1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дама е...

Дискусија во 'Мода и стил' започната од 2468, 13 мај 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Мерлин била кокета,не била дама...денес е најпозната плавуша,култен лик,занимлив за дикустирање и демек соодветен за создавање на идол...ама далеку од дама.
     
    На BlondeGirl8, sweet-star, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Едноставно некои се раѓаат како дами, нема везе каде ќе растат како, што, секогаш се дами. Елегантни, со смисла за хумор, шармантни, секогаш убаво средени. Немора да носат најскапа облека и најмодерна туку нешто што нив им стои и што нив им се допаѓа. Дама се познава по начинот на кој зборува, како оди, по мислењата, по реакциите. Некои жени едноставно се раѓаат така-совршени :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Самосвесна за себе и своите квалитети.Сигурна во тоа што го сака и колку вреди. Образована и средена елегантно никако кич. Со убав начин на изразување и држење. Дама кога оди, дама кога зборува, дама во друштво, дома, а не надвор тип топ а дома и пцуе и вика и се. Дама денес ти е жива реткост, се убив од мислење на пример некоја од моја близина, ама до толку не ми текна. А од светов мене Лејди Дијана ми е пример, нежна и кршлива а сепак силна жена.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дамата се раѓа, не се учи. Се дооформува како личност во текот на животот но доколку го нема тоа во себе, може и на триста факултети да ја пратите, нема да биде дама доколку не и е вродено така да се однесува. Дамата е зрела, воспитана, шармантна, културна девојка, која зборува само тогаш кога има што да каже, а обично и навистина ИМА што да каже, зборува грациозно, ненаметливо а сепак природно. Пратете и академски професор, или пак селанец кој орал нива цел свој живот, девојка која е дама, ќе знае совршено да си направи муабет и со едниот и со другиот. Дамата не мора да ја препознаете по скапата облека. Наметнете и обична вреќа и направете и 5 минути муабет, ќе видите веднаш за кого станува збор. Дури и во вреќа ќе знае како да се однесува, како да оди, како да седи, а притоа сето тоа да биде совршено природно затоа што таа тоа го поседува и знае.
     
    На MarchelineAmaru, GreenEyedBabe и akita им се допаѓа ова.
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Стварно за да бидеш дама треба да си родена така, ама ако не го негуваш то, ништо од дамата...За мене дама претставува образована, елегантна, културна, смирена, не вулгарна жена која своите манири ги смета за дел од себе...Пред се да биде дама за себеси, а после за другите... :) :)
     
  6. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    [​IMG]

    Audrey Hepburn

    прекрасна , зрачи со женственост , аристократско движење , фини манири
    се е природно , баш дама :)
     
    На Extraordinary.girl и butterfly.mimi им се допаѓа ова.
  7. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    пред се обраозвана жена од фамилија,со цврст карактер,достоинство,гордост,добра сопруга,мајка,деловна жена...Пример за дама,хмм......
     
  8. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Според мене нејзе средината ја создава.. За да станеш Дама треба да живееш во ептен тешки опшествени услови т.е Дволични, лажливи, шмизли, интелектуелци - опкружена од секаков тип на луге. Гледајки ги нив прифакаш нешто нешто отфрлаш и се создаваш себеси.
    Доколку си родена во некое демократско, еднакво, регуларно опшество ти треба тешки маки и некоја Дама учител за да те научи. + многу искуство.

    Треба да стекнеш искуство, да западнеш во секакви ситуации затоа што тоа е единствен начин да знаеш понатаму да се справуваш. :$
     
  9. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Дама за мене не е само жена што убаво се носи или има изградено стил.Секако и тоа е битно,но ништо ако нема став,добро држење на телото,култура..Пред се таа треба да биде интелигентна,да има добро ниво на образование и комуникација,да знае што да каже,кога да каже,а што да премолчи или игнорира.Пред се таа треба да зрачи со самодоверба , да биде насмеана и со позитивен став кон животот.
     
  10. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Дама е жена која има свој став, стил на облекување, достоинство, женственост, таа е храбра и горда, образована и успешна, љубезна и културна. Дама не може да биде секоја, дамата се раѓа како дама и живее како дама.
     
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    [​IMG]
    Дама = грациозност, образование, манири и бон тон, елегантност, нежност!
     
  12. Glamour

    Glamour Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
    Јас не се согласувам дека дама не создава, туку се раѓа. Дама е една жена со самодоверба, која што се почитува себеси, да е софистицирана, паметна и да се грижи како изгледа, да знае како да се однесува и да се снајде во секоја ситуација.
     
  13. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Културна, образувана, убава и паметна :)
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Политиката настрана.
    дефинитивно дама според мене...
    [​IMG]
    Јулија Тимошенко
     
    На BeLLaDona23 и 2468 им се допаѓа ова.
  15. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    во денешно време да се биде дама е реткост....тоа било повеќе карактеристично во минатото. Под поимот да се биде дама јас подразбирам тоа да е жена секогаш дотерана , наместена , пред се паметна , донесува точни одлуки и има свој стил.
     
  16. andromaha

    andromaha Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    џеки кенеди вистинска дама
     

    Прикачени фајлови:

    • canvas.png
      canvas.png
      Големина на фајлот:
      46,3 KB
      Прегледи:
      380
    • ijaky.jpg
      ijaky.jpg
      Големина на фајлот:
      7,9 KB
      Прегледи:
      375
    • jackieo.jpg
      jackieo.jpg
      Големина на фајлот:
      49,2 KB
      Прегледи:
      375
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Дама е мојата мајка. Секогаш средена и убава, културна, насмеана, за секого има убав збор, самоуверена и храбра жена. Секој збор и е на место, умерена е и достоинствена.
     
    На andromaha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Пред сè долично однесување, самоуверена жена, негувана, секогаш дотерана, паметна, фина, културна, со вкус. Иако денес слабо се наоѓаат такви.
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Најпрво да има карактер. Без карактер не правиме ништо. Дама е ако знае како да се однесува во најразлични ситуации и со различни луѓе, да е културна и паметна, да не зборува напразно - колку нешто да каже, да е храбра, полна со самодоверба и достоинствена. Потоа треба да има држење, да е елегантна, софистицирана и грациозна, секогаш да е насмеана, без разлика на ништо не треба да го покажува своето лошо расположение. Љубезна, во секој случај. :) Да е средена, да има свој стил на облекување, значи да не копира никого. Да е своја и да има изградено свој став. Нежна и прекрасна во исто време, со доза на сексапилност и привлечност која во никој случај не треба да изгледа невкусно. Се во своите граници. :) Би требало секогаш да зрачи со позитивна енергија. Пријатна и фина девојка/жена во чие друштво секогаш би сакале да се најдете. Ете, сево ова ми оддава впечаток на вистинска дама, иако во ова време тешко е да се најде, ама сепак ги има. :)


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] Aхх, прекрасна е. :inlove:
    [​IMG]


    Ова се само неколку примери на што е тоа дама, според мене. :)
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Верувам дека дамата не се создава, таа се раѓа! Сите други кои не ја поседуваат оваа карактеристика а се обидуваат да се, испаѓаат да се премногу кич кое е нешто што не е препорачливо. Дама е жена која има достоинство, самодоверба, спокојство... Жена која внесува пријатни чувства само што ќе помини пред некого. Секогаш насмеана, не-премногу шминка, и дискретно дотерана. Образованието игра улога во тоа,но сепак џабе би било образованието доколку една дама не се придржува на овие правила. :hai: