Многу ми е мило што поголем дел од животот бев опкружена со луѓе на кои не им бил физичкиот изглед на прво место. Не дека не е важен ама за во врска да е најважен? Па подобро ќе бидам сама. И се додека се палите на лигуши и мамини мази не очекувајте нешто друго да знаат да ценат кај вас.
Кај и да излезам, машките гледаат според физичкиот изглед. Епа штом така, ќе си седам сама. Не ми треба маж што утре ќе ме критикува за облеката или за телото. Па никој не е совршен, ако му треба совршена жена нека си ја гледа на фотошоп.
Какви женски знам што пукаат од лепота и убавина,али толку да се прости и ниско паднати, тоа неможам да го укапирам стварно. Незнам, искрено, кога ќе искочам со друштво, се гледаат у женското да има цицки и гз, после фаца, ако му падне на очи, трча ко улав по неа. А до нека него имаш не толку/средно пицнати женски, супер ама не.
па изгледот е оној кој најпрвин ке не привлечи.. али карактерот задржува, така да не ние најбитен изгледот ... а мислам дека и на вас девојките вие важен изгледот на машкото и тоа премногу вие битно без навреди само искрено мислење.
Бидете сигурни дека физичкиот изглед е она што го остава првиот (можеби и најважниот за прво време) впечаток. Тоа исто важи за женскиот пол, не само за машкиот. Не може да те привлече некој што не изгледа (физички) привлечно, па макар бил и најдобрата личност во светот, тоа не можеш да го знаеш. Секогаш има исклучоци, се оддалечувате од вистинскиот кога глобализирате дека секое машко му е најважно физичкиот изглед. Лично за себе зборам, може да е најсексапилната, најзгодната девојка која секако ке ме привлече на прв поглед, но што од таму понатака, зависии директно од тоа каква е како личност, а не како изгледа физички
Изгледот повеќе привлекува, го предизвикува почетокот на врската. А за врска, ако е изгледот најважен па можеш и кукла да си купиш да ти краси живот. Поважна е хемијата меѓу двајца и меѓусебното разбирање, ама на подлабоко ниво разбирање.
Изгледот е битен да привлечете некој и да ви пријде,а за љубовна врска е многу повеќе потребно од идеални телесни пропорции.
Се сложувам дека е така нормално со чес на исклучоци,но сепак треба да се каже истото важи и за мажите ,во моја околина има неколку машки спонзоруши ,кои се оженети само исклучиво заради пари
Јас мислам дека се` е зависно од возраста. Реално и објективно ако размислуваме, тогаш не може да кажеме дека на дечко од 15-6-7-8 години му е важен нешто многу карактерот или пак пресуден. Не. Машкиот пол претежно на таа возраст тежнее кон имање девојка која е близу оние „совршени“ пропорции кои ги имаат замислено во глава, тежнеат кон добивање на трофеј поради кој ќе бидат пофалени во друштво, во околината, зошто така едноставно функционира машкиот мозок... Понатаму, како што си се множат годините, веќе делумно (некои од нив сепак, зошто исклучоци во сево ова имало и ќе има) покрај физичкиот изглед кој привлекува, сакаат и девојки кои ги имаат приближно оние карактерни црти кои ги посакуваат, па со тек на време почнуваат да копаат и малку подлабоко по нивната душа и ако им се допаѓа целиот пакет како изгледа, ништо не може да ги избрка. А, ако не, ништо не може да ги задржи. А, вистина е дека и нас не привлекува многу физичкиот изглед, едноставно така функционираат луѓето, така функционира светов. За секој од нас си има капаче, зошто не секој трага по една те иста форма на убавина, убава девојка/момче сеедно, за секој од нас убавината претставува нешто различно. Ете и една Меган Фокс, не им е на сите убава, на некои им е поим за убавина, некои можат милион маани да и најдат и така се во круг.. И според мене, клучна е харизмата, зошто сум сретнала многу неубави (просто кажано) луѓе, ама сепак со таква харизма да посакам вечно да останам со нив!
Ако гледаме реално, физичкиот изглед е исто толку битен колку и внатрешниот. Пример, кога вие ќе се запознаете со некого , најпрво го гледате и ве привлекува физички а потоа со тек на времето , муабети и сл , си навлегувате еден во друг и всушност си наогате нешто заедничко ( или не ) она духовното, што ве прави личност и што ве поврзува еден со друг. Пр. ако ви пријде некој дебел , гнасен ( да не се навреди некој, само давам пример ) во дискотека или кафич а вие такви "скоцкани" , сигурна сум дека ке го откачите и нема да направите никаков муабет со него ( барем повеќето девојки ) за да видите каков човек е и сл , но ако е убав и згоден без разлика дали е материјално снабден или не , вие ке прифатите пијачка и ке започнете разговор , па ке пресусите дали е ваш тип или не, додека другиов не добива никаква шанса да го запознаете и да ве запознае . Тоа е мое мислење
На сите ни е битен за да не привлечи тој другиот. Да има некоја хемија. Е, сега, за мене еден може да биде лепотан, а за друга да е прегрд. Сите очи различно гледаат. Но, она што задржува е карактерот. Колку сака некоја нека биде како пластична барбика, ако има расипана душа, тешко кое нормално машко би ја сакало покрај себе. Или ако некоја има големи гради, не знам каков газ, не значи дека тоа е најпресудно. Што ќеим прави мажот на газот и цицките ако девојката е олош?
