Дилемава редовно се покренува во современово општество, да не речам при секој хуман гест за кои јавноста е запознаена. Често се начнува и длабоко анализира низ некои поопшти теми овде, па затоа се сетив да отворам посебна за истото. Па, повелете со свој став тука - дали сте против јавно споделување (обично на популарните социјални мрежи, со статус-приказна или слика) на сторено добро дело, и зошто? Дали сметате дека споделувањето по дифолт значи оти главен мотив на чинителот всушност е туѓото позитивно мислење како храна за егото (најповршно - во форма на лајкови, кога се работи за соц. мрежи) - или дека тоа сепак не ја намалува вредноста на чинот, а пофалбите и одобрувањето од другите само природно доаѓаат како нормална реакција? Јас само ептен делумно ја разбирам оваа, за мене прилично негативистичка - предрасуда... т.е. сметам дека ова може да е случај со некои од јавните личности (кај нас и во светот), чии сомнителни човечки вредности навистина наведуваат дека се желни главно за слава и внимание. Друга причина да бидам малку скептична општо во врска со ова, се чувствата на оној кому му се помага - тоа што изложувањето на нечиј идентитет со својата ранлива приказна, состојба и емоции во јавност, може да делува понижувачки за многу луѓе. Сепак, воглавно не гледам негативно на оваа појава, бидејќи како прво и најосновно - ниедно добро дело не е залудно. Друго, кога се работи за обични луѓе, не памтам некој навистина да се „прославил“ со име и презиме, и да имал некаква корист - од тие сторени убави гестови од секојдневието за кои понекогаш читаме и гледаме. И секако, не само што делува heartwarming и оптимистички од емотивен и морален аспект, плус инспиративно за да следиме сите таков пример; туку кога се работи за поголема хуманитарна акција - социјалните мрежи со ширењето на информациите за истата кај што повеќе луѓе, практично допринесуваат да се дејствува што побрзо и помасивно, а и тие кои не се во можност да донираат можат да помогнат така. Што мислите вие?
И да е само за внимание и слава, ако главната цел, да се помогне, е постигната, ништо друго не е важно. Така што не гледам ништо негативно.
Еднакво важно е. Со самото тоа што некој се истакнува дека донирал, или помогнал некому, тој некој дава идеја, мотивација, желба, кај некој друг за да го направи истото, да ја крени свесноста кај другите за истото. И ако некој помогни на било кој начин, како што кажа @crimson погоре, целта е постигната, па дали некој ќе си дозволи да се гордее со тоа или пак ќе сака да го задржи анонимно, е апсолутно негово право.
Читав пред некој ден за хуманитарните дела на тоше проески за кои никогш никому не кажал не се пофалил а ги направил и луѓе го виделе. Јас сум повеќе за тоа да направам хуманитарно дело и да останам анонимна одколку да направам такво дело со цел да се пофалам и да испаднам wow. Мојата цел на хуманитарност е да помогнам колку што можам и притоа да се чуствувам гордо а за тоа е Господ сведок. А не мора да се фалам и докажувам пред други.
Макар и главeн мотив да е некаква лична корист од туѓата несреќа -- 'билдање личен рејтинг', секое едно јавно споделување на било каква информација за нешто добро значи и пар други можности од горе: 1. Да се чуе за проблемот од поширока јавност и најбитно оние кои можат да помогнат за долгорочно да се реши. 2. Да подобро се разбере проблемот, во случај да луѓето не знаат или не разбираат. 3. Да поттикне други слични акции. Ако и една од триве точки е постигната со тоа што некој се фалел на социјални мрежи, I'm good.
Сметам дека сите барем еднаш во животов сме направиле некое мало добро дело за некого, а не сме кажале никому. Тоа не значи дека нештото не се случило или дека немало никаков придонес. Често на фејсбук има видеа на страниве од луѓе што им помагаат на другите луѓе во тешка ситуација, спасуваат животни и слично. Немам ништо против, едноставно со самото тоа што многу луѓе ќе го/ја погледнат видеото/објавата, барем некој ќе биде поттикнат да промени нешто на подобро, а тоа во секој случај е голем плус. За оние преочигледните личности што се гледа дека сѐ е поради fishing for likes нема да коментирам, сигурно барем еден од нас тука бил сведок на нешто такво. Ама ако го тргнеме настрана фалењето и нивната корист од тоа, ако навистина се помогнало некому, тоа е супер.
Нема погрешен начин на правење добро дело со што придонесуваме некому да му го разубавиме и олесниме денот. Јавното помагање дури може да придонесе да се рашири свеста за проблемот за кој може и други луѓе да се поттикнат да помогнат. Исто така тајното помагање не значи дека е поголемо добро дело од другото. Се' додека се помага, не е битно како. Па на крајот на краиштата зошто да не почитуваме некој кој знаеме дека помага иако тоа јавно го прави.
