Со пријател како Левент на Мурат не му требаат непријатели. Воопто не ми се допаѓа неговиот лик. Спојлер На крај кога ќе се разделат со Хасрет, Мурат ќе му биде виновен зашто не ги оставил на мира и цело време бил покрај нив.
Ја следам Туба уште од кога ја даваа Аси. Таа неодамна ја скрати косата и ја донирала за деца заболени од канцер. Овие слики се од пред два дена. Сликана е на фестивал во Дубаи
@rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Ке се смират ама тоа ке се случи понатаму не знам точно во која епизода бидејќи кај нас излегуваат дупли број на епизоди.
@ Bl-44 Сестра близначка и е на поранешната на Мурат и ке му прави проблеми понатаму. Заљубена е во него.
Ахх морам да пишам мислење за темаваа Најпрво и јас како и некоја од феминките погоре сакав да отворам тема бидејки името не и било „Дамата со марама“ и сметам дека активноста би и била поголема со ова име. Понатака прекрасна е серијава, не гледам турски серии ама оваа опседната сум со неа. Два-три вечери напочетокот и минатава вечер едвај заспав мислејки што ќе се случи. И последно доколку имате слободно време и сте за синхронизирани серии, тогаш топло ви ја препорачувам. Го препрочитав мислењево мое и на момент помислив режисерот на серијата го пишувал.
34 беше вечерва, инаку бидејки никогаш не сум дома кога се емитува, ја гледам на www.soprevod.com без реклами, исто си е синхронизирано, одлична е. Моментално гледам и многу ме изнервира онаа сестра и на Хасрет, Ѓулназ, ме натера да престанам да гледам и да пишам тука. Ех, божее па мајка и на Хасрет гледа да ја оттргне од Хасрет на секој можен начин, Бог да чува селско сфаќање, па ја знае дека Хасрет е добра и мила, и дека нема да ја запостави сестра кога ќе се смири со мајка и.
Да, Хасрет е симпатична П.С. Колку сакам барем на еден ден животот да ми биде како на главниот лик во една турска серија: Една палата од куќа, 3 коли од кои една за левата нога, друга за десната нога и една за 2те, обезбедување на секој ќош и неограничено пари на сметка, контакт со елитата со вртење на еден број и пиштол во внатрешен лев џеб од сакото колку за на митинг
ЗНачи онаа и е сестра близначка на таа што се фрли од тераса?А Мурат со таа утепаната беше вереник, а не знаел дека таа има сестра близначка??????? Хелоооооуууууу... не ја гледам веќе серијава....
Ќе се смират ли сега Мурат и Хасрет? Или Мурат ќе биде со Бахар? Кога ќе дознаат дека Бахар е всушност сестра близначка на Селим? Кога Хасрет ќе разговара со Саиме, кога ќе и дозволи да и објасни се и да се смират?