Дефинитивно не е за сите мажи ова. На мм дури некогаш му смета кога се напињам за изгледот, сум приметила. Од прв ден ме засака, а и цело време вика дека карактерот е побитен, изгледот нема ништо со врската. Но, на еден мој другар, негов другар,т.е. и мој бивши другар ( не сме веќе другари затоа што е сеЉак со комплекси) и те како му беше битно изгледот. Типот цело време ми викаше кога излагаме носи се вака носи се така, не само на мене туку на секое женско му солеше памет, демек он е паметниот, а девојки, т.е врски од 2 недели му беа се некој лигави дрољички што излагаа нонстоп, бидејќи он бараше девојка што ќе се тагнува на секој 5мин, му беше битно да е згодна, убава, позната до тој степен што ќе има 83174 лајкови на фб, провокативни слики, па да се носи вака, да се шминка така, дури и единствената асална што ја имаше ја остави заради изгледот, ја изневери и ја криеше. Мене ова ми е многу глупаво..Мислам дека само недораснати се замараат за изгледот.
Да не се лажеме ама секој сака убава девојка, тоа ни е во гените, тоа е еволуцијата, така е и кај животните, така било и кај нашите предци. Убавите примероци се спарувале, бидејќи убавината претставувала знак дека единката е здрава и дека такви поколенија ќе имаат. Е арно ама пошто сме 21 век и не сме животни, повторно секој сака да има партнер кој изгледа убаво (тие што викаат дека нејќат некако не ми се за верување). И сеа иде тука клише муабетот пола-пола однос на изглед со карактер. Што е ако е некоја најубава и најзгодна кога два муабети не можам да сврзам со неа, за украс ќе ја чувам? Убавината на девојката со која што сум не ми е репер за статус па да ја шетам како трофеј. Годините минуваат, убавината ќе ја снема, каркатерот и личноста се тие со кои се останува. А башка и кога стварно ќе ја засакам девојката со други очи ја гледам, мене ми е најубава и најзгодна и ич не ми е гајле како ја гледаат другите (на крајот сепак е моја девојка а не нивна). Имаат голема улога и годините, во средно сигурно не сум размислувал вака, со текот на времето и искуството се формираат ставови, еволуираат критериумите во однос на тоа каква девојка бараме. Некој може нејќе врска и му е чисто за забава/провод, некој сака врска. Ама пак ќе речам да не се лажеме значи не бараме мисици или некои фото модели, далеку од тоа, збориме за просечен нормален изглед, да не одиме во екстремности, не би набројувал какви мислам дека се разбираме, сепак ова е јавен форум секакви луѓе читаат па нејќам некоја да се навреди. На крајот на краиштата нели за секое тенџере се наоѓа соодветно капаче... кога-тогаш.
Секој сака да има некој убав покрај себе,ретко кој би можел да ја засака грдата бети,освен во серија,да не се лажеме дека е битен пред се карактерот.Некој мора да не привлече со изглед(не велам дека треба лепотани манекени,ама барем некоја просечна убавина) па потоа да го согледуваме карактерот.А оние бомби од девојки,силиконски лепотици,шмизли со 50 цм матријал на нив,верувам дека на машките им се предизвик само за секс,ретко кој би сакал за девојка или жена некоја таква.
Пресудно за врска НЕ,повеќе би рекла дека физичкиот изглед е пресуден за остварување на првиот контакт! Факт е дека повеќето луѓе им приоѓаат на партнерите кои физички ги привлекуваат па дури потоа си го продлабочуваат односот и градат врска доколку се најдат на иста бранова дужина! Добро,секогаш има исклучоци ама поретки се според мене!
Познавам луѓе кои на кои што не им е толку битен изгледот, па си бараат фин карактер. Ама знам и луѓе кои што си бараат лепотици до нив, а карактерот не им е воопшто битен.. Според мене подобро е да имаш човек со кој што можеш да си направиш асален муабет иако има маани и недостатоци во физичкиот изглед (кој воедно може и да се смени), отколку да имаш манекен/ка до тебе со трула душа!