Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Физичкиот изглед е најбитен но сите имаме различни сфаќања и очекувања како нашиот партнер/ка треба да изгледа физички. Сега ќе зборувам од машки аспект, колку и да една жена мене ми изгледа не убава, во физичка па и карактерна смисла, таа иста жена за некого ќе биде најубавата и најпаметната на светот. Затоа јас велам, не е се во убавината туку во човечкото око. Ако тоа око не видело нешто поубаво нормално дека и процечна девојка за него ќе биде најубавата.
    Е, сега кога се работи за врска, неможеш секогаш да ја имаш онаа што сакаш туку ќе мораш да се задоволиш сходно на својот изглед и можности.
    Така да, релативно е тоа што е убаво, за секоја од вас ќе се најде барем некој во чии очи вие ќе бидете нај совршената особа.
     
  2. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Сите викаме дека физичкиот изглед не е толку важен, ама тој е најважен. Најчесто првиот впечаток се остава со физичкиот изглед.
    [​IMG]
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    "Физичкиот изглед - најбитно за мажите за врска ". |(
    А на нас девојките не ни е најбитен изгледот на прв поглед? Ние поседуваме натприродна моќ па кога ќе видиме некој дечко одма ни излегува извештај во главата за неговиот карактер. Одма во карактер се заљубуваме, нема лабаво, директно кон целта.
    Кого лажеме бе, сите прво гледаме надворешен изглед. Кој сака да се бакне со некој што не му се допаѓа? Јас не сум сакала, за друг не знам. И нема ништо страшно, лошо или нескромно во тоа. Нема зошто никој да се оправдува. Од каде знаев јас каков карактер има дечко ми кога го видов. Секако дека прво физички изглед гледав. Планирам цел живот да бидам со него, валда не планирам цел живот да спијам до човек кој не ми е убав и да се молам секој ден децата да не ни личат на него.
    Физичкиот изглед е првото нешто што привлекува, а потоа за да продолжи врската се гледа карактер, интереси, поглед кон иднината итн. Сите сакаме убав човек до себе, ништо лошо нема во тоа. Е сега што е убаво, за секого е релативно. Мене што тоа ми е убаво, не значи дека и на друга девојка ќе и' биде убаво.
    Затоа за секого има некој, никој не останал сам заради физички изглед. Сами можете да останете само заради карактерот, преголемо его и мотото "јас сум супер, во сите други е проблемот".

    И зошто сакате маживе да ги прикажете како ѓубриња кои гледаат само цицки и облини? Добро де, што има лошо во тоа? Демек ние не гледаме тела, очи, заби, тен... Абе ајде...
     
    На crazylady, Marossa, sparklie и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Неминовно е физичката привченост да постои обострано и искрено .Но карактерот може да се види и забележи без мн да се разговара со некои луѓе.Стилот на гардеробата ,хигената ,гестикулациите што се прават ,гримасите (несвесно) и ред други работи се одраз на карактерот .Може мн работи да не издаде говорот на телото,многу работи да каже за нашиот карактер и какви сме ние всушност .
    Етикетата што се става дека голотијата е убава или пак дека голотијата е секси во машките очи ,се лажете .Тоа е оној машки муабет потоа колку е девојката (ниска) и колку лесно би била изманипулирана ......
    Скромноста и пристојноста се секогаш репер за паметна личност,сексипилот и убавината можат да се истакнат постепено и да не бидат толку напади и забележителни .
    Критерумот за убаво кај сите е различен и нема правило убав-неубав човек.Постојат личности со голема харизма ,личности со шарм што го поседуваат и знаат да го контролираат, личност што немаат непотребни комплекси и фрустрации .Во комбинација со модерното се добитна комбинација :).
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Е, трт Милојке.
    Идеш по улица, и ко што минува народот, на чело им се појавува „Добар карактер“, компатибилност: 102,3% и онда во занес се залетувате еден кон друг и судбина ве на пут шаље.
    Колку што не чини претеризам и бирање до детаљ, не чини ни лажна скромност. Нормално дека секој има некој критериум. Еве, јас попрво ќе буљам во тип со нешто подолга коса, брадичка, со некој лежерен, гранџ стил, отколку тип скоцкан во лелеава кошула и сако...што не значи дека на вториов не би му правела муабет и дека нема можеби да се погоди да ми е сродна душа, туку не би ми бил физички избор од прва рака.
    А знам и од двата пола пребирливи особи на кои партнерот мора да е повисок 21,3цм од нив, жената да има поголема лева цицка, ушите да им се со определена форма, косата - нијанса 073, а знам и од оние што им е битно само партнерот да има полов орган (да, и за врска). :?:

    Сликовито: Ја гледаш неа во клозет во некоја егзорцизам поза што дозволува да се гледаат газот и лицето истовремено, миље сукња, колбас чорапа и сатенско болеро, праќа некаков квази пољубац, се пали на текст у стил „боља сам од твоје бивше и идуче“, а позади на шољата ѝ иде да стане и да си замине.
    Идеш кај него - ако не му е идол Урко, сонува да пее во група Огнени Момчиња, ја освојува лепотицата со Бобан Рајович, Адил и клуч од кола, збори колку е поштуван и остали бош муабети што пречат на секоја нормална индивидуа, а тој ги кажува ко да се уникатни ставови за кои со ноќи не спиел, мозгајќи ги.
    И некако овие два типа идат у пакет каде физичката привлечност е единствената привлечност, пошто таа е преглупа да има свои размислувања, а тој и онака за себе мисли дека ги знае тајните на универзумот, па му годи да си ја има да му клима на секое и двајцата ќе си мислат дека си се јак улов.
    Ама јасно ми е што ја поттикнало темава. За жал, огромен дел од младинава, да не речам мнозинството, спаѓаат во групава.

    Освен ако не ловите од погорниве типови, нема што да им се секирате дали им е толку битен изгледот. Види само Хју Џекмен и Антонио Бандерас за какви типови важат, а имаат жени (посебно Хју) што личат ко мајки да им се и делуваат непривлечно на мнозинството. Ама, имало нешто во нив.
     
    На Marossa, sparklie, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    54
    Здраво и од мене, искрено мене да ме прашате јас прво гледам физички изглед затоа што и на прв поглед тоа се гледа доволен е еден ред муабет за да го сфатиш човекот каков е од внатре, ама искрено колку добар карактер и да има немоеш да идеш со некој што не личи на чоек него на некое животно се уште не откриено, идев со еден и ми викаа сите и у лице и тогаш имав и connected и као ти погледни се која лепота си идеш со оној гроб шо не го сака, подоцна по 2 недели сфатив дека стварно нема смисла да идам со него и му кажав дека нејкам да продолжиме и не се покајав затоа што неговите зборови беа повеќе и од лажни затоа што почна да се дере нема да ме остаиш нема да ме остаиш баш им фала на влијателните мислења на луѓето од страна искрено ми помогнаа да се спасам од тој гад подоцна можеше се да се случи ма да за таа врска избрзав и ја една недела се знаевме се фатив со него, како и да е да се навратам на темата како што на мене и верувам масовно од остатокот на понежниот пол ни е битен да убаво момчето така и на нив излага он со другари и нивните девојки и некоја девојка не е убава како да каже ова е мојата девојка ако е он буквално некој лепотан ај да не е и он цвеќе за мирисање и така и така ама у претходно кажаната ситуација не, толку од мене позич :*
     
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Да битен е ама не и најбитен
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    izgled moze da e vazen samo za pocetkot (vikam moze da e zoso sum osetil interest i za zeni so neizgledaat dobro)

    posle toa zavisi dali e zaljuben u tebe

    ako bil zaljuben nema da mu smeta ako se smeniss/ostares
    promenata e del od zivotot
     
    На BoneMachine и tessie им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    135.070
    Ако има мажи кои се заљубиле во нијансата на ноктите на девојката, во двата слоја сенка, принтаните хулахопки и бродираното здолниште, тогаш, да најбитен им е изгледот во врската.

    Риалити чек - за врска не ти треба убавина и мажите го знаат тоа - ти треба другар, партнер, секс, љубов, памет.
    За едновечерен секс ти треба убавина и сексипил.
     
    На crazylady, Marossa, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Тогаш зошто ставате слики на убави девојки во аватарите, а не груби, со целулит, дебели? Зошто секој потајно си посакува да има убави црти, атлетско тело, густа коса, убави заби?

