Секако не сум геј но многу ме заинтрегираа и интересираа вашите мислења тотално во сите категории? Поздрав до Сите нов сум.
Значи, името на форумот и воедно на целиот сајт е ФЕМИНА. Дискутираме тука генерално на женски теми (сепак, строга граница помеѓу она што е машко и она што е женско БАШ не може да се направи), но тоа не значи дека не смеат машки членови да се зачленуваат. Напротив.
Форумов е за забава и за едукација меѓу другото како за девојки така и за машки..сите по нешто ново учиме и дознаваме, споделуваме искуства и сл. Се надевам ќе ти се допаднеме Добредојде
Ти посакувам добредојде, иако и јас сум релативно нова Се надевам дека ќе ти биде интересно со нас... Иначе форумов е за женски, а имаме и машки членови...Најважно е да се забавуваме и да споделуваме искуства...
Ме изнервира она не сум геј,..па никој нема ни да рече дека си ....јас сум женско и ме интерсираат сите мислења на форумат, па тоа не прави да бидам помалку женско од останатите или обратно... Мислам дека за тебе и за сите мажи во Мкд е добро да се заинтерсирни за она како ние гледаме на работите кои вие ни ги правите нам (што нам ни смета, а што прави да направиме се за вас) а и обратно, и ние сакаме да знаеме што вас ве навредува, а што е она кое прави повеке да не сакате... Едноставно сметам дека е супер да разменуваме мислења ...за мене си и тоа како добредојден за оние машко-женски проблеми кои ни задаваат главоболки.....едвај чекам да видам твое мислење-од машка гледна точка ... За сите вас добредојдовте!
Кога би била машко, форумов би ми бил БИБЛИЈА,толку многу информации за еден куп жени, на различно место и на различна возраст. А инаку, мажите на форумов ни се ретка врста и посебно заштитени со закон. И за да во иднина немаш дилема: геј си ако те пали газето на другар ти, а не зачленувањето на женски форум
Ке бидам искрен, се зачленив на форумот со цел да коментирам на темата за Пластична Хирургија, ме интересираше таа тематика, и Фемина беше еден од форумите каде што има развиено квалитетна дискусија на таа тема ... Во меѓувреме читав(Шпиунирав) други теми кои се чисто женски, не коментирав, и дознав многу за жените, нивниот начин на размислување, предности и недостатоци, и ред други работи ... Можеби ке звучи клише, но сознавајки ги тајните на женскиот пол овде, успеав да си го подобрам сексуалниот живот, како мојот, така и на партнерката ... После Фемина, ми се смени начинот на кој што гледам на женскиот пол ... Се на се, иако е женски форум, има премногу квалитетени информации и за машките, само кој како ке ги сфати, имплементира...
Па еве кога веќе имаме машки членови, нека искористат да прочитаат некои информации, и да знаат дека понекогаш во нашите очи се нешто најубаво, и сето тоа знаат да го срушат за миг и да бидат најголеми идиоти.. па веројатно и ќе им послужат некои информации да знаат што не повредува, привлекува, како да не придобијат итн.. сепак не сум против нив на форумов добро ќе ни дојде некој совет од машка гледна точка.. добредојдовте за сите машки на форумот
Која е поврзаноста на форумов и хомосексуалноста? Да, фемина/е знаеме што значи, ама форумот не е стриктно женски, ниту пак има теми само за овој пол. На форумов има машки, а ете јас никогаш не сум се посомневала во хетеросексуалноста на Мистери на пример. Сепак, имај во ум што не поднесува форумот и темите кои ги има, а привлечни за читање мислења не се на одмет, без разлика дали си машко или женско.
Мислам дека форумов не е баш ограничен на само за женски иако се вика Фемина, така да мислам дека добредојдени се и машките и нивните коментари доколку не стануваат вулгарни и некултурни. И мислам дека се потребни тука машки членови да разјасниме и некои проблеми, да ги видиме и нивните мислења и искуства. А машките од тука можат да најдат многу информации и мислења на еден куп жени. Така да добредојдени се сите машки од моја страна се додека не го манијачат форумот
Ако имаш некое квалитетно мислење за нашите женски муабети ,можеш да се изјаснеш со сета слобода на говорот , т.е. тастатурата , тоа ти е граѓанско право Добредојде и од мене ,ти посакувам многу забава и пријатен престој !
Мене ми се смачи од читање на АskMen и MensHealth па морав да се префрлам малку тука да се разбие монотонија. Со тоа што фемина има голема предност, ти носи информации директно од фронтот, од први борбени редови Во секој случај одличен сајт особено како backdoor во женската психологија