Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе бидам добра мајка?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 октомври 2012.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас порано се прашував тоа бидејќи ич немам некоја љубов кон деца, не се топам, не се лигавам, немам никаков однос со деца. Едноставно никогаш не сум била дечар, цел живот сум ладна. И баш сум мислела, леле каква мајка ќе бидам, којзнае колку ќе бидам строга и сл. |(

    Е сега, откако сум бремена а особено откако ќе го осетам како мрднува на моменти, одма се фаќам за стомак и викам: Оооооо маченце малецко мое тоа душиче си мрда, и почнувам ненормално да се лигавам. :x Е сеа па ми е страв да не бидам мајка која све дозволува, лигава и попустлива па да ми се качи на глава и да биде размазено дете. Морам да се средам малку пред да го родам :D
     
  2. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    :D
     
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Јас ги сакам малите деца од 2 па нагоре :lol: , но не на тој начин со „лигавење„ за тоа не ме бива за оние најмалите на кои треба да им зборуваш да им се лигавиш а вака потпораснати сакам да се спуштам на нивно ниво и да си се дружиме. Обично сум така ладна личност, и не знам ете уште не ме фатил тој инстинкт на лигавење мислам дека нема ни да ме фати :( Не знам најверојатно јса ќе сум строгиот родител, а маж ми ќе разгалува и за двајцата.
     
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Odsekogas sum sakala da imam bebence da si go guskam sakam miluvam porasnam.na najbliskite decinjata sum gi cuvala gledala i pirasnala so mnogu ljubov i vnimanie.sega koga se blizi momentot moeto cedo mojata dusa da ja drzam vo svoite pregratki se osekam vozbudeno...edinstveno sto sakam e da go vospitam i izvadam na prav pat..se zaprasav dali ke bidam dobbra majka,no ljubovta sto uste sega ja osekam prema toa bebule dodeka mi e vo stomakot i sto so netrpenie go cekam so sigurnost bi rekla deka od dnoto na mojata dusa ke napravam se da bide srekno i dobro vospitano..
     
  5. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    И јас се двоумам во тоа...Отсекогач си планирав што како но сега кога веќе е на пат понекогаш си мислам дали ќе биде се во ред и дали секогаш ке се носат правилните одлуки....но ајде времето ќе покаже се и се ќе биде добро со помош на сите околу нас :)
     
  6. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Од кога знам за себе знам да се снаоѓам со деца, без разлика на која возрст се. Ама колку повеќе ме бива со нив, колку повеќе сакам да имам свое, колку мојата желба е поголема- толку е неуспешна... знам дека ќе бидеме прекрасни родители зошто и сопругот е исто прекрасен со деца...
    Бог е голем и современата медицина напредна па се надевам дека некој од нив ќе се смилува и на нас....................... :worried:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Moето дете ќе мисли дека го родила сурогат мајка или дека е посвоено. :rofl:
    Несакам размазени, разгалени, распиздени деца ама ич. ]:)
    Не дај боже па да влезам во продавница и да неможам да го извадам од таму, па да почне да се дере и вриши на цел глас (сум била сведок на многу такви ситуации), има на клоци до дома да го носам! :fubar:

    Шала на страна. Дефинитивно ќе бидам построгиот родител(иако сега сите ми викаат дека ќе го сменам мислењето). Маж ми колку сака нека ги гали, јас додека е тој на работа ќе ги превоспитувам :wasntme:
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е страв каква мајка ќе бидам.
    Не сум таква да земам да си играм со нив.
    Слатки ми се само да ги гледам.
    Ми е страв дали ќе им пружам на децата доволно љубов, дали ќе знам да ги занимавам, дали ќе бидам спосовна да им пружам доволно внимание.
    Се надевам дека тоа ќе се смени кога ќе бидам мајка.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И јас незнам да си играм и не ми е интересно,со сила го правам тоа :D
    Сакам игри како карти,брза географија,кошарка,тенис,се ќе играм со нив
    А сега сакам да ги гушкам,бакнувам,милкувам и приказни да им кажувам ,да ги шетам во парк ,зоолошка,да ги љуљам :inlove: :inlove: :inlove:
    Си играм понекогаш ама не е тоа тоа
    Ама си се тешам мали се и така не разбрираат многу многу (3 ипол год. и другото 10 месеци)љубов максимум им пружам а кога ќе разбираат и ќе бидат поголеми,мама ќе биде тука за нив и за учење и за маки и за игра за се!!! :*
     
