1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дама е...

Дискусија во 'Мода и стил' започната од 2468, 13 мај 2010.

  1. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Дама се раѓа, апсолутно. Може од нива да собереш некоја и да ја облечеш во најскапи алишта и четири факултети да упише, бадијала е ако во себе го нема "она нешто". Исто ко што не може да излезеш во фармерки и патичиња и да се нашприцаш со Версаче, не иде. Треба да знаеш да го носиш.
    Треба став, и уште потешко и побитно - држење до тој став. Култура, умереност, манири, вкусно однесување... Не си дама ако носиш флаша вода по улица или држиш ташната во положба како да ти е раката во гипс, имаш ајфон или идеш на шопинг во странство. Кога нешто не е тоа - тоа, не може да се исполира.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Дама е прво образована жена, културна, секогаш средена и секако убава :lol:
    Барем според мене :wasntme:
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    [​IMG]
    Како Саманта, не како Ким.
    Можеби е и Ким дама не знам, но Саманта во sex and the city го има типичното дамско во неа, поглед,стил,однесување,став,сексипил..
     
    На MacaLove и Kristinna92 им се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да, се сложувам дека дамата е родена. Пример, едно мало девојче што видов во една свадба. Абе како одеше, како прво. Како си беше облечена, средена, права дама. Како се насмевнуваше, блескаше целата. Од мали нозе, каков стил! :o
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кога се зборува за дама во Македонија, таа прва ми паѓа на памет...Јагнула Куновска, адвокат...[​IMG]
     
    На zhap4e и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Мене Халиде од Имотот на дамата ме асоцира на дама.Кога ќе ја видам неа гогледам поимот дама, знае да се однесува , да се облече права дама :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Според мене дама е жена која е достоинствена и полна со знаење,и своите искуства ги пренела во својот стил,се слуша себе ,знае која е.И доколку има слаби точки гледа да ги сведе на минимум.Го живее животот,гледа ,осознава но никогаш не потценува..
    Секако тука рака под рака оди и негуваниот изглед и градењето на нејзиниот интелект.Едно без друго не оди..
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Според мене дама не е само онаа девојка која добро изгледа,добро се облекува...дама е девојка која покрај претходните набројани, треба да знае пристојно да се однесува, да има свој став, свое јас, да е умерена, скромна, искрена, да знае бон тон.
     
  9. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Денес се помалку има дами во вистинската смисла на зборот,сите нешто глумат,уфурани во некој филм и самите не знаат каков,мислам дека овие помладите генерации и не го знаат вистинското значење на зборот. Мислат дека ако носат некоја марка гардероба на себе станале дами. Со брендирана гардероба на себе не се станува дама. Треба да има многу повеќе -шарм , убавина, држење,а пред се онаа внатрешна убавина која според мене многу малку жени ја имаат во себе.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Исидора Бјелица, српска писателка, со многу специфичен стил на облекување, сталожена, стабилна и културна жена.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Дама е, според мене, ако се облекува пристојно, и така се оденсува не како некоја *ај да не кажувам, што и се иди гола по улица да оди* ;)
     
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам дека се дами Исирора Белица, погледни фото ???[​IMG]
    Женава е навистина интересна за слушање, онака опуштена е , ама богами пцуе и зборува и се однесува како маж. Таа според мене е од оние вештачките дами, која мисли дека со еден пар штикли од Прада е модна икона. Не, не, и не.
    Или не знам некој ја спомна Мерлин Монро. Убаво кажа Лилит (мислам) таа е кокета, му била швалерка на претседателот на САД. Зарем Вие под пимот дама подразбирате швалерка? Не, не и не.
    Ама врв на се беше кога за дама ја посочивте Саманта од Сексот и градот. Врв :x

    Во секој случај со сигурност тврдам дека овие три не се примери за дама. :!:
     
    На Dennings, Dpokahontas и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    ова е права дама за мене[​IMG]
     
