Не мора да е засебна темата, нека ја спојат модераторите со веќе постоечка. Иначе, тоа е поентата на темава, доколу мора да се посетува редовна настава, ме интересира колкав процент од нас, е за која опција.
Немам јас дете да не почнат одредени да скокаат што барам тука ама сум иден студент и ќе се изјаснам како иден студент. Не би ми било сеедно да седам со X луѓе во затворена просторија кои претходно се журкале, шетале, славале. Е сега да додадам кога сме кај училиштата би се задржала на хигиента. Во моите поранешни училишта , училиштата не обезбедуваа основни услови во нормална ситуација како сапун во тоалетите имаше дури и глувци една година, крпата со кои се пребришуваат масите е иста за цел спрат за сите училници. Во годините додека учев основно и средно само еднаш се исчисти училиштето а тоа е кога имаше редовна инсепкција во училиштето тоа на 3/4 години што е, само за да се покаже во најдобро светло. Ама секое чудо за три дена. Друго нешто професорот мигрира од еден во друг клас денес во 5 класа ќе отиде, ќе седи во канцеларија со колеги, ќе оди да пуши цигара и да пие кафе, ќе мора да јаде кога тогаш ќе ја тргне маската, исто и учениците на одморите. Јас од октомври не би сакала да се малтретирам по Скопје со ЈСП и да седам во иста просторија секојдневно со луѓе од целата држава и со луѓе кои можеби не се однесуваат одговорно. И едно прашање до сите родители: кого би обвинувале ако детето ви се зарази во училиште?
Имаше на вести дека ќе се менувале по 15 души ќе иделе на час. Ќе се менувале незнам како вака така. Подобро 15 души да идеме од колку да препишуваат еден од друг од трет од пет. Еве мојата струка повеќе е учење и пракса од колку домашни и пишување планови на час. И едно прашање до сите родители: кого би обвинувале ако детето ви се зарази во училиште? Не сум родител. Али кога би била родител. Би го обвинила директорот на тоа училиште бидејќи не обезбедува бесплатни маски за сваки случај ако претходната ја изгубат им падне на земја или што и да е. Бидејќи не дава дезинфекциски средства на влез на врата. Кога сме веќе кај чистењето . Во моето средно училиште редовно се чисти. Тоа што многу девојчиња го оставаат тоалетот така што не пуштаат вода после секоја потреба и што оставаат така расфрлени улошки и крвосани чучални тоа е друго. Сами се си криви. Овие од мој клас не оставаат така. Има канти во секој тоалет али не секој ги користи тие канти. Пред брзо време февруари месец ставија сапун за раце.
И маските кој ќе ги купува? Маската е за една употреба. Училиштето? Во едно училиште има 1000 деца. Една маска е 35 денари. Училиштето не може да им обезбеди маски на сите ученици и плус на вработените. А иста маска неколку дена да се носи тогаш за џабе се носи.
Реално.. Ама маските се поевтини каде каде од тоа да му дадеш на семејство храна и основни услови за живот.
Ама тие маски треба да ги обезбедуваш секој ден за секое дете посебно во секое школо. А тоа ќе е трошок за државата.
Абе ти си плаќаш струја вода. Преку тие пари ќе земе и ќе дадат и маски и дезинфекција. Ако сакаат они ќе најдат начин . Ако не сакаат илјада изговори ќе најдат.
260000 ученици * 35=9100000 денари (160000 евра) за само еден ден. Студентите не ги рачунам тоа плус.
Мора да изнајдат решение. Подобро преку една недела да одат по половина клас отколку воопшто. И онака неможеме да се пофалиме со квалитетно образование, уште фали на ваков килав начин од дома да се учи. Разбирам да е месец, два, три ама ова е веќе предолго. Што се однесува до маски, нека даде државата на оние социјално загрозените и оние со ниски примања. Некои родители земаат солидни плати, нека издвојат што се вели 1000 ден. месечно. А има и платнени маски кои може да се перат и повторно да се употребуваат.
Луѓето на децата не им ставаат маски во маркет и во било каков простор. Па најнакрај што е битно дали тоа дете ќе оди во училиште? Секако веќе некои се понашаат како децата да не можат да се разболат и не ги заштитуваат.
А зошто да не одат со маски за повеќекратна употреба? Сапуни и брисачи и вака и така сами собиравме пари и купувавме, така ќе биде сигурно и за дезинфициенси, не дека не треба да обезбеди школото, но ако нема сигурно не би ги оставиле без основни средства за хигиена како и до сега. Не ми е сеедно но доколку се почне со настава би го пуштила, и може не е лошо решение да одат по пола одделение наизменично на една недела. Помалото во градинка не за почеток, премногу деца се и нема како да ги редуцираат ако решиме сите да ги пуштиме, би им оставила простор на тие што немаат избор, сепак не е пропушта настава.
Da, treba da najdat nacin i decata da se vratat na starite skolski naviki i ucilisnite obvrski. Kolku i da sakame da bideme nastavnici, pedagozi, drugari i sl.drug avtoritet e nastavnik/profesor,drugo sme nie (roditelite). Bi gi pustila vo skolo i utre da otvorat, (so soodvetni protokoli) normalno so strav, no bi gi pustila. Obrazovanieto e del od zivotot na decata koj nemozeme doma da go vsadime.
Искрено ме плаши ситуацијава и мислам дека првополугодие онлајн сите ќе слушаме за жал. Во ред е пак да биде онлајн ама малце со осет. Што е тоа по цел ден децава да решаваат задачи и да праќаат на наставниците на време?Мора малку да го организираат тоа со домашните да ги задаваат тогаш кога имаат час по распоред а не на кого како ќе му текне.Така беше и кај мене.. Па толку домашни кога се иде во школо не давале ептен го тупат. Имам помали братучеди па знам колку им беше тешко да постигнат се да завршат.
Не се важи ако не живееш во Македонија. Заради тоа што Македонија никогаш нема да обезбеди услови како Холандија, ниту ќе има медицински кадар и добро здравтво како Холандија. Нема да бидеш ти наставник и да учат дома Наставниците ќе бидат наставници.
Во ред ти е размислувањето,може државата да подмири се ама они сакаат у џеб да си ги стаат парите не нас маски и алкохол да ни купуваат. Или евентуално да си набавиме маски од некој материјал и пери носи секој ден,можда и најдобра опција е.