Не мoже секoј дa пoттикне верижнa реaкцијa нa пoмaгaње, дa биде инспирaцијa зa слични дејствијa нa луѓетo oкoлу себе пa дa се рaшири еднa тaквa културa. Тoa гo пoстигнувaaт сaмo искрени, aвтентични луѓе, тaкви и гo менувaaт светoт. Пoзери и фејкери јa немaaт тaa мoќ кoлку и дa се трудaт. Зa еден мoмент ќе нaпрaвaт прoменa мaлa и oк е, некa е зaнемaрливa нaмерaтa, aмa крaткoтрaјнo е, без пoгoлеми прoмени. И личнo немaм никaкoв прoблем штo некoј решил некoму дa пoмoгне и притoa мoжеби пoттикнaл уште некoлкуминa дa гo нaпрaвaт истoтo, нo кревaње нa пиедестaл, вooдушевувaње кaквo штo oчекувa зa стoренoтo, oд мене немa дa дoбие. И тoa всушнoст нaјмнoгу ми сметa, претерaните реaкции нa oстaнaтите.
Никогаш не сум имала потреба да кажам на некого дека некому сум помогнала финансиски, со облека, храна и слично. Немам потреба да кажувам, човекот на кој што сум помогнала е благодарен и среќен, а тоа е и целта, да помогнеме на оној кој има потреба. Некои луѓе пак од друга страна имаат комплекси поради тоа што се сиромашни и во потреба но, во никој случај не сакаат некој да знае дека си му помогнал. Го сметаат тоа за срамно. Ваквите со сила прифаќаат помош (се прават дека не сакаат) , а всушност навистина имаат потреба. Обично ваквите луѓе секогаш кажуваат дека ќе вратат пари ако се финансиски помогнати, но тоа ретко се случува. Како и да е - кога вистински сакаме да помогнеме , не треба да бараме ништо за возврат.
Секој жив човек се фали, тоа е неминовно. Дури и оние што велат дека не се фалат. И тоа е еден вид на фалба.
Некогаш е убаво да споделиш со јавноста за некое хуманитарно дело, ама мислам дека штом се сподели и сумата тука веќе станува збор за фалење. Предност кај неанонимната хуманитарност е што можеш да им ги отвориш и очите на другите.
Е колку сум дала и помогнала само јас си знам. Треба да посакаш внатрешно да го направиш тоа,а не ради некој публицитет. Чувството во себе кога ќе направиш хумано дело е неопосливо.
Јас сметам дека нема ништо лошо во тоа. Ширењето на хуманоста е позитивна работа. Тоа е еден начин да се поттикне иницијатива за правење добри дела и помагање на гладни, болни, сиромашни и оние кои немаат покрив над главата. Во 21 век, во ерата на модерната технологија, кога вестите се шират и патуваат многу брзо преку социјалните мрежи, зошто да не се искористи моќта на сето тоа за да се спаси нечиј живот или да се помогне некому. Хуманоста е најчовечната особина што ја поседува некој. И да хуманоста се покажува преку дела, а не преку зборови, но доколку не можам да помогнам на никаков друг начин, најмалата работа што можам да ја направам е да покажам солидарност и да ја споделам информацијата.
Без разлика дали познатите личности тоа го прават за да се фалат или не битно е тоа што помагаат и не гледам ништо лошо во тоа што го споделуваат тоа добро дело што го сториле бидејќи со тоа се подига свеста кај секој еден што е во можност да помогне. Доброто дело и да е јавно и да е анонимно секако е добро дело.
Незнам што врска имаат хуманоста и искреноста!? Битно е да се постигне целта, да се помогне на тој што му треба помош, а дали тој, таа или јас ќе бидеме фалбаџии, ќе тропаме на тапани да не дознаат сите или ќе молчиме, зависи од карактерот на човекот. Има многу луѓе кои велат дека се хумани, кои велат дека донирале помош за некој ..а уствари само лажат, ни денарче не одвоиле, а камоли дека телефон завртиле и така донирале. Јас кога помагам на некој, сакам да си кажам, да си се пофалам(не е баш овој збор соодветен)..па и на циганчињата кога ќе им подадам нешто, сакам да си кажам...И што има тука лошо???
@baba Rada sto bi od tebe. Bas si babicka po mera na moevo dete samo cigarata ne I se dopaga I mene isto
Луѓето кои донираат и се фалат на ФБ се лажговци за мене. Сега ќе ти кажам пример за лажни хуманитарци. моите газди правеа акција за сиромашни, во смисла пред Нова година за нив да донираат граѓани, и на крај не ни сакаа да ја однесат помошта тие на семејството. Нив тоа им е губење време и испод чест им е. На крај една кутра колешка ја гњавеа да ја однесе помошта, ама се фалеа на ФБ. Лажни хуманитарци се тоа.
Секогаш е убаво да се организира некоја акција ама посебно нагласување кој со колку помогнал ми е ептен промашено. Тоа фалење делува како да се сака да се купи наклонетоста на другите луѓе а хуманоста не е тоа.
Па да. Другото го гледам како фалење. Тој што сака помага и ќути, а тој што сака да се фали помага и се рекламира наоколу.