирис на некого е тоа што најмногу не привлекува Може и за ова ќе ти текне некој термин, ај размисли
За феромоните ли збориш? Феро-сексуалец Тие сами по себе се наука Мада веќе застарена наука, примарна некоја елементарна биологија, што ние како луѓе сме ја надминале. Или можеби не, кој би знаел
Не знам за луѓето, ама од гр ќе земам за мачкиве, науката вика ги лабавеело доста https://cdn.shopify.com/s/files/1/2...0-day-starter-kit-diffuser-2.jpg?v=1598162371 Вештачки фермони, си знаат маќињата
Како нема врска миризбата. Најбитно е кога ќе се начукам лук да не му е гадно на партнерот. По можност да јаде и другата страна за заедно да си смрдиме
Па не е баш заостаната, кога ќе видиш дека како суштества сме еден куп хемија во физичко тело, не ќе да е заостаната Е сега зависи нели со кој каков социјален контакт сакаш да оствариш, па од тој аспект да, не се сведува сѐ само на феромони. Сега има и феромонски масла да си купиш @CameliaMiller и за луѓе сесре Богами макалото е битна работа, стварно мора да се погодите
Нормален е за сите различно Исто како и убав Ама арно рече @KateKane ако ви се поклопат дијагнозите, нормален ќе е
Често пати на другарките знам да им речам, само да е нормален ништо друго не сакам, како мене да е доволно ќе е . Да знае да почитува, да е искрен во намерите, да има добра душа, да е добра личност пред се. Тоа е тоа отприлика, скромна сум.