Колку често ја гледате оваа програма и секако дали ви се допаѓа? На оваа програма главно има емисии поврзани со славните личности и новости за нив. Најпознати емисии кои се дел од оваа програма се: "Keeping Up With The Kardashians","Kendra","Fashion Police","E! News","Live from the Red Carpet" ... Tука имате нешто повеќе за неа.
E! Многу ми е криво што ја немам на мојата кабловска, ама кога сум кај другарка ми на гости редовно следам Одлична е за трачеви и тепање време кога и онака нашите програми не нудат ништо
E! Мене ми е една од поомилените, гледам Fashion Police, сите со Kardashians, Kimora, а и новата серија што ја даваат веќе 1 месец Bridalplasty ко реално шоу е и е многу интересна.
Ја има и на телекабел од пред некој месец, ама не ја загледувам многу многу. Шоута од типот на курдашијан не можам да ги смислам. Еднствено некои модни критки се океј. Мислев дека има емисии од поинаков карактер, ептен ми е рекла-казала
Ја обожавам и конечно нешто убаво на нашите сателитски, секогаш има нешто интересно да се види на овој програм.
Точно!Се сложувам со тебе.Ја имам преку Бум Тв и има и вклучен превод на неколку емисии.Гледам се од таму и се е интересно.Од таму научив за Ким Кардашијан,Клои,Кртни,Роб и сите други.Многу интересна трачарска програма,дефинитивно следете ја!
кога го даваат ова шоу? еднаш го фатив но од тогаш никако неможам да го фатам а и не го рекламираат многу , со овие Кардашијанс ја претераа.
Кога сум пред тв постојано е пуштенно на Е така и така на другите програми само турски серии има поубаво Ким, Кендра, Мел Би да ги гледам отколку турците
Често ми е пуштен тв на Е,додека седам со лап топот си ѕиркам од време на време,ако ништо друго убава гардероба има Ким
Јас дома ја немам ама дефинитивно би ги заменила сите канали што ги имам од глупавава кабловска за оваа телевизија. Кај што бевме на одмор таму ја имаше и нон стоп беше пуштена. Има многу интерсни емисии. Да ја имам, само неа ќе ја гледам, а најинтересна емисија ми е таа со Ким.
и јас ја открив скоро пред некој ден на телекабел, има добри емисии. Вчера гледав за Моника од Прјатели биографија, и едно друго како реално шоу ама беја веќе почнати па не видоф како се викаат :/ има добра програма просечно ... тие кардашијанс не мом да ги смислам, органски не ги поднесвам а има мн од нив таму така даа ... затоа помалку следам
Ја би повеќе да ги гледам турциве, отколку овие искубани кокошки со пола пилешки мозок во нив, кои се во дилема дали тангата треба да биде црна или црвена . Јас следам програмата понекогаш кога сум дома, ама ги следам емисиите кога коментират за сцени од филмовите, за животот на акатерите, емисијата за екстремна пластична хирургија, одредени шоа, или кога се обидувам да заспијам, ама кога ќе ја видам оваа ѓупкана Ким менувам канал, бидејќи ми предизвикува тегоби во желудникот. Ис ту мач фор ми. Подобро Јасминка нека квичи, отколку Ким да крека.