За мене секако дека е важен физичкиот изглед ама некогаш и не зависи се до тоа и понашањето менува се.
Апсолутно дека физичкиот изглед е битен и за машките и за девојките. Пуштете ја таа фраза дека најбитно е да имаш добра душа, со таа фраза си се тешат девојките кои господ не им дал убавина. Ако е така зошто тогаш сите работат на телото, т.е изгледот, зошто не поработат на духот и карактерот ако е тоа повеќе битно. Значи да, најбитна е убавинат, но да не се секираат и оние кои се помалку убави, за секоје тенџерче си има капаче.
Имаше една мотивација за вежбање, вика - Вежбај! Никој нема да се вљуби во твојот карактер на прв поглед Да, убавината денес е многу битна, и таа е оној првичниот магнет, али дефинитивно е карактерот она што задржува. Во скоро време запознав многу луѓе, секакви, меѓу кои и многу ама мноогу убави машки, али кога отворија уста празни во тоа главите, за греота... Убавина + памет + карактер = добитна комбинација..
Карактер пред се Немора да значи дека ако не си убав и немаш добар карактер, но за жал за некои поважна е убавината од карактерот.
Потполно се согласувам со тебе.Инаку се знае сите зборуваат карактер, но сите гледаат на убавината Добро сега, се знае за убавина не мора некој како овие глумциве , но пак да доаѓа на ред.
Мислам дека тоа што на денешниве мажи демек побитен им е карактерот отколку физичкиот изглед на жената која ја имаат до себе е само обичен балкански синдром и ништо повеќе. Тоа е реалноста, колку и да е грда и сурова. Тоа е нашиот менталитет од кој никако неможеме да побегнеме, и кога машки ќе почнат да ми расправаат зошто им е побитен карактерот на девојката целата приказна за тоа како сакаат добра фина, културна девојка паѓа во вода. Факт е, ама факт дека најбитната работа кај една жена им е физичкиот изглед па се останато. На второ место по битност е да не е некоја глупачка и да знае да се однесува колку толку во друштво, не за друго туку да не се осеќа посрамено кога и да излезе со неа. Е дури на трето место доаѓа карактерот на жената кој барем според мажите со кои сум зборела околу мене им е најнебитното нешто, иако го потенцираат спротивното. И еве го тој балкански синдром кој го спомнав. За оние за кои што зборев дека им е најбитен каратерот впрочем бараат жена која што ќе биде мирна и примерна, нема да приговара, ќе може да ја донесе дома, онаа која ќе биде најдобра пријателка на мајка му и онаа која планира да ја жени затоа што знае да готви и да пегла и исклучиво затоа што нема околината да му се смее што земал убава девојка која притоа знае секој ден да е средена а да не се влече само по тренерки и патики и да не го покажуваат со прст дека ете оженил некоја на која неколкумина веќе и имаат удрено цртка. И тука доаѓа она, дека кога ќе бараат жена, тоа ќе биде некоја културна и мирна која ќе им е убава и без шминка, која ќе ја носат по слави и веселби без да ги срами и ќе му го посвети животот само нему. Според мене секое машко сонува да има до себе девојка која е преубава без разлика на се останато. Само околината ги спречува за да си го остварат истото па најчесто тие девојки стануваат швалерки или остануваат за еднократна употреба. Речиси секој мој другар сонува за една жена слична на Џена Џејминсон до него, да му шета по дома и да ја покаже пред целиот свет, па сите останати да му завидуваат ама за жал реалноста им е поинаква па се задоволуваат со тоа што е правилно и морално на скапаниов ни Балкан. Неицрпна тема, но како и да е мислам дека изгледот им е најважен, нормално постојат и исклучоци, но секој маж до себе си замислува пред се жена која што преубаво изгледа, занемарувајќи го се останато.
исто е и за женските , сакам онаквов ,сакам таков да има плави очи , стомачни, гради и бицепс па една на ФБ ставила слика од Клуни и пишала мажи учете што да учам од тоа старо дртало да мењавам женски за секои 6 месеци , да ги искористувам и у канта после и вие девојките не знаете што сакате, ако остави скапи цигари и клучеви од ауто на сепаре одма ке го занемарите и карактерот и убавината така идат тие таботи кај вас
Како звучи насловот, како само на машките да им е битен физичкиот изглед. Според мене, и исто важен е и на нас женските, бидејќи реално гледано за да се согледа внатрешното, најпрво нешто однадвор треба да те привлече. На никој на чело не му пишува колку е паметен, колку е добар. А откако се запознае карактерот, физичкиот изглед преминува на втор место.
Реалноста е таа. Затоа често ќе видиш некоја преубава девојка со некој грд дечко. Нели не и е битна убавината? Шала на страна, убавината е битна само на прв поглед. Ама карактерот е најбитен !
