1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ја истраживте Македонија?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 25 октомври 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Во Македонија сум посетила многу места, а неколкуте градови кои не сум ги посетила досега, планирам во иднина да ги посетам. Сепак среќавам и многу луѓе кои не ја познаваат својата држава. Посетиле само 4-5 градови и мислат дека толку е Македонија. Дали вие ја истраживте или ја истражувате Македонија?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Кај сте бе женски?Ајде да коментираме колку ја познаваме и сме ја прошетале својата земја?
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.925
    Да го скршам мразот, иако не сум женска. На овие места и градови сум бил:

    -Водно, Матка (без пештерата), Колешински водопади, Беровско езеро, Пелистер, Манастирот во Паланка, Езеро Младост (Велешко езеро), Археолошки локалитет Стоби, Серменин (Кожуф) и други на кои сега не ми текнува.
    -Крушево, Дојран (често), Битола, Прилеп (често), Богданци (често), Валандово (често), Гевгелија (често), Струмица (често), Куманово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Штип (често), Берово, Пехчево, Крива Паланка, Велес, Кочани, Виница, Кратово.

    Немој да се чудите, јас сум авантурист и сакам да шетам и да ги истражувам градовите, места во и вон Македонија. Да би имал 1 милион евра, јас би ги потрошил на шетање отколку на луксузирање.
     
    На realGirl, VladeMila, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199

    Браво. Истражено е доста. Јас сум била во Скопје, Велес, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Богданци, Валандово на поминување, Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Злетово, Струмица, Берово, Кочани, Штип, Виница, Свети Николе, мојот роден град Куманово.

    Е сега не сум била во Вевчани, Ресен, Македонски брод, Македонска каменица, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пехчево, Радовиш и Демир Хисар. Планирам да ги посетам кога ќе имам слободно време.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.925
    Ете Радовиш и Пробиштип ги заборавив. А во Пробиштип исто така идам често.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Скоро цела држава ја имаш прошетано, со исклучок на неколку мали гратчиња. Браво за тебе. Јас сретнувам и луѓе кои ја коментираат Македонија дали е убава или не, а при тоа посетиле Скопје, Охрид, Битола да речеме и толку. Епа тоа што го виделе не дава комплетна слика за Македонија. А секое место, секое гратче вреди да се посети, види, и да се направи споредба. Месецов сретнав две девојки од странство и ги пофалија Кратово и Кочани дека им се допаѓаат иако се мали.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    12.575
    Ајде и јас да пишам за моето скромно истражување.
    Водно,Матка со пештерата,Охрид(Свети Наум,Канео,Плаошник),Пештани,Струга
    Вевчански извори,Претор,Крива Паланка и Манастирот Јоаким Осоговски,Бигорски Манастир,
    Тетово,Струмица,Прилеп(често),Битола(често) и Буково,Крушево(често) и Крушевско езеро,Велес(често) и Велешко езеро,Куманово,Свети Николе.
    Солунска глава,,Нежилово рибник, и некои велешки села.

    Не ги бројам оние градови кај што сум била на поминување,а ги има доста.
    И секако моето истражување нема да запре тука.Имам јас и други места на листата,Берово секако прво,Кратово,Кочани,Дојран,Езеро Козјак,Радожда.Уживање во природните убавини и богатства со кои располагаме.
    По природа сум авантурист и имам голема енергија за шетање,за запознавање на нови места,а колку само ги имаме.Темава е само за Македонија,туѓото го ценам ама нашето не го давам,и му се радувам на секое ново патување.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Petrance11

    Petrance11 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Туууу......и надолж и попреку......
     
    На Tanjamm и Arthur им се допаѓа ова.
  9. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Ако имате можност посетете го Љубојно. Прекрасно место збогатено со прекрасна природа и архитектура. Вистински рај за да се одморите од секојдневните стресови.

    [​IMG]
     
    На LivingGlam, jacqueline.s, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    Јас признавам дека Македонија не ја познавам и не сум посетила доволно места.
    Ама одмор имам еден во годината, деновите ми се изброени и сакам на море негде да се релаксирам и одмарам.
    Ај, кога ќе се пензионирам, ќе ја истражувам :lol:
     
    На VladeMila и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    26.732
    Во скопје живеам, а градови бо кои сум била се : Охрид, Струга, Дојран, Берово, Делчево, Радовиш, Битола, Прилеп, Крушево, Свети Николе и Штип
    Сум била на Пониква, водопадите на Равна Река, манастири Бигорски и Осоговски, Скачковце, Лешок, Пелинце, Смојмирово, Вруток ,
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.127
    Пол:
    Женски
    Dali ja istrazhivme... ochekuvav Vlado Jovanovski i Milenko so sheshirchinjata da gi vidam vo vovedot na temava.

