1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали чувате слики или предмети од бившите во некоја фиока?

Дискусија во 'Врски' започната од NovusOrdoSeclorum, 25 декември 2020.

  1. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Слики во вистински формат имам многу малку, и тоа само со сегашниот дечко, сите останати се од детството. Доколку дојде до крај на врската, не знам дали би ги фрлила, можеби на почеток би било болно гледајќи ги, но, сепак имам убави спомени кои ме врзуваат за тие слики.
    Од предмети не сум фрлила и нема да фрлам ништо. Ги третирам како и сите останати. Ако почнам да фрлам работи кои имаат некакво значење поврзано со бивши партнери, ќе останам со помалку од пола плакар, зошто секое парче облека што го поседувам има одреден спомен за мене од некој животен настан, колку и да е неважен, на пр.фустан што сум го носела на прв состанок со некој дечко, маичка и панталони што сум ги облекла кога прв пат бев во кино со сегашниот дечко... :wasntme:. Генерално, секое материјално нешто што го имам за мене означува дел од мојот живот, колку и да бил болен некој крај, предметот си го памтам само по одреден спомен.. а сите подароци се добиени во среќни моменти. :)
     
    На WildMk и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не чувам апсолутно ништо, се замина во оган, дури и филмовите за развивање слики од на времето, и нив ги изгорив одамна, да не паднам во искушение пак да извадам слики од бившата љубов:D:rofl: уживав дури ги кинев сликите и потоа ги фрлив во оган заедно со филмот.
    Малку е крипи знам:worried: ама јебига, пак спомените не бледнеат од умот:devil:
     
  3. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    11.318
    Пол:
    Машки
    Чувам едно плишано мече со срце и Love You натпис гравиран на него од првата симпатија што ми го подари за Valentines. Пред можеби 15 години беше. Не ми е асоцијацита на врската или времето со таа личност, едноставно си го чувам од аспект на тоа дека во време кога не се сакав себеси ми помогна со самодовербата и да надминам некои чувства дека сум непосакувана личност.
     
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    41.872
    Пол:
    Женски
    Сме утнале. :tmi:
    Сакам само да кажам дека поради темата побарав што сум зачувала, најдов некои писменца и си плачев до сабајле. Хм, интересно би било да има некоја тема да споделуваме и такви работи, дали со збор или фотографија. Ми се топи душата кога гледам љубов па макар и да завршила. ^_^

    Патем, за слики се изјаснив. А лични предмети сум немала, но и кога би имала би ги зачувала додека не почнат да држат место.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Благодарение на мајка ми, пред некој ден ја отворив кутијата во која сум собирала споменари, дневници и слики уште од најмала возраст. Јас воопшто не знаев дека сето тоа сеуште стои, уште помалку каде е, ама ете, таа случајно ги нашла.

    Споменарите ми се од второ па некаде петто-шесто одделение. Сигурна сум дека повеќето сме пишувале такви песни, стихови и имиња на симпатијата.

    Од тинејџерскиот период си пронајдов слики од една личност, за која сум мислела дека ми е голема љубов, па цела година сум водела дневник за таа голема невозвратена љубов и моето скршено срце. :x:rofl:

    Кога станува збор за нешто посериозно, наидов на слики од бившиот и едно писмо, случајно, забутани во една фиока. Искрено, не се ни сеќавам дали ги фрлив или ги вратив таму, за да ги најдам заборавени пак после неколку години.
    Многу повеќе слики со сигурност имам во стариот компјутер кој со години не е вклучен.

    Јас лично, не гледам зошто би фрлила слики и пораки од бившите. Не ми значат повеќе ништо, а сепак се потсетник на еден дел од мојот живот, на кој би сакала да се сеќавам, без разлика дали било добро или лошо.
     
    На Hellobeautiful и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  6. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Слики до сега со ниедна не сум објавувал зошто немало потреба целвиртуелен свет да знае што ми се случува приватно. Но предметите што сум ги добивал си ги чувам.
    Сите ми се спомен, потсетник и искуство на целиот мој љубовен живот без разлика дали добор или лошо сум се разделил.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.