Како би се отстраниле? 1000 души има со женски никови и башка уште 1000 со машки никови.... Од каде би знаеле кој е машко? Кој е женско? Нека биде лого на форумов ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА МАШКИ
Мене не ми сметаат машките воопшто Посебно младите, а од постарите само малку ме фаќа страв... Инаку само кажував дека нема шанси да се отстранат машките и да си се помират со реалноста.
Пошто дремат во подфорумот Секс и се палат на коментари од малолетни девојчиња..... п.с. А можно е ќерка му да пишува од другата соба, ама битно тој си чита и си прави фантазии
Не бери гајле ти за тука, на ФБ имаш сигурно слики на кои мажи кои ти се пријатели, а се со лажни профили дркаат. Затоа, не е тука проблемот, никој не може да дрка на тебе на форум. Немаш слики, а ако некој сака да дрка ке си отиде на порно сајтови. Ако имаш основано сомнение дека возрасен маж иницира секс со малолетнички, пријави на администрација, а они имаат оврска да пријават до МВР, оти тоа е кривично дело, а секој кој го крие исто така, одговара. Затоа, ако не сакаш ти, пријави до администрација, во спротивно би звучело само како обична лажна тревога на тинејџерка дека сите ја сакаат. Јас немам проблем со мажи никаде на светов, па ни во женско веце. Уште помалку ако се паметни и фини мажи, како овие неколку на форумов, со кои има муабет и разменување мислења. Сите ставови од типот не сакаме мажи на женски форум, ме потсеќа на маса со друштво каде делени седат машки и женски, оти срамота е да се измешани, ќе рече некој, се сакаат.
Femina=fem=female=жена,женско Добро сега,зошто па да не и машки?Секако дека форумов е наменет за женски,но не е лошо да се најде и по некој машки член.Не мора да значи дека сите машки се педофили или некои така забегани типови.Има забавни така некои совети ќе дадат,ти реков ми рече,ова она и така.Освежување што вика ангелче
Е таман работа ако дојдеме и до МВР Од обичен коментар некој ќе си наебе И 100 пати кажав, ај пак ќе кажам дека машките не ми сметаат воопшто. Кој сака нека доаѓа, кој сака нека чита, ако им се дрка нека дркаат... мене не ми смета воопшто. Кажав дека БИ ми сметало ако има постари мажи на форум каде што преовладуваат млади девојки. А инаку млади машки воопшто не ми сметаат, нека коментираат, нека кажуваат случки и мислења, нека даваат совети... Плус некој и да сака да нема машки на форумов едноставно не е можно. Тие пак ќе си доаѓаат со други никови, така да џабе си коментираме... П.С. Јас не сум ни малолетна, ни тинејџерка...
Не ми пречи да има машки членови на форум, убаво е покрај толку многу коковчиња да има и некое петле да се слушне и нивно мислење, став за поглед кон животот , љубовта и сексот .
Зошто да не биде и за машки? Да, официјално е женски форум, но убаво е понекогаш да се чуе и мислење од спротивниот пол. Не ми се допаѓаат само оние машки кои напнуваат по некои теми (за секс, на пример) и се дрзнуваат да праќаат лични пораки со недолични содржини. А сите оние отворени за нормална дискусија ми се добре дојдени. Да има некој асален наш машки форум, со задоволство би се зачленила, иако сум женско.
Зборат две плавуши и едната ја прашува другата - што мислиш за што ли зборуваат мажите кога се сами?? и другата вика: -па што знам ваљда исто како нас. и оваа првата: - Лелеее како не им е срам. е така и овде, не дека машките се нешто настрани туку има и жени такви. Форумот се вика фемина и повеќето теми се женски но има и теми во кои можат да дискутираат и машките членови и секако овде се за консултација и помош. Дискриминации од типот што барат машките овде се многу безвеза, ај сега ние па само жени како кокошки ќе се докажуваме која е поубава, попаметна и која повеќе готви по дома. А некој ако има проблем со некого овде на форумот секако ќе пријави до администрацијата и за тоа постои бан.
Мене не ми смета да има машки членови, но да не бидат како овој Петко што ни шета во секоја тема, а посебно во оние интимните и во секое влакно бара вошка.
Главно, форумов е женски, но воопшто не ми пречи да има и машки членови. Зошто не би си размениле мислења и совети, баш така повеќе би научиле.
Јас и не ги приметувам баш, со оглед дека сме женски повеќе, па и најчесто незнам кои профили се машки. Има доста профили на кои и нема пол ?! Аако не пишува, поим немам. Било како било, се додека се машките тука пристојни во коментарите и си ја знааат границата до каде е шега а до каде вулгарност, нема зошто да ми пречат. Повеќе ми пречат фантомскине профили во секс темите. А што се однесува за совети, од маж совет тука да барам ...хммм немам таква потреба.
Мислам дека прашањето „Дали е форумов за машки?“ е одговорено со самото регистрирање на фемина, каде можеш да одбереш женски, машки или неопределен (најверојатно за оние кои се у тек на sex-change операција) - што значи, предвидено е и машки да има на форумов. Е сега, дали треба да ги има, тоа е веќе друго прашање, претпоставувам тоа сакал да праша дечкото што ја поставил темава. Форумов е најверојатно најголемиот во Македонија и застапени се најразлични теми (освен „Вашите нокти“ и сл. ), во кои би можеле и машки да коментираат без проблем (не само у „Секс“, де). Форумов изобилува со интересни и паметни ликови, а има и такви кои залутале, а и некои кои побајаги „забегале“. У секој случај, не би рекол дека тоа е поврзано со половите органи, мислам дека у прашање е карактерот.
Женски форум Фемина... Дали треба да има машки членови? Зошто да не!!! Иако форумов е претежно „составен“ од женски членови, а таква му била и првобитната намена, зошто да не членуваат и припадници од спротивниот пол??? Друго прашање е колку ги има, во кои теми претежно се активни и колку „паметни“ совети постираат...
Е како така? Па и нас женските овде не има од 15 па сигурно и до 50 и повеќе години. Не може никому да му се забрани пристап, ама по муабетот се гледа од прилика кој во која доба од животот е. Ако сметаш дека некој не ти одговара за муабетење од било која причина не мораш да му обрнуваш внимание.