Повеќето луѓе не ја перат гардеробата која штотуку ја купиле. Меѓутоа, тоа е неопходно. Најновото истражување покажало шокантни резултати. На парчињата гардероба кои биле тестирани, вклучувајќи ги и јакните, пронашле микроби кои им припаѓаат на интимните делови од телото. Доколку не ја перете гардеробата откако ќе ја купите, можете да добиете некоја инфекција. Микробите можат да се задржат на гардеробата неколку недели, па дури и неколку месеци. На тој начин се пренесуваат на телото на човекот, а потоа се шират и понатаму што доведува до разни зарази.. Вие ја перете тазе купената гардероба? Spoiler се надевам дека не е дупла темава :geek:
Да не бидам вулгарна, ама прашањево ми е апусрдно. Јас ја преперувам облеката при преминот од една во друга сезона, значи облека која пред да биде складирана во плакар била исперена, а кога доаѓа сезоната кога треба да се носи повторно ја перам пред да се носи. Да не зборуваме за облека која не знам каде се' стоела, низ колку раце поминала, колку души ја пробале. Зарем постои некој/а кој/а не би исперел/а штотуку купената облека пред да ја носи
Зарем има некои што не ја перат новата гардероба? Не сакам да верувам во тоа. И не треба истражување за ова, се знае дека на таа облека може да има се' и свашта. По којзнае колку магацини поминала, прашини, којзнае кој се ја допирал итн. И после јас тоа на мене да го ставам, на мојата кожа? Нема шанси. Како што имам пречувствителна кожа склона на алергии уште тоа ми фали. Така што да, јас веднаш ја перам. Ми се случило дури и кога ќе отидам да купам нешто да не го ни пробувам од што ми е шубе. Така на изглед ќе го погледнам убаво е, знам дека ќе ми биде точно и толку, какво пробување. Којзнае кој го облекувал. Некогаш и моево не е како што треба ама што да правам, не можам да си помогнам за такви работи.
секако дека ја перам новата купена облека независно што и да е,знаеме дека не стои на едно место,материјалите не се чисти кој знае колку прашина и бактерии има по нив,и како може веднаш да се облече без да се испере незнам
Со оглед на тоа што се шиела по машини, се влечкала по магацини, продавници, друг ја пробувал, а јас сум грозлија по природа морам да ја исперам. Гнасно ми е да ја облечам иначе.. Не перам само палта, јакни...
секако дека ја перам кој знае кој се ја пробувал пред да ја купам јас, ама имам другарка која не ја пере вика зашто да ја перам , ако е така треба да ја исперам и пред да ја пробам во продавница, според нејзината логика веке ја има облечено (пробано) пред да ја купи и немало потреба да ја пере кога веке еднаш ја облекла
Нормално! По магацини се влечела и глувци ја лазеле и јас да не ја перам? Нема шанси. Гадотија сум по природа и се перам, и ново купена облека, и облеката што сум ја носела дента.
Во никој случај не облекувам облека која не ми е преперена откако ќе ја купам. Исклучок правам при купување на јакни, палта, капути, и понекогаш за тенки хулахопки или тенки (свилени) чорапчиња. Но што се однесува до долна облека, фармерки, блузи, чорапи, боди, маици, тука не постојат исклучоци, без разлика од каде е купено парчето.
Еднаш ролка тазе купена без да ја исперам ја облеков. Вечерта ја купувам, утре тргнувам на пат со неа, сакав ново парче на мене. Кај вратот почна да ме пече и црвенило ми се појави. Лекција за другпат. Ја купив во така елитен бутик и скапо ја платив, ама пак треба да се испере којзнае колко луѓе ја пипкале и пробувале.
Имам фустан носено така,бидејки дента го купив,а вечерта сакав да го носам. Фала богу,ништо не ми бидна. Инаку практикувам да ги изперам,па да ги носам. Шубе ми е некако и плус многу грдо мирисаат.
Кога и да купам нешто прво се пере па после можам да го носам,а особено ова важи за долната облека.Неколку пати само ми се случило дента да го купам а вечерта да го облечам за роденден или излегување,што и да е.Иначе преферирам да е испрано пред јас да го облечам.
Не перам ништо ново освен долната облека, секако. Многу луѓе со кои сум паднала на муабет на оваа тема дури ми се чуделе, а јас пак сум им се чудела на нив што ја перат. Јас мислам дека нема потреба од тоа, дури ми се допаѓа мирисот на нова облека.
Скоро секогаш и ја давам новокупената облека на мајка ми да ја испере, освен во интни ситуации кога морам веднаш да го облечам тоа парче облека и нема време за перење. А боди, градници и гаќички никогаш не носам не перени
Обавезно.Кој знае колку луѓе ја пробале,се влечела на земја на секаде..Исклучок правам само за хулахопки и чорапи.
Кога ке купам нешто , прво го перам а потоа го носам. Посебно ова се однесува на долна облека. Додека не се испере не го носам. Исклучок правам за јакна, капут такви работи , а другото се
Што е со темава? Фала Богу се пере ново купената гардероба.. Па кој се не ја носел и пробувал и по какви магазини стоела.. Малце ми е несоодветна темава