Не се согласувам со ова. Може да им е најбитен ако сака само да ја легне. За врска - во никој случај. Не се ни машките толку површни бе, што ги направивте? Машките сакаат убаво може, да, но сите сакаме. Шта је лепо и богу је драго. Но, да дојде време за нешто озбилно, озбилна врска, брак.... нема да им е битен карактерот? Најбитен ќе им е, никој не сака празноглави и неспособни убави девојки што ги бидува само да се дотераат и да излезат во град, да бидеме реални.
Нема врска,физичкиот изглед да ми е најбитен,битно е мене да ми е симпатична но во никој случај дека тоа ми е најбитно,нема да ставам на рамка икона да ми биде,треба и карактерно да се совпаѓам со некоја девојка,што ако е убава,што фајде имам јас од тоа а? Глупости што нема да прочитам.
Cекој со својот вкус,дискутабилно е .Aма,има машки кои не пребираат и по убавина дај шта даш е работата,женско само да е .Tоа е пак ќе кажам различно бидејќи освен како пол што сме различни девојките и момците,така сме различни и по карактер и вкус за партнер поединечно.
Јас да парафразирам еден познат музичар „Ме привлекоа нејзините убави нозе, ама се заљубив во нејзината личност„...
Целосно се согласувам со тебе. Кога се работи за ова прашање машките премногу ги прават како што рече ти "празноглави"... Демек глупави се и одма паѓаат на женската убавина. Епа јас не би рекла. Како што не се сите девојки спонзоруши така има и машки што се паметни и си сакаат пред се паметна девојка до него. Тие машки што сакаат да фатат девојка со клучевите од кола која има повисоки штикли отколку ниво на интелегенција, нормално дека таква и ќе си најдат. Тие што сакаат девојка која има повеќе во главата отколку во деколтето со која ќе можат да разговараат на теми кои не се поврзани со последната надградба што ја ставила, исто така таква ќе си најдат. Зависи кој како гледа на работите. И јас порано кога бев помала и кога излегував само во дискотеки мислев дека е се во убавината и дека сите машки се тешки сељаци кои дремат на сепариња, се фалат со колата од тато и бараат глупави, убави спонзоруши само да седат и ќутат до нив. Ама кога пораснав и кога ми се зголемија видиците сфатив дека не е се така црно-бело и дека има и сиво измеѓу. Сфатив дека не е се во убавината и дека таму некаде има и паметни момци кои на таквите спонзоруши можат само во лице да им се изнасмеат. Како и да е, ова е премногу дискутабилна тема на која може да се збори до утре. Сепак јас пак би рекла дека кој што си бара тоа ќе си најде. И не е точно дека ако го има едното го нема другото. Има и убави девојки и убави момци со интелигенција. Не мора да значи дека ако изгледа некоја убаво и е средена дека е глупава и е спонзоруша. Или па ако дечкото има пари и убава кола дека е празноглаво дете што бара само манекенки до него. Индивидуално е и не може во никој случај да се генерализира. Јас лично за мене имам еднаш кажано дека првата вечер кога го запознав дечко ми не ни го видов дали е убав или не затоа што бевме во дискотека и беше црни темници. Ама убаво ми пристапи и си се изнаправивме муабети. Јас искрено дури другиот ден на фб го видов навистина како изгледа и ми се засвиѓа. Ама и покрај се дури и да не ми се свиѓаше јас бев решена да му дадам шанса затоа што никој во животот не ми пристапил како него. Така што, не секогаш е пресудна убавината. Барем во мојот случај не беше пресудна. Како што и кај него не бил пресуден мојот надворешен изглед. Според неговото кажување мислел дека сум баш таква празноглава девојка која само има надворешно што да покаже (иако тука малку имаше удел и друштвото па затоа мислел дека сум таква). Отпосле се изненадил од мојот карактер и размислувања и тоа му било пресудно за да започне врска со мене, а не надворешноста.
Убава жена за вас мора да биде разголена спонзоруша? Повеќе гледам ugly chicks showing too much skin. Потполно утната тема.
Сум приметила и по други теми, многу слично размислуваме. Комплетно се согласувам со се што кажа, исто како јас да сум го напишала, само што не ми се пишуваше многу.
Битен е и изгледот нормално, ама битно е и однесувањето и самиот карактер. Никој несака сигурно да има до себе некоја преубава девојка ама која незнае да склопи две реченици и да не смее да ја поведе негде да не го избрука или да е намрштена, да не го почитува, АМА верувам дека никој нема да сака некоја премногу грда ама да е и многу паметна и се друго. Најидеално би било сите да можеме да најдеме лепотани и лепотици кои се многу паметни. Физичкиот изглед привлекува, а карактерот задржува.
Епа затоа и ти пристапил, зашто си му се бендисала. Во спротивно, може немало ни да ти пристапи, и никогаш нема да дознаел дека твојот карактер и твоите размислувања толку ќе му одговараат