    На zalosna и Emotional123 им се допаѓа ова.
  10. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Mene cerkami znaj cesto pati da mi kazi deka sum naj dobra majka i drugarkite nejzini sto me poznavaat i vikale deka ima super mamicka .. normalno koga ce go slusnam seto ova celata sum :rofl: :dance:
    ..izvinete za lat..
     
    На SimonaTino и ddevojce им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Треба големо трпение и јаки нерви, дефинитивно :D
    Јас сум многу голема дечарка, многу сакам деца, посебно бебиња. И многу сум трпелива со нив, знам да ги заиграм. Еве имам помали братучеди кои многу често знаат да кажат дека мене повеќе ме „сакаат“ од сестра ми, затоа што многу сум си играла со нив :D а таа повеќе ги гњави, на сила тера, нема трпение да си игра со нив.
    Од друга страна, многу ме нервира кога ќе видам дете како пишти во продавница, или како трча и беснее а мајката си седи и ич мува не ја лази :x

    Дали ќе бидам добра мајка? Мислам дека да. Имам голема љубов спрема децата. Моите деца ќе се трудам да ги воспитам добро, да бидат културни, и пред се мирни (Боже дај ми сила :D )
     
    На a.c.k.a и zalosna им се допаѓа ова.
  12. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Treba da znajs i da go vospitas ne stvarta samo vo igrite .. kako sto pisa feminkata pogore i mene mnogu me nervira nekoe sto piska po prodavnici se deri rasturkuva se sto ce stigni ili saka se da pridobie so placejne .. izvinete od mob pisuvam :)
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Можеби сега така си мислите. Ете сестра на другарка ми секогаш велеше- нема шанси јас со деца да се расправам, не сакам ни да родам, ама ете ако мажот шо ќе го земам сака, ќе земиме сурогат да ми го роди :D
    Ни беше смешно, до толку некој да не сака деца, ама се сменија работите...или таа порасна во мислењето и сега има дечко кој многу го сака и тој има внука од неговата сестра која често е со нив и ја шетаат. Сега истата таа што неќеше деца ја слушам- ела мила, пази мила, душичка, срценце...омекна чупето. Требало да биде во контакт со мало од некој близок, од некој што го сака за да се смени муабетот, и срцето :inlove:

    Искрено, вака мене повеќе ми се допаѓа :rofl:
     