    Ne sum ja istrazhila, a i nemam nikakva zhelba
    E sega ako za vas poseta na grad znachi istrazhuvanje :)
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.080
    Допаѓања:
    203.693
    Пол:
    Женски
    Би било убаво да се прошета, сепак нашата земја е мала и се има шанси да се прошета и види многу места.
    Јас лично не сум имала нит време нит шанси да прошетам, но сепак одбирам да шетам зад граници, но не би било лошо да се прошета и Македонијава секако. Сепак традицијата и нашите обичаи се наши и убаво е човек да си ги запознае сопствените корени нели?!
    Точно дека има преубави места а посебно манастири и цркви на кои не би можела да одолеам и ако шетам во план сум таму конкретно да прошетам.

    Сме оделе како мали уште од основно на секаде низ ексурзии но тоа сеќавање е бледо скоро те воопшто не се сеќавам.

    Во принцип прекрасно е да се прошета и види.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    21.920
    Пол:
    Женски
    Па искрено немам посетено многу градови ама со план сум да ги посетам :)
    Сум била во струмица на смоларските водопади,вевчани,штип,прилеп.битола,демир хисар,кочани,скопје,струга.охрид а останатите градови планирам да ги посетам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.925
    Имам една замерка со нашиве "туристички атракции". Одам зимава претходна што помина, да прашам колку пари бараат до пештерата Врело. И ми викаат 300 денари од човек. Летово викам ај да се повозам во пештерата. И ми викаат 400 денари. :puke:
    Јас незнам како може така да варира цената секој месец. И се заинатив и не се качив.
    Е заради такви работи си ги бркаме домашните туристи. Истово и во Дојран и во Охрид.
    Дојран за некоја година ќе стане како Охрид со цените. (facepalm):x
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Па не само посета на град, посета и на знаменитости. Јас ги набројав градовите, да не наведувам имиња на цркви и локалитети. Сум била на Баргала, Стоби, Смоларски водопади, Бигроски, Свети Јоаким Осоговски, Пелинце, ама се подразбира дека ако одиш во Крива Паланка манастирот ќе го посетиш или во Крушево спомениците и куќата на Тоше.
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.127
    Пол:
    Женски
    Pa ne se bash podrazbira, zavisi po koj povod odish, ne se naogja vreme za se.

    Nemam nikakva zhelba da ja istrazhuvam oti samo koga kje mi tekne na patnata infrastruktura ne mi se zhivee povekje.
    Sakam da patuvam za da vidam poinakvi mesta, gradbi i kulturi, ovde ne mi se isplati da akam.
     
    Последна измена: 30 октомври 2015
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    301.838
    Што нуди Македонија па да ја истражиме ?
    Тие се 10-тиа места на кои не водат од детски денови по екдскурзии.
    Каде да отидеме а да не се вџашиме од астроносмки цени ?
    На Шапка ли да одиме кае што едно спиење со медитерански доручек е 2300 денари за човек ??
    Во Маврово ли да одиме каде што е на попуст 69 евра за ноќевање со доручек ??
    Каде кафето е 120 денари ?
    Што да истражам ? Од дома да си носам плинско ? Вреќа за спиење ?
     
    На crimson и VladeMila им се допаѓа ова.
  19. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    8.513
    Пол:
    Женски
    Nema mnogu za istrazuvanje
    Veles,Bogomila,Nezilovo,Prilep,Kavadarci,Krusevo,Mavrovo,Dojran,Ohrid,Bigorski,Berovo i tolku
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    За цените се сложувам дека е скапо, дека хотелите се прескапи за многу наши граѓани. Без разлика дали некое гратче е убаво или не, јас сакам да го посетам, да видам што има. Кога ќе видиш неубав град можеш да споредиш со друг убав град. Еве мене една врањанка ми рече дека Куманово е убав град со среден центар со што не се сложувам. И за Кратово се изненадив дека им се допаѓа на странците. Во Македонија има барем 10 места кои вредат да се посетат и тоа Охрид, Струга, Берово, Крушево, Бигорски манастир, Лесновски манастир, Струмица и водопадите, Вевчани, Матка, Битола.