Да, точно е дека заради надворешноста ми пристапил ама сепак тоа не било пресудно за да започнеме врска. Со самото тоа сакав да кажам дека физичкиот изглед не секогаш и не на сите машки им е најбитен за врска.
Мислење за темата: Имам запознаено машки на којшто мета им се само згодните девојчиња. И да, понекогаш и тоа е пресудно за нив. Сум била во многу такви ситуации во кои сум се каела зашто не сум згодна таква. Но, Што е најбитно, постојат исклучоци. (да не го спомнувам дечко ми ааај.. ) Тој ми ги има кажано следниве зборови „Во дискотека и да носи фармерки и маичка, доколку има памет, да, би се запознал со неа“. Како јас гледам на тие работи: Не викам дека постојат само мажи којшто “бираат“. Веруувајте, сум сретнала и женски којшто ги судеа машките по патиките! Јесте да! Доколку нема “оригиналка“ не му гледа фаца па макар и најубав дечко бил. Доколку има, ма којзнае и колку грд да е ќе им се свиѓа. (имам сретнато такви девојки ) Мое мислење: Искрено, за мене најголем плус кај машките што ги бирам ми е карактер. Можам да кажам дека вака ги судам работите: 70% карактер, 30% изглед, 0% што облека носи.
Реално денес секој си бара некој достоен за него, богатите и убавите си бараат убави и богати а и оние средните да речам и помалку убави пак бараат поубави и побогати и тоа е тоа. Такво е времето. Никој не може да ме убеди дека не е така и имам другари кои гледаат да најдат бомба без разлика на се и имам другарки кои оделе со дечковци само зашто имале пари. Јас искрено си барам дечко кое е и убав, и материјално стабилен т.е. надпросечно стабилен и паметен, слабост ми се лиглевците што кружат со скапи коли-Да. И сум приметила дека ми се свиѓаше еден кој оди во приватно школо, кој има скапи автомобили, кој за роденден од другари добива сваровски а од родителите мерцедес иако е малолетен и кога видов еден ист како него потполно тој не ми се свиѓаше и всушност сфатив ШТО ми се свиѓало. Тоа е така. И машките гледаат изглед и пари. И жените гледаат! Не можам да се сменам, нажалост.
^ Браво. Тоа се бара. А ме интересира за што го ,,бараш,, таквиот лигавец? За врска и брак или за чепатење и спонзорирање? Ако е второво, си ја утнала темава, за врска збориме. А ако збориш за првата опција односно врска и брак, ондак неможеш лигле да го викаш идниот сопатник... Мое мислење е дека можеби физичкиот изглед има првичен ефект за да се привлече некој. Но немора сите да се авиони или незнам какви риби за некој да ги примети. Затоа сите луѓе имаме различен вкус,па за еден ќе сум бомба а друг па може и нема да ме примети. Има избор за сечиј вкус... Во понатамошен контакт со дотичниот потенцијален дечко сигурна сум дека изгледот не игра главна улога. Се бара карактер сроден на себе со кој ќе можеш да живееш понатаму.
Рандом девојка : - "Сите мажи бараат некоја згодна да е , све такви се ... исти се сите .... само пари и цицки" Прашање -"А каков дечко ти бараш?" Истата девојка -"Па мора да е многу згоден , да е "финансиски"(наместо богат овој збор сега се користи) добро опремен и бла бла бла...." И така како и на секоја друга тема ќе се најде мислење каде што мажите се криви и тие бараат све и невозможното го сакаат секогаш , свињи и остало (реков некои мислења не сите!) а кога ќе ги прашаме што тие сакаат и што они мислат тогаш да земеш и ги иселиш од Македонија.
Yipman2 така му доаѓа работава,да. Ама па и тоа ,,лиглето,, бара некоја со погорните карактеристики, па ќе се усогласат некако. Секако на крај пак дечкото ќе си има опција да си избере жена по вкус, а фраеркиве обично остануваат со прст во уста.