  14. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Морав да пишам во темава...да си ја олеснам душата...Додека бев бремена се беше ок и одсекогаш сум била дечарка и сум ги сакала децата. Но откако се породив незнам што се случува и дали е ова нормално. Јас се грижам за моето бебе (иако овие 40 дена и бањање, облакање, миење газе...се прави свекрва ми) но незнам зошто се плашам да го држам, незнам да го ставам од една на друга рака, незнам да го облечам..се плашам да не го повредам :( и се тресам додека го зимам во рака, додека го облекувам...Запаѓам во криза незнам што се случува...Можеби е нормално прво бебе ми е но зарем треба да чекам да порасне за да не му се плашам? :( Баш утрово додека го доев а бев сама на спрат се закашла бебчето мое и неможеше да земе воздух...Јас ќе умрев незнаев што да му направам и испаничив до крајност што почнав да викам на цел глас..се исплаши и оно сиротко па се стресе и почна да плаче ;( Јас уште се тресам и плачам незнам како да си помогнам..Се прашувам каква мајка сум?каква мајка ќе бидам ако продолжам вака? Незнам дали е ова можеби некоја постпородилна депресија или сл. но морам некако да се приберам затоа што после 40дена ќе си одиме со мм дома и таму нема да ја имам свекрва ми ниту мајка ми и како ли ќе се снаоѓам додека мм е на работа...
    Извинете за долгиов пост можеби и не е тоа темата но морав да си олеснам некако...:|
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Е како се грижиш ти за бебето ако ти е страв да го кренеш а други го облекуваат, бањаат и сл.? Разбирам првите неколку дена да ти е така ама поминале повеќе од 40, не е нормално. Можеме да бидеме нежни и да кажеме депресија, анксиозност и слични дијагнози поврзани со после породување за да те оправдаме, ама јас би рекла дај уозбили се, не си мало дете, и не оставај сите работи мајка ти и свекрвата да ги вршат а ти оддалеку само да посматраш ко за кукла да се работи. Ако тие имаат желба да се грижат за бебето не значи дека ти треба сите четири во вис и да кренеш раце од одговорност. Да си почнала порано до сега веќе ќе ти поминел и страв и се. А ти користиш ситуација па префрлаш одговорност. Стравот со филозофирање не го надминуваш туку земај детето во раце и учи се како треба.
     
    На <3 pleza4e <3 и crimson им се допаѓа ова.
  16. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Фала ти за напишаното но моето бебе има само 15дена, а јас затоа што бев царски и имав многу болки со раната..првите недела дена не ни бев способна да се грижам..А пишав дека до 40дена ќе бидеме кај свекрва ми затоа што знаев дека ќе ми треба помош. Можеби си во право и јас сакам да си се грижам сама за моето дете и да го надминам стравот но ете сеуште неможам али ќе почнам. МОРАМ, знам! А затоа и пишав во темава за тоа каква мајка сум...Се грижам за моето дете најмногу со љубов ..оно заспива само во моите раце и само јас успевам со пеење и галење и на цице да му поминат грчевите и да заспие мирно, можеби сеуште ете се плашам да го облечам, да го држам и да го избањам но зарем никоја нема поминато низ ова? !
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Така напиша, така те прочитав.
     
  18. Mandarinka

    Mandarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Мила јас ќе ти кажам од мое искуство. Јас немав страв од облекување,држење ама имав како страв од бањање.Првите 2-3 недели само свекрва ми го бањаше син ми, јас ќе го соблечев, ќе спремев се за бањање,она ќе го избањаше и после ќе си го облечев. Откако почнав сама да си го бањам си викам како сум можела да се плашам!? И многу ми е криво што ги испуштив тие моменти.
    И син ми често знае кога му давам млеко да се закашла, на почетокот бев цела испаничена, ама сега сум смирена, ќе го кренам во раце,ќе го потапкам по грпчето и таман е.Нормално е да си исплашена,прво дете,плус сега си породена ама биди поопуштена, не мисли на негативни работи,дали ќе се случи нешто или дали исправно постапуваш.Ти си му мајка и бебето има потреба од тебе. Ете и самата викаш дека заспива само во твои раце и само ти го смируваш.Следи го твојот мајчински инстинкт и се ќе си дојде на свое место!
    Мој совет е додека си кај свекрва ти почни ти да го облекуваш,бањаш а она нека биде тука и нека ти помага, нека ти покаже..Верувај за кратко време ќе се опуштиш ама мора да ги превземеш работите во твои раце, зошто после сама многу потешко ќе ти биде! :*
     
    На eatpraylove90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Fala ti mnogu mila za sovetot i sto go spodeli svoeto iskustvo :* Mnogu mi e polesno sega i ke se potrudam da ne panicam tolku i da si zacrtam vo glava deka nacinot na koj ke go cuvam sin mi ke bide onoj vistinskiot :) Zal mi e mene mnogu sto propustam mnogu ubavi momenti no ne deka ne se trudam no ete stravot nekako bese posilen od mene no nema poveke:) Fala ti uste ednas :inlove: