Точно е не треба да има ограничивања, но ако сам не сум успеал да научам што ја мачи, што ја радува или како размислува партнерката .. Што барам на форуми да читам, односно треба да се запрашам сам зошто сум со таа личност ако неможам да научам што сака, а што не - што ја радува или прави тажна итн.. да да .. се сложувам дека може доста и за тоа да се научи од искуствата на останатите, но секој човек е различен и неможе да се спореди, ако нешто тебе те радува, на другиот можеби не .. итн ... Инаку јас дојдов овде стрикно заради тоа што во темата здравје има доста различни мислења и искуства ( споредено со други форуми), но малку по малку шарам и по другите теми
Општо. Кои се општите женски проблеми и предизвици? Како е да живееш како жена во ова општество? Не да научиш каква е девојка ти по карактер.
Хахахах!!! Ако била "стока" сигурно не би биле заедно .. а пак можеби и двајцата сме, па затоа си одговараме
Како што ти рече членката пред мене, мажи кои не се служат со вулгарен сарказам како оној твојон во темата за соседи. Мажи кои не се сексисти. Мажи кои сфаќаат дека форумов не е дејтинг сајт, туку сајт за дискусии на разни теми. Мажи кои не се манијаци и предатори. Мажи кои го прифаќаат зборот не за одговор и ги почитуваат туѓите граници.
Дојдоа од радикално мизогинистичкиот матичен овде да трујат... прекрасно. Не дај Боже таму женско да пише одма навреди и тоа најпогани и најниско се удира. Ајде гитла остајте жените да си се занимаваат, ако толку ги мразите, фатите си дечко. Стварно преку глава ми е, државава цела отиде јабана, дел од јунацине наши со вишок енергија и слободно време, наместо да фатат да спасат колку се може исправаат криви дрини и вреѓаат жени и девојчиња по соц.мрежи. Досадивте бре и Богу и народу. Кој знае да дискутира секако е добредојден.
Секако дека е. Ако не беше, од почеток ќе си стоеше известување дека е само за жени. Тоа што релативно новите машки членови не знаат како да се однесуваат е скроз друг проблем и премногу се мешаат две различни теми. Додуша ова е повеќе дел каде треба модераторите да се заангажираат. Има и доста машки членови чии мислења се тука со години и си држат до некое солидно ниво на квалитет и култура. И да, немојте да се огорчувате и паѓате на глупи провокации. Од новите.
Мене ми падна во очи дека има мажи тука коишто се однесуваат пристојно, додека другите за жал си даваат за право да ги манијачат фемининките тукќа и да пишуваат секакви глупости по форумот.