Можеби нема да успеам да дадам јасна дефиниција за дама но ќе ја опишам онака како јас што ја замислувам ..... Значи одмереност,елеганција, смиреност Жена која има јасен став и пристап кон се и сешто... Таа која се облекува убаво и модерно но не и провокативно,има манири кои се својствени само за неа ... Однесување . Дали може да замислите дама што грми кога ќе се насмее, или се дере , или пцуе ? Значи многу одмерена и фина со јасен говор без дијалекти особено нашиве И кога одат танцуваат и кога зборуваат заведуваат , им се смеат очите и без да отворат уста... Присебни се со мала доза на ароганција ....
Дама=образование,интелегенција,разбирање,почитување,елеганција,смиреност,манири,бон тон, нежност,умереност,достоинственост,женственост. P.S. Размислувај како маж, однесувај се како дама!
Поимот дама за мене знаци елегантна,способна,интелегентна жена која има убаво однесување и држење,секогаш средена. Може и да се роди и да се стекне тоа според мое мислење
Убава девојка, паметна инелегентна, од пристојно семејство. Знае како да се однесува во јавност знае за БОНТОН и покрај се е скромна и елегантна. Иако овој вид на девојки е скоро изумрен. Но тоа е тоа...
Според мене дама може и да се роди но и да се создаде зз мене дама претставува особа која секогаш е средена добро изгледа да има добар карактер да биде учтива да знае да се снајде во секоја ситуација да има добри манири да биде мила на прв поглед да биде паметна,образована,интелигентна
Дама- жена која е секогаш убаво средена (па дури и кога не потрошила 5 саати пред огледало), елегантна, со културен и добар речник, не се расправа за работи кои ја ставаат под ниво, пристојна, женствена, интелигентна, стрплива, образована,самостојна.
Дама е жена која е свесна за своите квалитети но сепак приземна,успешна и задоволна од себе си и тоа што го работи,полна со самодоверба,жена која знае да се почитува себе си,која е негувана,се однесува културно и на ниво,со добар речник и софистицрани гестови,убава од надвор но и внатре,што знае да го цени убавото и самата себе,која е природна,спонтана и насмеана...совршена не може да биде во секој случај! Важен е затоа шармот,насмевката,важна е добрината и убавината на нејзината душа..ретки се дамите денес!
Дамата се раѓа,неможе да се сездаде. Не може некоја жена да ја направиш интелегентна,снаодлива во секоја ситуација,спремна на се. Дама е жена која има дом кој совршено функционира,неколку среќни дечиња,добар сопруг во кого е бескрајно заљубена и најдобра во својата работа. Жена секогаш насмеана и расположена,смирена и сталожена. Пријатна е за разговор и е мелем за ушите и УМот да ја слушаат. Секој нејзин збор е на место. Убава е и физички. Згодна и прикладно облечена во секоја прилика. А да и најважно, ОТМЕНА Е,СОФИСТИЦИРАНА И КУЛТУРНА.
Дамата се раѓа, дамата е грациозна и префинета во секој поглед. И се што кажа Squirrel. Што значи од мене дама не бива...
Денес ретко да се сретне Дама во вистинска смисла на зборот... Порано за да се биде дама пред се морало да се има аристократско потекло,а денес потеклото не игра некоја значајна улога.Дама не може да биде секоја,но не се сложувам со тоа дека дама се раѓа,зарем сите жени кои ги сметаме за дами се родиле убави,образование,со добри манири..тоа се надополнува со тек на време но сепак жарот со кој плени таа жена не може да го поседува секој. Животот и годините играат голема улога,низ борбата за животот учиме многу како да се однесуваме,како да постапуваме во одредени ситуации....но не секој може да биде дама тоа е карактер особина која не може да се изгради кај секој. -За мене ДАМА е жена која е во средните години и во патешествиата на животот научила како да се биде дама изградила дом семејство,се дружи со елитната класа,доста образована,снаодлива,добра мајка сопруга,да биде добро воспитана,културна.. Облекувањето исто така игра голема улога значи секогаш дамата треба да е средена, косата и ноктите уредни а облеката складна во однос на пригодата.Пред се треба да биде културна,одмерена,елегантна,која знае што сака,доста педантна,уредна...Треба да поседува внатрешна и надворешна убавина.Дама е жена со цврст став.Според мене одот,држењето на чашата,прекрстувањето на нозете се исто така битни.... И денес реткo се среќава Дама-се повеќе сме опкружени со ''лажните дами'''....
Жена која се прифаќа каква што е, и без разлика на се има насмевка на лицето, онаа која врви низ животот со леснотија и не се замара многу со оговарања и слични сра*а. Дамата не се раѓа, таа се гради со времето. Дама е карактерот која го поседува секоја од нас, затоа нема општо пишано правило што е дама, бидејќи сите сме дами на свој начин.
За мене, најголем пример за дама е Грејс Кели. Ја обожавам нејзината елеганција и помпезност. Јас не би сакала да бидам дама, едноставно... тоа не е во мојот стил. Но дамите секогаш ми привлекуваат внимание, прво со нивниот изглед, а потоа со нивната отменост и сталоженост.
Дама е жена која е секогаш средена и убаво облечена, убаво изгледа и знае како да се бори за да го добие тоа што го сака. Користи исклучително високо ниво на изразување
Според мене дама е жена која е дома домаќинка,која кога е нервозна вришти во себе, кога е во кафана провокативно игра во себе и со блага насмевка ги гледа останатите,и која е ку.ва во кревет ( се разбира само со партнерот)!
Пример за дама е нашата Катарина Ивановска - само погледнете ги сликите од улогата во филмот во кој ќе глуми (во темата за македонските модели) и се' ќе ви биде ганц јасно. Спојлер Што се однесува до другите особини на една дама, би ги издвоила решителноста и самоувереноста, грациозноста, сопствен и препознатлив начин на облекување/одење/држење - таквите жени/девојки ми оставаат впечаток на вистински дами.
Дама е.... мојата насреќна карта. Особено кога ќе ми се падне два пати во покер Тогаш сум добитна 10000000%. Бакнеж до неа