Ами рамноправност бараат, нека си прават и тука профили, нели си имаат слободно време на претек? Нели си немаат реален ангажман во животот? немој сине не работи, немој сине не гледај деца, и синко си седи на фемина, брка жени по сајтови. ако сине, приклучи се на фемина, немаш друга работа - па ќе практикуваш спорт бидејќи гледам сите во тие теми се приклучени маженцава....тоа е
Тоа е исто како на сајт за мажи да има прашање - дали форумов е за жени? Тоа нема ама баш никаква врска со слободното време, со гледањето деца и слично...Тоа е ствар на карактер.. Тогаш ние жените како успеваме и деца да гледаме, на фемина да дремеме, да одиме на работа, да готвиме и пак слободно време да имаме
Абе јас ептен моментално сум во администрација инаку овде во бт умре марко велиме - или нема шанси кај приватник да работиш и да дремиш на фемина истовремено. ју ноу рајт?
Добро бе @macencef долго време те пратам. Ова не е дали некој има или нема слободно време зошто еден час за социјални мрежи секој има во денот, како и жени - така и мажи. Јас лично, за тебе, мислам дека имаш проблем со мажи воопшто, барем така ми делуваш веќе долго време, а не дека конкретно на темата тие се безработници и без обврски. Да не бегам многу од темата, и машките членови на форумот се тука да ни помогнат да го изградиме подобар, секогаш е добро да се слушни и мислење поинакво од генералното или одредени предлози, желби и идеи кои би имал некој од спротивен пол. Крај краева форумов не е само категориите бебе, бременост, козметика туку има многу повеќе и од таму има голем простор за било кој пол и било која возраст.
Јас сметам дека повеќето машки на форумов се зачленуваат на почетокот од радозналост т.е. да ги видат мислењата на жените по одредени теми.Но одпосле тоа не е така кога ќе се вклопат во шемата..
Ауу сум имала луѓе кои ми ги пратат мислењата - фала ви. Е сега моето радикално мислење пааа ќе го образложам вака. Има луѓе кои ми ги сакаат мислењата тука, ако добро ме пратиш сум била и критиковата мн. Се е ок, срцка, не можам на сите да им се допаднам, а и не се трудам. А тоа што мислам дека се безработници, образложи ми зошто мислиш дека се, или еве да речиме на колку мажи доаѓаат амбициозните, паметните, способните и генерално тие што се добри? Во мојата средина можеби 30 % мажи се такви. Останатите се од секакви профили, без оглед на образование, пол, религија, или определба за фудбалски клуб - не им се работи. Жените одат и работаат за 8000 денари месечно, додека нивните мажи седат цел ден во спортска кладилница или кафич со 30 денарско еспресо и се жалат како нема работа. А ако си од некое место (Скопје рецимо или некое поголемо место Белград итн итн) тука работите се мн мн поинакви и свеста на мажите е друга - јас појма немам каква. А ако не ме бендисваш, ок е, јас си се бендисвам самата.
Према што си пишала во претходното мислење од исто место сме. @macencef Не реков дека не ми се допаѓаш туку дека те пратам и забележувам дека тема мажи ти е премногу сензитивна и сметам дека ова не го велиш од страна рационално и размислено туку од аспект на твоите субјективни чувства кон темата мажи. Јас познавам амбициозни мажи и жени и обратно, па не си давам за право да генерализирам дека некои се подобри од други зошто ценам индивидуи, а не групи.
@"Zoki" За тебе се може, ти си преку врски тука тука да не речам преку мене така да уживај во летот,билетот е од мене
Сметам дека нетреба да има машки членови во форумов. Самиот наслов кажува. А и жените треба да имаат свое заедничко катче.
Мое мислење е дека ок е да има и од нас на форумот но не на сите теми, да има некои теми каде пристап ќе имаат само женски и тоа после одреден број поени или месеци на форумот, да би се знаело дека навистина ги користат девојки тие профили. Останатите теми не ги посетувам, самото тоа што сум машко ме става во ситуација да се расправам со одредени припаднички на женски пол поради некои момци неранимајковци од минатото и поради хистеријата на неколку форумџики.
Ни треба и по некое машко мислење на форумов. Некои се за тоа и се океј, други се демначи на темата секс и пишуваат во пораки на чипуња, со надеж да го брцнат. Има многу машки кои се претставуваат како женски. Немојте плс. Идиоти сте.