Нема зијан од машки на форумов, под услов да не се манијаци кои им е целта сексуално да ги вознемируваат членките.
Зошто да не е незнам зошто генерализирате, ако сакат нека пишуваат кај нас е уште срамота да се искажуваат машки чуства посебно во страните за врски и раскинувања. А тоа што пишуваат за секс на страните е океј секој си има свое мислење незначи дека е манијак.
Манијаци се ако по ЛП напаствуваат сексуално жени. Не зборувам за обичен муабет ко: Како си? Туку ваков: А ти сакаш да работиш анал а? - оваа порака, денес ми стаса
Мислам дека им се одвишни мислењата на машките членови во теми како Абортус, таа темата за курви што ја затворија и слични. Иначе немам ништо против машките членови се додека не навредуваат и нивните ставови не се насочени кон една жена или одредена група на жени која ја навредуваат, сметаат дека нејзините ставови не се во ред и слично. Сепак на женски форум да кажуваш дека жената нема право да абортира, како требала дома да седи и била само за секс е ту мач.
Јас на форумов се вратив после 4 години. Не дека во меѓувреме имав девојка па зафатен бев туку после толку време ми затреба анонимен совет од женско за како да постапам со женско. Полот јавно го објавив од старт (и ставив ``машки`` аватар) за да не дојде до недоразбирање дека сум ``прикриен агент``. Мое мислење е дека машките треба да бидат на форумов чисто заради да споделат совет, мислење од машки аспект, но секако да бидат ограничени со присуството на некои теми. Досега сум немал непријатно искуство со девојки а ни тие со мене како што можам да приметам. Прв сум почнал муабет со неколку и неколку почале први муабет со мене. Админ може да провери што сме збореле и да процени дали имало некои манијакални намери од моја страна. За ``машки`` и ``женски`` форум ќе искоментирам само дека мене на пример тотално не ме интересираат коли и се поврзано со нив. Никогаш до сега не сум полагал за возачка (иако доста време помина откако наполнив 18 ). Можеби ќе полагам некогаш кога ќе имам сериозна потреба од кола. Некои девојки ова ги интересира и тоа многу повеќе од мене. Дали за нив под дифолт ќе биде забрането да идат на форум за коли затоа што тоа е ``машки`` форум ?! На крај краева јас сум само обичен член. Има админи, модератори ... Ако сметате дека ние машките членови сме ``отвишок`` слободно банирајте се. Покрај сувото нека гори и суровото. Толку од мене и поздрав
Не треба ограничување на ниедна тема, и плус, вие ќе научите за тоа како жените размислуваат, што ги мачи, што ги радува итн...
На времето со другарка ми се зезавме кога гледавме како машки од наше одделение ни бараат да ни ги прочитаат тогаш месечниците ТАА/КОМПЛЕТНА итн. кој и да беа сум ги заборавила, се зезавме на тема овие машкиве читајќи совети за женскиве и како размислуваме има се да научат за нас, а ние за нив од кои списанија да учиме. Ама во тоа време интернетот беше мисловна именка, памтам татко и на познајничка имаше зошто сестра и беше во Америка па да се слушнат, па како пискаше тоа конекцијата и немаш телефонска линија у меџувремену. Да не одам оф топик, мене лично не ми пречат машките на форумов доколку сакаат да учествуваат во дискусии, разменуваме добронамерни совети и така. И со нивното присуство се збогатува и прави поразнолик форумов.
Тотално се сложувам. Колку и да звучи невкусно но после читањето на темата омилена секс поза заклучив дека доста голем дел од женската популација ужива во доги што јас предходно ја потценував позата поради немањето "еye contact ", исто така немаше никогаш да дознаам за глупавите инсистирања во врската од страна на мажите кој што ја разнишуваат довербата и го убиваат либидото кај партнерката ако не прочитав тука (а тоа ретко која дирекно во очи ќе ни го каже). Благодарение на форумов јас лично многу се променив во очекувањата, желбите, глорифицирањето на некои небитни работи...
Имаше мали обиди со Плејбојот на македонски јазик и со уште едно списание (мислам дека се викаше Машки Свет или Машки Магазин )да се отворат некој теми поврзани со мажите но брзо пропаднаа заради слабата побарувачка.
Оти мажите се 'ловци', а жените 'лов'. Нема што да анализираат за чувства. Стапот по гла, за коса жената, и ја влечкаш в пештера за секс. За нигде ни е дијалогот меѓу половите. Имаме многу работа, по се' што имам видено во моите 42 години... А не е скоро ништо сменато во тоа време... Уште се истите стигми за тоа какви 'треба' да се мажите, а какви жените. Исти сме мамицу му јаречу.
Има некоја тема за машко - женски односи да не идме офтопик ? инаку после ова : ``Стапот по гла, за коса жената, и ја влечкаш в пештера за секс.`` иде ова ``Стапот по гла, клоци в газ, и го бркаш надвор да иде во лов . Мајката природа или големиот креатор такви не создале , што или ќе се навикнеме и трпиме или сами ќе си умреме.
Не мора 'да се трпиме' воопшто. Треба само да разбереме дека сме многу послични, отколку што си мислиме. Така, ќе нема потреба од 'трпење'
Убаво е да има машко-женско пријателство, најчесто поради совети онака анонимно, за во реалноста да ни биде полесно и подобро
Да, ми се допаѓа кога читам мислења од мажи поготово во темите за совети за врски, сакам да знам што мислат.
Во тема Совети од женска страна за сите машки, треба да се бришат советите дадени од машките членови. И во темата Совети од машка страна истото да важи за женските совети. Има башка општи теми за љубовни проблеми и совети, овие две му доаѓаат како дупли.
Јас баш сакам да читам коментари од машки, ете од секогаш ме интересирало како размислуваат во врска за све
Затоа има тема Совети од машка страна и Совети од женска страна. Ама се' е испомешано таму, не е ограничено на машки и женски мислења. Се согласувам дека така се губи поента, исто ко некој да пишал во Љубовни проблеми и совети.