Влезете во некој бутик еве не пример Синсај пред месец, два кога влегов, повеќе долу имаше отколку на закачалки, плус каде веќе не е ставано тоа, полно прашина нечисто. Затоа откако има онлајн раат сум. Досега не сум промашила, со број, стигнува и одма на перење, а кога од бутик земам ни не пробувам, ретко панталони ама освен што ме мрзи многу ми е и језиво неперено
Како може некој да не ја пере? Дали е можно тоа? И што им е финтата кога ќе видам на етикета за одредени парчиња, стои дека забрането било перење.. Осетлив може материјалот е, ама си бара пониска поделикатна програма на перење, еве и рачно нека е ако толку е зафркнато, па да не се изгуби формата и материјалот да се заебе. Но да не се пере ич? Баш сум видела такви на кои е прецртано и машинско и рачно перење и не разбирам. Панталони да се носат неперени или на хемиско само? И на секое на хемиско треба да ги носиш? Нема логика.
До сега немам видено таков знак. Уствари имам ама на една фотелја дома што ја имам. Минимум на 30 без вртежи перам и тоа што не се пере.
Кога сум видел како се шијат по конфекции се фрлаат по земја па транспортот па магацини па ќе стои у бутик, некој имаат и специфичен мирис кога ги купуваш, обавезно перење.
Има. И баш на облека. Од Зара конкретно. Ја исеков етикетата, панталони беа во прашање, инаку ќе сликав. Ни рачно вика не се переле.. Имаа некој процент на волна и што дека? Ко да нема програма таква, стварно не ми е јасно. На рака ги исправ, ама сигурно можеше и на 30. Еве и на нивните сакоа многу често приметувам. Spoiler
Сега ми текна на палтата што ги имам од тајли вајли има таква етикета ама ги перев и ништо не им беше.
И мене не ми е јасно тоа што пишува да не се пере. Тогаш значи после првото носење треба да се фрлат, ако идеме по таа нивна логика.
И јас неодамна купив еден капут што содржи волна и што не забележав дека има таква ознака, па планирам да го исперам на 30 и да видам што ќе се случи. Инаку некогаш и да ми се допаѓало нешто, кога ќе видам дека има таква ознака, не го купувам. Сакам практични работи, што можам да ги перам кога ќе посакам, а не да морам да ги носам на хемиско нон стоп.
Блузи, панталони, фустани се перам освен палта ако не ми мирисаат чудно некако, на стоено, прашина, еднаш имав алергија на една блуза нова неперена, така да се перам..