    На Lady97 и Hipica им се допаѓа ова.
  14. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    194
    "Не е лесно да се биде жена со стил, меѓутоа со малку труд се е возможно!!!
    Вистинската дама се познава по непретенциозноста во стилот, образованост и добри манири, дополнет со нејзиниот физички изглед. Вистинската дама не мора да е убава, нејзината совршеност лежи во нејзиниот став дека е жена. Таа не е слеп следбеник на високата мода, таа нема идоли и примери кои ги следи, таа добро се познава себеси. Дамата е секогаш своја, не блефира, затоа поимот дама е вонвременски и универзален."
    Ова е одговор на прашањето што е дама, на една од вистинските дами во вистинска смисла на зборот - Моника Белучи. ;)
    Во едно свое интервју таа наведе неколку нешта кои ги окарактеризираат дамите... Нежни раце, здрава коса, убав тен, здрави заби, стил, добра шминка... А она што не треба да го поседува една дама е - силикони (Големината не е битна, битно е како ги носите!!) :lol: , израстоци на косата, тетоважи ...
    :)
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Да се биде дама е пред се многу голем предизвик.Кога ќе се спомне зборот дама прва асоцијација ми е убава жена,со секогаш средена фризура,шминка и средени нокти.Жена која е свесна за своите квалитети и знае како да се носи со истите.Жена која што никогаш не е провокативно облечена,а привлекува машки погледи како никоја друга.Жена која што е начитана,има свој став,секогаш е насмеана и за секога има убав збор.Денес ваквите жени се вистинска реткост,но морам да се пофалам дека мојата комшика е една од нив.Секогаш кога ќе ја видам срцето ми се исполнува од тоа колку таа жена едноставно зрачи со својот шарм и харизма :)
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сега ако најдеш таква дама како што си умислила ќе се изгубиш во времето и просторот.
    Да, мене ликот на Саманта ми е дамски.
    Легнала што легнала во кревет, но едноставно начинот на однесување не ја прави ефтина, начинот на кој разговара... etc.
    Без разлика што прави и како прави,да не дозволи муабет да се отвори за неа.
    Ете тоа за мене е дама.
    Дама од реалноста.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Ashling :bow:
    Од збор до збор се сложувам.

    А за мене пример за дама е
    [​IMG]
     
  18. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Што смее, а што не смее да си дозволи една дама
    Не е лесно да се биде жена од стил, но со малку труд и тоа се може. Таа се познава по непретенциозноста, но со совршен стил. Таа пред сè е образована и добро...


    ...воспитана и на тоа се засноваат одликите на нејзиниот физички изглед.

    Вистинската дама не ја следи слепо модата, таа нема примери, таа добро се познава себеси. Таа е своја. Не блефира.

    Затоа поимот дама не е старовремски. Вредностите кои се подразбираат се вечни и секогаш треба да ги има на ум.

    Италијанската актерка Monica Bellucci е една од најпосакуваните жени, но и дама која во секоја прилика плени со својата префинетост.


    Што има вистинската дама

    Нежни раце
    Рацете негувајте ги континуирано. После секое миење намачкајте ги, а една неделно направете пилинг на рацете и ставете пакување. Ноктите намачкајте ги барем со безбоен лак.

    Здрава коса
    Косата пред сè мора да биде чиста, а потоа и негувана. Значи, редовното потстрижување е задолжително, не смеете да си дозволите процветани краеви. Ако се фарбате, правете го тоа со квалитетни бои за коса!

    Убав тен
    Не постои ситуација во која можете да си дозволите да не го исчистите лицето и наутро и навечер. Еднаш неделно направете пилинг, а ако можете, редовно посетувајте козметичар. Подобро е да се откажете од крпчиња отколку од убава кожа.

    Здрави заби
    За да се нема непријатен здив, забите мора да се мијат после секој оброк, а пред миење да се исчистат со забен конец. Посетите на стоматолог се подразбираат.

    Секогаш чиста
    Ако се претендира ако титулата дама, мора да се туширате секој ден, па и два пати во текот на денот. Облеката мора да биде совршено чиста и испеглана, а долната облека, квалитетна и во комплет. Парфем, не модрен, туку оној што личи на вас.

