Едни без други неможеме,и не се потребни вакви теми да се пишуваат наместо тоа треба да се гласа за најдобар машки член на фемина.
Колку само во почетокот бев против машкиве на форумов, ме иритараше фактот што ова пред се е femina а не Malemina на почетокот дури не бев многу уходана со форумов, никовите како Yipiman elemental и сл ги дефинирав како женски па ми паѓаше малце чудно,значи ни на крај памет не мислев дека би можело да има по некое машко тука... Ама супер се.. се надополнуваме меѓу себе,што би се рекло не би се можело едни без други. Што се однесува до избирањето на најдобар ,не би била идеата добра со оглед на тоа што на прсти се бројат активните машки членови. И можам само да му завидам, што тие преку овој форум знаат за нашите ,желби тајни мечти идеи а ние за нив како да дознаеме ?
Исто и кај мене! На почеток толку ме нервираа, бидејќи ФЕМИНА на италијански е ЖЕНА и си викав што прават овие тука!
Јас не би сакала да е за машки... сепак ова е фемина - женски муабети... Мислам дека нема потреба машките да ни се мешаат, ама што е тука е!
Благодарам на Фемина. Незнам како ќе ја преживеев изминатава година да не беше форумов. Секогаш постои опција да лажеш при регистрација но сепак тоа мене не ми лежи.Поентата е искреност пред се, пред себе, за сопствените чувства а и кон оние од кои очекуваш непристрасен совет или (што да не) подршка. Не сме ние секогаш појакиот пол. И ние знаеме да "рокнеме". Тоа што можам да го пишам/кажам/прашам на форумов неможам баш со другар да го разговарам (плус и знам што и би ми кажал). Згора на се, сам се пеглам, сам се перам, готвам за децата кога се кај мене, сам чистам.... Ај кажете ми дали некогаш сте слушнле мажи да разговараат кој омешивач е подобар и кој со какви алишта иде Значи, форумов ни треба на одредена категорија на single мажи кои и не се геј. Ни во лудило не ми паѓа на памет да се женам само за да донесам служавка дома. Не спаѓам во тој стереотип и имам малку поголеми очекувања при изборот на животен партнер.
Мене машкиве тука воопшто не ми сметаат. Напротив интересно е во сите женски мислења да налеташ на некое машко...и да видиш од нивна перспектива за истото.
Добро е што има машки. Убаво е да слушнеме мисење од машка гледна точка. Имаат и тие помогнато на доста девојки, даваат корисни совети, и воопшто не ми сметаат.
Очигледно не е, затоа што погоре пишува "Женски форум", али мене воопшто не ми пречат. Вака можеме да погледнеме и од машка гледна точка на некои работи. Па дури и совети ни даваат.
Најглупо нешто ми е кога ќе видам како машко пишува по форумов. Фемина- женски сајт...не бе не гледаат они тоа. Сум приметила некои се зачленуваат и ми доаѓа лп дал сум да муабет. Да бе ја на женски сајт сум се зачленила за со некој тука Spoiler пешко муабет да правам. Не ми се јасни луѓево, а па кога ќе видам некои коментари што ги оставаат ми се вришти. Или феминките ќе пишат "Девојки ми треба помош..." и овие ете ти ги први...ту бееее....
Па, не се сите машки акаунти поврзани со сексот... Некогаш советите на машките се корисни и за други работи освен секс... Како Capitan-Omini (ако вака се пишуваше) активен е и на темата дом. Има и други. Но, стварно сите машки кои се „палат“ на темата „Секс“ би требало да бидат банирани.