Јас сакав да прашам дали некој знае како се вика глумицата што ја глуми Џерен.Значи барав сегде нигде не можем да најдем ако знаете или ако најдете пишете фала
Мене ми е ретардирана серијава. Онаа Хасрет па не знае што сака, се вери се Левент а трчаше по Мурат. И сите музичари станаа, ај еден само да беше океј ама што маало ќе беше толку со таленти полно.
Серија на која на последната епизода плачев, серија која не сакав да заврши, една од поубавите серии кои сум ги гледала и кои ќе ми останат во сеќавање. Мурат и Хасрет пример дека љубовта не познава граници, дека што ти е пишано ќе ти се случи во животот. Само сакав барем сега татко и на Хасрет да се појавеше и да не останеше сама мајка и на Хасрет.
Секој со свое мислење,искрено не ми е ни премногу следена серијава,ама таква сум,мора да искоментирам Мурат е премногу харизматичен глумец,ама во серијава е ненормално интровертен.Хасрет жената луда и простичка,ама стварно си го сака,од почеток до крај.И он неа,не викам неа,ама додека изјави љубов изминаа 50 епизоди Стално во дилема,лутење за глупости,ја третира како објект поголем дел од времето,за мене не е тоа од оние епските љубови што сум ги среќавала низ турските серии,а има такви многу.