    Можеме да се залажуваме до утре, но ние бираме партнер спрема тоа колку ни се физичките можности. И за убавите и за грдите има маж/дечко.

    Зошто на плажа сите девојки гледаат во тој со атлетско тело, убаво лице и коса, а не во тој со голем стомак, стрии, збуцкано лице и со поретка коса?

    Тие убави машки и девојки 10 пати поубаво си проаѓаат во животот отколку тие не толку убави коишто искрено многу повеќе се мачат во животот само колку да би биле повеќе привлечни во очите на другиот.

    Зошто ставаат во филмовите убави актерки и актери? Кој би гледал љубовна романса и драмс со ружни актери?
     
    На crazylady, sajonaramucaca и mime87 им се допаѓа ова.
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Затоа што убавината е во мода. Тоа го продаваат медиумуте. Тие ги диктираат правилата за убавина или за набивање комплекси. На прв поглед привлекува изгледот ама со подобро запознавање, најубавата девојка може да стане грда и обратно.
     
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    E kakva e ovaa moda koja trae so vekovi :)
     
    На sajonaramucaca и Daydream им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Еден период биле во мода дебели жени па сега слаби. Па виткана па права коса. Па плавуши се во мода па црни жени. Се тоа е диктирано. Па еден период под секси се подразбираа силиконите на Цеца, сега се аут... Ако е во тренд кратка коса многу посегнуваат по таква фризура, па после се ставаат надградби... Во мода беше францускиот маникир па следеше еднобоен маникир во јаки бои..... Сите се трудат да ја покажат дека се во тек со модните правила.
     
    На danichap и galapce им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Da no seto toa vo svoe vreme se narekuvalo "ubavo".
    zarem se se sledela modata da od sekogas prvo privlekuvala ubavinata?
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Факт е дека убавината привлекува карактерот задржува.

    И за машки и за женски
    Толку од мене
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Јас би рекол, без оглед на мода и се, за секое тенџерче ќе се најде капаче. Секојдневно во животот или на улица среќаваме луге за кои во себе си велимем, зарем и оваа некој ќе ја земе? Епа ете и за тиа за кои ни е неверојатно дека може некој да ги земе и некому да бидат убави, ќе се најде некој, кој и во нив ќе види нешто убаво или затоа што од било која причина неможе да има нешто подобро. Понекогаш некои луге од различни причини немаат право на избор, туку мораат да се задоволат со она што им се нуди како не би останеле и без тоа.
     
  17. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Мила за вкусови не се расправа некој сака исушени некој сака Ким Кардашијан, некоја сака атлетско тело некоја пари ... Се е различно и се е она како ти го перцепираш човека, брат ми направи операција ушите да не му се клемпави, другар на дечко ми ги издолжи и заклемпави, јас сакам заби како бисери другарка ми сака цеп на средина ...

    Така да уопште не се согласувам со мислењево твое посебно ова за на крај ... не е точно дека убавата девојка полесно поминува низ животот, туку по итрата ;)
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.350
    Кога го прашав мојов на оваа тема ми рече не може да се замисли да биде со полничка девојка:tmi:, дека од старт нема да и даде шанса. Дека најголема казна за него би било девојката од после да се здебели :rofl:.

    Дека си има замисла за некој минимум за целокупниот изглед и да сака не може да ја надмине таа ментална бариера што си ја има поставено за да отиде на втор дејт.
    Доколку чуствува некаква привлечност дека критериумите за внатрешните квалитети се далеку построги од оние за физички изглед за оној втор дејт.
    Така да реално е битен, но не и најбитен т.с пресуден за да се дојде до врска.
     
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Каква мила, човекот е машко. :rofl:
    Не е само да сакаш туку треба и ти да бидеш соодветно градена за да сакаш некој со атлетско тело. Неможе ти +20 килограми вишок а тој атлетски граден. Ти може да сакаш ама тој не.
    Можеш да сакаш богат, но ти ако немаш е*ан денар во џеб, тешко дека тој ќе сака да биде со тебе....[/QUOTE]
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
    На JustBeYou му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Леле не видов ахахаха извини Прличко драги :P