Нормално, како би носела така, ова за се важи од чорапче до блузи, панталони, се што е во допир со кожата.
Секако дека не. Нема поубав мирис од кинеска/турска роба. Мириса на шнајдерските раце низ кои поминале, а тоа е толку секси и слатко.
Перам алишта на стол што сум ги оставила, а може не биле и носени. А не пак нешто купено, кое десет души пред мене минимум го пробале.
Секогаш ја перам. Кога ќе ми текне за една познаничка која на одмор додека бевме си купи гаќи и не ги испери, така ги облече - ми се гади
Обавезно и тоа прво "на рака"малку во топла вода да проверам дали пушта боја па во машина директива...ај носи на голакожа нешто што којзнае каде стоело и колку го пробале...
Капути,јакни и чорапи-не, другото обавезно се пере. Мене јанѕа ме јаде уште додека пробувам нешто во бутик,а камо ли да не го исперам и да си го носам дома.
Она што оди над друга облека не, ама она што оди директно на кожа ДА ДА ДА 100 пати ДА... И ја пеглам првиот пат кога ќе ја носам..... Искрено гледам и да не пробувам од језда
Нормално дека се пере. А ми се случило да видам во продавница каде облеката ја наплаќаат, се пресоблекуваат и си ја носат.. Не знам, ете до толку..