Тие такви мажи и жени има само една иднита Мажите ќе си останат сами на 30-40 год и ќе се вртат со една иста приказна како во нивните млади години свртиле 2-3 девојки иако тајно ќе посакуваат да имаат некој покрај нив... А жените бидејќи во ова општество е срамота за женско на 30 год да биде сингл , притисокот и остало ќе ги доведе до ситуација каде нема бирање туку дај што даш .... ќе трпи глупостите на мажот што и го дале ама ете барем нема да биде сингл. И така нека продолжат двата рода да гледаат надворешно .... ќе стигнат далеку со тоа.
Физички му се допаѓала, и покрај тоа што мислел дека е празноглава и пристапил. Ама еве да бил во право и да и пристапил поради изгледот само, кога ќе прозбори и увиди дека е празноглава не би започнал врска со неа би останал само на мување По незнам кој пат се испоставува точно она клише, убавина привлекува а карактер задржува. Ако ти е битно само да се смуваш сигурно нема да земеш да му мериш коефициент на интелегенција. Ама ако бараш посериозна врска и те како ти е битен карактерот, внатрешната убавина. Кој што бара тоа и ќе си најде
Yipman ами зошто тогаш ги лајкаш сите згодни феминки Кажи ми кога и пристапуваш на некоја девојка , дали и пристапуваш поради тоа што тебе ти се допаднала ? Врти сучи е работава , за да се почне една врска стартна точка е да си се допаднете еден на друг . И нема ништо лошо во тоа ..
Nie ženi gi lajkame a ne pa maz. Ubavi se,zatoa. I nema Nisto loso vo toa da se pristapi na ubava devojka, no ubavinata nema da ja tera vrskata ako drugoto ne valja. Da ne ispadnam kako drven advokat na Yipman2, Moe mislenje si kazuvam
Факт е дека треба физички да те привлече некој и дека от таму почнува приказната, меѓутоа не е пресуден изгледот за тоа што ќе се случува понатаму...ќе се изненадиме на какви се работи обрнуваат мажите ПРЕД изгледот...би рекла дека ние жените повеќе се замараме со тоа. Ама сите сме различни...некои бараат "манекени" некои бараат други вредности во животот
Најбитен им е....како запалени мајмуни се кога ќе здогледаат некоја средена и стегната. ама за у врска па стануваат и баш гејчиња и знаат таквата да ја шутнат за некоја амбициозна и интелегентна
Па физичкиот изглед одсекогаш бил најбитен и за машките и за женските. Ајде искрено да не се правиме ангели и ние.. сигурно не би излегле со некое машко кое не не привлекува физички.
Имаше една изрека во еден филм-Мажите се визуелни суштества и никој не се заљубува во карактерот на прв поглед.Според мене,за да го добие вниманието од еден маж,девојката треба да изгледа средено,дотерана до мера,со ненападно однесување.Од кога ќе се направи муабетот и таа е паметна,забавна,интересна личност тогаш момците не ја гледаат како мета за мување,туку и за воспоставување и на друг вид однос со неа,како врска. И ова не важи само за машките,туку и за женските.Барем по мене си зборувам.
Нормално дека мора прво физички да ти се допадне некој. Не мора да е макенекенка ама да има нешто што на прв поглед би го привлекла вниманието на спротивниот пол. Веќе натака се зависи од многу други работи.
Не е точно тоа дека пресудна е убавината (и сите оние што велат дека тоа е пресудно ,кој е критериумот за убав-а ? ) .Убавината е за секој различита и сите на поинаков начин ја гледаме и доживуваме во нашите глави па затоа според мене нема правило ....важна е харизмата и аурата што зрачи од таа личност ,карактерот образованието и културата ... Хемијата и привлечноста се пресудното а тоа неможе да се контролира и негира .Сите се вадат на убавината а не се свесни кога ке се заљубат.Е тоа е тоа јас што велам !
Не знам дали е најбитен. Ако си заљубен тебе очите ќе ти го гледаат како најубав да е. Барем кај мене е така.
Добро познато клише-Изгледот привлекува,за карактерот задржува Но факт е дека,некој ако не ве привлече физички/или вие го привлечете физички,нема да пријдете/да ви пријде.Изгледот е првото нешто што остава впечаток. Сепак,мислам дека физичкиот изглед не е најбитен за мажите.Колку и да не признаваат,се знае дека карактерот им е побитен.Физичкиот изглед е минлив
Дефинитивно. Доколку девојката не ме привлекува физички тогаш не се ни трудам да ја запознаам поубаво.