    Умее да се шминка
    Свечената шминка е за навечер, пристојната е за преку ден - кон тоа правило се држат дамите. Боите што ги наметнува трендот не доаѓаат во предвид ако не ви одговараат. И уште нешто – никогаш не ја поправајте шминката на јавно место.


    Што нема вистинската дама

    Силикони
    Жената со стил нема ништо вештачко и претерано, а тоа се силиконите. Затоа немојте да бидете мрзеливи и цврстите гради одржувајте ги со вежби и со правилна нега. Големината не е важна, важно е како ги носите.

    Нема подрасната коса
    Никогаш немојте да си дозволите израсток. Тој детал праќа порака дека сте мрзеливи, неуредни и дека не се грижите за себе. А кој не е за себе, не е ни за другите. Ако се фарбате правете го тоа редовно!

    Нема мустаќи
    Редовно отстранувајте ги влакната од лицето и телото, а особено над усните, тоа е императив. Мустаќите се резервирани за мажите! Ако ги имате, редовно депилирајте ги и запомнете дека тие најмногу се гледаат кога ќе ставите пудра.

    Нема тетоважи
    Денес се многу популарни тетоважите и пирсингот, но такво нешто им доликува само на младите. Сега сте можеби млади, но младоста не е вечна. Ќе дојде ден кога вашата тетоважа ќе изгледа вулгарно.

    Таа не се кити
    Накитот не смее да биде крупен и воочлив бидејќи дамите носат само софистицирани парчиња накит. Секако, вистински накит, бижутерија не доаѓа во предвид. Ако не е дијамант, подобро е да го нема.

    Нема закачени чорапи
    Чорапите мора совршено да прилегаат на ногата и не смее да бидат закачени. Резервен пар секогаш мора да ви биде при рака. Заборавете на импровизации од типот „ќе го спречам пуштањето на котелец со лак за нокти“.

    Преземено од http://www.crnobelo.com/index.php
     
    На BeLLaDona23 и Princess.Serena им се допаѓа ова.
  19. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Современа дама?
    Дама од реалноста? :D
    Да, таква е Саманта, затоа и некои жени така си го имаат протолкувано дамството. За мене Саманта е една скапа спонзоруша, со нимфомански поглед кон машкиот пол. И не би рекла дека не се отвараше муабет за Саманта,сите и збореа позади грб, легнала што легнала... мислам ова кажаново ти нема смисла...апслутно не се согласувам.
    Ама ок, ако тебе ти е дама, нема проблем, јас само мислам поинаку, башка да не се изврти муабетот и да се однесе у крив правец, нема да пишувам многу.
    Тешко е да се најде вистинска дама, во денешно време, тоа е и муабетот. Инаку не зборуваме за современи дами, квази дами, дама во одењето, дама во зборувањето, туку за ликот дама кој што е многу, значи многу многу покомплексен. Инаку има ,зошто да нема, само што се ретки."
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да.
    Токму така.
    Дама од реалноста.
    Не можам да дефинирам точно што е дама.
    Дама е жена што и се пуштаат 1000 мажи, но само еден сака?
    Дама е жена што ако посака да запали слимс цигара ќе се испотепаат кој да и запали?
    Дама,дама... сите сме исти и курви и мажи и психопати во одреден период,а пред народот излегуваме како дами..
    Затоа што никој не не знае какви сме дома.
    Ете затоа ви се дами.

    Или можеби постои некоја што ќе се разбуди во свилена постела,со Мона Лиза насмевка, останува пред огледало онолку колку што сака затоа што на дамата дури и времето ја чека, пие чај и додека излегува цел комшилук се врти на неа и и се поклонува. Излегува, секој ја гледа како дама, сите имаат стравопочит према неа, владее со мажот во кревет, но не испушта ни звук ни некаква емоција, зошто нели она е дама, а се што може да создаде некакво чувство ќе ја направи мекуш.