Искрено, некои не ми сметаат. Поточно, воопшто не сум сретнала некој напален. Јипи, Дволичен, Марјан и тн... што им фали на нив?
Да, зошто да не никогаш не е на одмет да се прочита и машко мислење.. а и немаме некои кои гњават, сите ни се паметни, фини, културни
Секако дека е и за машки,не треба да ги дескриминираме.Како и ние,така и машките сакаат да добијат совет за некој нивен проблем,а и ние имаме потреба да добиеме добронамерен,искрен машки совет и мислење за некои работи.
Ако не е за машки онда не е и за деца.Мене повеќе ме иритираат децата.Машките не. Имаше некои изливи по ПП од некој напалени дебили но тие у принцип не ни пишуваат јавно на форум, умараат само со -ај да се најдеме на секс. Фин и културен човек е ЧОВЕК,а дали ке е машко или женско е независно.
А зошто би правеле полова дискриминација Секој што сака да го каже своето мислење, да побара совет или да сподели лично искуство,а притоа да биде искрен,а не со подмолни намери има место за него меѓу нас.Во еден пост имам напишано и пак ќе потенцирам,јас имам повеќе машки,отколку женски пријатели и досега не ме разочарало нивното пријателство и повеќе им верувам нив,отколку на жените.Ако на некој сум се доверила,тоа е личност од машката популација.Иако сум нова,редовно ги читам и не се за потценување нивните мислења. Од мене едно гооолемо ДААААААААААААААА
Имаше еден фин дечко, супер мислења, онака длабоки, да не речам, баш го зашитав еднаш. И после некоја му пишала дека машките идат на форумов за да фанат женски, дека бил дркаџија, нешто такво и после неаше мисења од него. Да ме утепаш и никот не ми текнува сега. Битно, фомуов ке еподобар ако за милион женски проблеми се чуе и машко мислење, ама бидејќи на некој не му одговара спротивно мислење од своето, се труди со сите сила да ги нема. Јас сум за, ако ништо друго барем да не читаат, знаете колку работи ке се олеснат ако и машките знаат се што мислиме?
10/10 за постот. Машкото што избегало од форумот или има преголема гордост или е кукавица во душата или е со нестабилна самодоверба, а најверојатно комбинација од сите три. Има лоши и кварни женски на овој форум тоа не е спорно кои намерно сакаат да иницираат комуникација со машките членови и после да им спуштаат муабети, само на тој начин можат да преживеат и да си го нахранат (полу)мртвото либидо пошто никој не ги есапи 2% и сакаат да мислат дека имаат некоја моќ во животот глушејќи .!. на рандом машко тука. Ајде нема да кажам збор од типот глупава, ама секоја цура тука која мисли дека машките доаѓаат на форумов за да бркаат женски, за да стекнуваат пријателки од очај (прочитав вакво едно мислење) се крајно ограничени! Во време на невидена експанзија на технологијата и експлозија на интернетот, комуникацијата преку форуми и социјални мрежи е нешто секојдневие. Тука сме да разменуваме мислења, да си помагаме и фала богу ако некој некому се допадне и да се спариме. Сигурно има и забегани машки кои ви пишуваат манијачки пораки меѓутоа тие имаат кратка кариера на фемина, треба да ги негувате и чувате машките како мене и другите кои членуваме on & off изминативе 2-3 години. Запомнете: цело е кога има се. Мислење без машки и женски став, перспектива, гледиште итн. не е целосно мислење, мора да се чујат двете страни.
Пред мене прочитав доста огорчени девојки од некои машки на овој форум Изгледа има некој што ни ја уништува репутацијата на сите. Инаку еве едно мислење од машка гледна точка. Јас читам онака неколку најпопуларни форуми на некој сум и активен кога имам слободно време, како на пример сега у 3 и пол сабајле . Се зачлевнив овде не само за да добијам некои инсајд информации за женското размислување туку женските во генерала некако имаат повеке разбирање и нивните мислења околу некои теми стварно ми помагаат во секојдневиот живот, бидејки малку се пријателки со кои можам да поразговарам на некои длабоки и доста лични теми и да добијам совет и мислење од женска перспектива. И се надевам дека никому не пречам.
Или пак си рекол, што има да се натурам каде што не ме сакаат? Не можеш со сила да бидеш со некои кои јас ти кажуваат дека не те сакаат бидејќи си машко. За вториот болд, она што на еден друг форум беше спарување и разделување со постови и секс на собиранки, овде не оди. Барем не колку што знам јас, сепак за се последна дознавам. Инаку, множете се повеќе мажи на форумов, мене мерак ке ми е.
Слободно зошто да не со тоа ќе можат жените повеќе да го сфатат машкиот мозок мајтапче Разменување на искуства и слично мислам супер е
Мислам дека пишува дека е форум за женски,но сепак и некои машки се интересни.А тие што тражат женски треба веднаш да се банираат !!!!Сепак никој несака да си одат vitomir,dvolicen и Yipman2,нели?