Места како Пробиштип, Македонска Каменица, Радовиш доста позитивно ме изненадија во однос на инфраструктура, урбана среденост, зеленило, паркови, хигиена во јавни институции. Често имаме стереотипи дека тоа се место од коишто и ѓавол бега, но генерално сосема е друга сликата и впечатокот кога ќе ги посетиш тие места. Преку година е прилично монотоно во тие места, но преку лето и викенди е прилично е раздвижено.
Село Дихово ( општина Битола) Вила Дихово Во околината на Битола и Пелагонија има доста интересни села и архитектура, но за жал најголем дел од нив се иселени, а куќите оставени на забот на времето. За жал немањето ( или несакање) државна стратегија за ревитализација на тие села како дел од националното богатство и понуда кон странските туристи си го чини своето. Затоа и најчесто сме транзит зона, а не туристичка цел.
Прекрасно! Ваквите места ми се омилени. И селото на татко ми е натака, за жал е едно од тие запуштените. Кога ќе одам, дефинитивно ќе го посетам Дихово.
За тие кои не биле ви го препорачувам хотелот Градче во општина Кочани. Еве една убава видео презентација: Манастир Зрзе ( општина Долнени) Патот е целосно асфалтиран до манастирот, но ако некој сака да го посети ви препорачувам само со добар автомобил, затоа што е доста високо.
Една илустрација на убав урбанистички среден град со многу зеленило и паркови. Само економски да е пожив. Пробиштип
Имам авантуристички дух и многу сакам да се шетам, особено сакам помали градчиња, села, шуми, природа. А знаеме дека во Македонија можеме да се пофалиме со преубава природа. До сега не сум посетила некое село во Македонија (од оние поголемите, во кои има што да се посети), ама ќе го сменам тоа во најблиска можна иднина. Од градови, сум била во Прилеп и Битола, според мене едни од најубавите градови, Велес, Куманово, Охрид, Струга, Крушево, Демир Хисар, Дојран не знам како да го сметам, во Кавадарци на поминување. Можеби сум била и во некој друг град, ама на екскурзија било и не памтам. Сликите на темава од с. Дихово и Зрзе многу ми се допаднаа, па се надевам ќе кандисам некоја другарка да отидеме и до таму кога малку ќе се затопли. Работата е што многу ретко можам да најдам некој како мене што сака да се шета, да истражува, сум викала доста другарки и ми превртувале со очи, демек што мајка бараш да одиш во Битола, пример, ништо нема таму, глупости. А први ќе се потепаат да отидат до Грчка или во Белград, а не сакаат сопствената држава да си ја запознаат прво. Ама секогаш така ни се чини, дека се' друго е поубаво од нашето. Нема врска, се надевам ќе се најде некое девојче што ќе ја дели истава пасија со мене за шетање, запознавање нови луѓе и воедно стекнување нови искуства.
Дали некој знае некое напуштено место за истаржување тука во Македонија? По можност да е во близина на Скопје..Ви благодараам
@Olitomboy12 Јас кога бев помала, со другарка ни беше омилена една напуштена вила позади Соборна, не знам како се викаше, ама во 1924 била изградена. Вечер ќе се мушневме во дворот, и гледавме што има внатре, беа распослани отворени книги, пливаа во вода и тогаш ни беше доживљај тоа. Пробувавме да влеземе внатре, ама не можеше. После стоевме пред вилата и ги прашувавме скоро сите минувачи за приказната позади вилата, и така. Ама сега мислам ја заградија од сите страни, воопшто не се влегува, изгледа заради такви дечишта како нас што исто душкале таму.
Ејј баш ќе се распрашам за ова,интересно звучи..Инаку барам места каде ќе можам да влезам и да истражувам така во creepy атмосфера..Благодарам