Обавезно ја перам. Па безброј луѓе ја пробуеле пред мене, не велам дека некој е гнасен, меѓутоа шубе ми е да ја носам така. Башка од кај знам кај стоела пред да допре до закачалка, можда и бубачки ја лазеле по магацини
Не само гардеробата каде се била, туку материјалите пред да бидат сошиени во гардероба да знаете каде се биле!!!
Нормално дека ја перам! Нема муабет околу тоа.. Но, еднаш се случи мајката на дечко ми да не му испере џемпер и да го натера така да го носи, неперен. Му викам како можеш така? И ми рече па мајка ми ми кажа дека нема зошто да ја испере. What? Сериозно? Како може некој така да размислува се прашувамм..
Најчесто да, ама морам да признаам дека па и често и не. Сакам одма да си го облечам за да си го осетам за свое. Не знам зошто, ете така сакам за да си го идентификувам со себе и одма ќе си го натнам. Па фала богу до сега не сум се ошугавила, не сум умрела од неиспрано нешто.
ДА! Практикувам секогаш да ја исперам штотуку купената облека, па одпосле да ја носам. До сега само 2-3пати ми се има случено, поради некој итен настан. Последно беше пред недела дена. Морав да ја облечам кошулата која ми ја подарија Мак Џинс за да им ја изрекламирам и сликањето не можеше да почека кошулата да биде испрана. Но за среќа не останав во неа повеќе од 2часа. А инаку мислам дека све треба да се испере пред да се облече на себе, бидејќи не знаеме низ што се поминала таа роба и кој све ја пробувал истата.
Јас апсолутно се согласувам со некои коментари коин се однесуваат на тоа дали воопшто треба да се постави прашањево. Во ова време на секакви болести и луѓе...Во гардероба ако треба да пробам ми е шубе
Нормално дека треба да се пере. Којзнае каде била чувана и колку ја фаќале. Дури не сакам ни да пробам така нешто, ама што обично мора да пробаш пред да купиш.