Јас не гледам зашто да не е за машки. А и да е забрането за машки, демек некој нема да може да се претстави како женско и пак да си се зачлени... така е уште полошо. Јес да тука доминираат „женските“ теми, но сепак и машките може да земат учество.
Се разбира дека не ми пречи воопшто што има и машки на форумов. Можеме и ние да добиеме некој корисен совет од нив, а и тие од нас. Машки повелете на форумов и истакнете ги вашите способности
Како што сум заприметила (иако сум нова) има машки членови на форумов Мене не ми сметаат Само мислам дека нема соодветни теми, разговори и содржини кои би ги заинтересирале нив Сепак нивно право е и доколку им е убаво и интересно тука нека останат Па нема белки да се делиме на амашки и жениски друштва како турцине ( со ова не сакам да ги навредам турците само кажувам дека тие така се делат )
Не дека ми смета, кој каде сака и што сака нека пишува.. Ама искрено, понекогаш и чудно ми е некако. Ај, сеедно, што ме интересира мене.. И онака мој тип не е некој што седи на женски форум
Е што де .Они сигурно не пишуват во Мода и Убавина или некои други женски теми. На форумот има и други теми чиј став може да го изнесе секој,небитно машко или женско.А и убаво е да се слушне мислење од машко во врска со некоја тема како Совети од машка страна за сите девојки. Мене не ми сметаат воопшто.Дури многу од нив ми се интересни и сакам да ги читам.Сега ако се појави некое машко кое само трола по темите за Секс и праќа лични пораки со непристојни зборови нормално дека ќе ми смета ама вака не.
мене не ми пречи ако се некои како JoxyTheFreak или Nightwalker но некој како несреќниот или други кои среќата си ја испробуваат на форумов јас за такви би рекла едно не
Не сум знаела дека има и машки Сепак не верувам дека би сметале бидејки може да се слушне и нешто од нив..вака покорисно за жените.
Убаво е што има и машки на форумов што можеме да ги посоветуваме и да не посоветуваат за некои работи што не така лесно може да ги направиме Поздрав до сите машки на фемина
Мене лично воопшто не ми смета што има машки на форумот. Баш напротив, ми се допаѓа тоа. Се додека не се злоупотребува. До сега што сум ги читала некои машки ми се допаѓаат нивните мислења и начин на размислување. Па да знаат, добредојдени се.
И јас се согласувам со Ла-лита,сите мислења до сега што сум ти ги прочитала ти се на место....браво за тебе
Зошто да не? Па колку дилеми тие мажи разрешиле, баш гледам по темиве, особено темите за совети, стварно секоја чест за одвоеното време и за корисните совети кои многу помагаат. Искрено, кога се зачленив на фемина и не ни ги гледав мислењата од машки членови (веројатно не ги ни имаше толку активни пред 2 години) си мислев дека ќе се најдат куп загорени и очајни мажи кои повеќе би го злоупотребиле членството на форумов одошто би биле од корист, но гледам дека и да ги има, супер тимов од модератори и администратори добро си ја вршат работата. Она што го гледам во најголем дел се културни, современи и исклучително интелигентни млади луѓе кои навистина се интересираат за тоа што жените мислат сакаат и чувствуваат, а и се секогаш тука со нивните повеќе од добредојдени совети од нивна страна. Да не зборам за тоа како фино си се надополнуваат еден со друг, дарежливо користејќи го сопственото искуство во давањето на што подобар совет. Само можам да ги поздравам и да речам блазе им на оние кои ги имаат во нивно друштво вон виртуелниов свет. Мислам дека Фемина треба да се гордее што ги има (иако верувам дека тоа веќе е случај).
А да се отвори тема со наслов Пофалби за машките членови на Фемина, може? Покрај придонесот што го имаме ние, машките членови, и кој верувам дека се цени (даваме се од себе де ), ќе ви кажам сеа зошто и за нас е добро да сме на џенски форум, преку наједноставен пример - хипотетичка ситуација: Си седи батко Феникс со млада, згодна и неопходна женка, и се обидува да ја импресионира, изигрувајќи кловнови, казанови, Џекови, Енрике Иглесијаси и што ти знам таму... Ама од неа никаква повратна реакција, штама. И така, иде батко Феникс сиот хепи дома, мислејќи дека некој ќе го сања ночас, си се логира таков насмеан на форумов, и кога гледа - ШОК! Актуелно мислење од некоја Феминка: „Леле девојки, што несреќа ме снајде, сполајте, каков кретен, кој шупак, па коа почна да изведува дворски шут, па Енрике да ми го глуми, а не знаеше дека ја сакам сериозни момци, и срцуф4ето Џастин Бибер, мwa ...“ И така батко Феникс си научи дека од тој ден, па натаму, пред дамите само Бејби од Џастин Бибер ќе ја пее. http://www.youtube.com/watch?v=kffacxfA7G4 Сума-сумарум, остајте нашиот придонес, девојќи, и ние многу учиме од овој форум.
Се сменија времињата. Сам се перам, се пеглам, готвам и така и ја најдов фемина како место каде може на форум да се прочитаат многу корисни совети. Исто такаможе и да се прашаат ај да не кажам покомпетентни, но поискусни. Нема веќе класична поделба на машки и на женски работи. Има само работи кои мора да се завршат и тоа е се. Е кога нешто работам, тука не трпам компромиси и сакам/се трудам да сум добар/подобар/најдобар. Па зар е грев и да се ужива во некои од тие работи како на пример готвење (а чистење по дома ми е антидепресивна терапија) Во секој случај сметам дека ова не ме прави ниту геј ниту пак метросексуалец а и јавно си кажувам дека сум член на сајтов.
Брат ти пружам рака за ова си ме изнаснеал со оваа твоја хипотетичка ситуација, ама и признавам дека целосно си во право. Поздравче до тебе