Јас не гледав потреба да перам блузи,фармерки, додека не се нафрлав. Сега од кога се случи тоа обавезно.
Мама пере на рака обавезно. Еднаш ставив еден во машина на „рачна програма“ - сите циркони беа расшиени. Мама го поправи после
Нормално дека да, не планирам да фатам некоја кожна болест не дај боже. Којзнае каде се не поминало нештото. Додуше јас избегнувам и да пробувам облека на голо.
Секогаш ја перам гардеробата ама првиот пат никогаш во машина туку рачно со детергент и млака вода, палта не перам тоа на крај на сезона, а се друго задолжително, од каде да знам кој се пред мене ја пробувал, а и ретко пробувам во бутик си ја знам величината
Сем блузи, се останато. Обично сум многу ќефче за нова блуза и неможам да дочекам да ја ставам, а се останато прво се пери, особено долна облека.
Од секогаш сум ја перела,а особено еднаш толку ми се згади кога гледав една америчка програма за алиштата кои поминуваат низ секакви фабрики,погони продавници и беа тестирани какви бактериите и нечистотии се присутни во нив,и резултатите покажаа дека има на нив дел од урина,сперма,крв и слично...е тогаш мислам дека ќе повратев за 2 секунди и обавезно кога пробувам облека во продавница после тоа дома се туширам само ради ова што го видов на телевизија....
Перам,секако. Еднаш,многу одамна ми излезе некаква алергија,како флеки на кожата на само дел од телото и на лекар ми рекоа дека ми е од нешто што сум пробувала. Не перам само хулахопки и чорапи. А сега,додека траат попустиве има толку многу партали кои се испофрлани,исфлекани со пудра и кармини,такви не би земала ни без пари да ми ги даваат.Видов еден фустан,жолт,ама толку кармин и пудра имаше на него,не знам дали некој ќе погледне такво нешто,а не па да го купи.Дали и со сопствените алишта се толку невнимателни?
Да...сепак стоела на прашина,ја пробувале стотина луѓе...а подоцна треба јас да ја носам затоа најсигурно бутни ја во машината и уживај хахах