Дама е..лицето што го гледам секој ден во огледало.. добро да не бидам до толку нарцисоидна еве да објаснам што гледам барем -Дама е жена која се облекува пристојно,со стил ама сепак изгледа секси,секогаш е нашминкана со не нападна шминка,средена фризура и средени нокти секако и голема чанта во која ќе собере се што и е потребно на една дама
За мене дама е (барем јас така ја замислувам) пред се интелигентна, мудра, зрела, одмерена, елегантна и негувана, женствена и сензуална личност со свој сопствен стил (препознатлив, но ненаметлив), жена со грациозно движење и „кралско“ држење. Дамата, го има вродено тоа чувство во себе.Генетиката е многу битна, како и ставот на нејзините родители (посебно на мајката) спрема животот и стилот, кои во најголема мера влијаат во развојот на детето во она што подоцна ќе стане и ќе се нарече дама.Доколку можеби не постоело такво воспитување, ако во длабочината на својата душа има потреба за елегантно, спонтано и убаво, девојчето или девојката, тоа ќе го бара и ќе го научи.Можеби тој пат е и поубав.Кога нешто пробуваш и се градиш самиот себе си. Дамата ја следи својата интуиција, се слуша самата себе си, знае која е.Со гордост го истакнува она што е убаво и добро во неа.Не е лажно скромна и ги познава своите слаби точки, така што достоинствено работи нивните пулсирања да ги сведе на минимум. Дамата е достоинствена и полна со знаење.Сите искуства ги вметнува во својот стил.Гледа, осознава, споредува, без потценување на другите.Учи од подобрите и тоа го прави без срам.Дамата е љубопитна во своето тежнеење кон убавото.Кога ќе го сложи својот мозаик, кога е веќе млада и зрела жена, ужива во мирниот тек на својот избор(животен, моден, секаков) и ги држи своите раменици мудро, достоинствено и право.
Ја видов темата и веднаш ми текна на ...Bree Van de Kamp Женава е синоним за дамско однесување и дамски став. Елеганта. Префинета. Нежна. Љубезна. Чекори со крената глава.
зашто гледам дека ми го нема мислењето , пак да си пишам, Ливингглам и за мене е дама, и ме потсеќа на Одри, а на Исидора да и се извинам, зашто немам убаво мислење за нејзе
Дама е таа што знае како да се однесува има свој стил на облекување образована културна знае да се изрази знае како да се однесува во сите моменти убава и негувана жена
Жена која е, негувана, елегантна, секогаш средена од глава до пети, образована, културна, интелигентна, женствена, љубезна, харизматична, секогаш зрачи со позитивна енергија...
Визуелен одговор на темава: Поопширно гледано, неколку карактеристики ми паѓаат на памет кога се збори за `дама`. Ма да, во глобала се согласувам со мислењата над мене. Префинетост, грациозност, нежност, одмереност, елеганција (во движење ) се дел од одликите на една дама. Визуелно се разликува од жена до жена, но ова е најсоодветен епитет кога сакам Кетрин да ја опишам. Убавина бре!
Достоинствена, грациозна, одмерена, секогаш средена со убав вкус, одмерено облечена не провокативна! Образована, културана паметна, со стил и некое си реноме држење! Јас за мојта мајка секогаш велам дека е права дама из Париза Она ептен лебди, кога и викам така, ама стварно сметам дека е. На свои 50 години нема во живот отидено на работа без фризура, не нашминкана, со скинати хулахоки и со недекватна облека. За дами во секоја смила на зборот ми се, grace kelly, catherine zeta jones, meryl streep, audrey hepburn и една од најграциозните жени на столетието, catherine deneuve, дама и оваа е старно из Париза!
Oд секој можен апсект е прекрасна. што по убавина, што по добрина, ја обожавам Oва е една дама за мене лепотица
За мене дама не е девојка или жена (сеедно) која е увек стокмена, испеглана, со исчистени чевли, средна шминка и фризура, тоа можеме сите да го направиме па повторно да не бидеме дами во вистинска смисла на зборот. Најбитниот момент кај секоја дама според мене е држењето на телото, гестикулирањето, начинот на одење, седење, тонот со кој зборува, начинот на кој се смее и сл. Затоа дамата за мене и покрај тоа што е секогаш средена, умерено, онака како што доликува, зборува јасно и разбирливо, ни многу тивко, ниту гласно... И дама не се станува, или го имаш во себе тоа дамското или не, трето нема. Јас познавам девојче, ќерка на наши блиски пријатели, толку е малечка, а е толку нежна, мила, културна. Самиот начин на кој седи, го одразува тоа дамското. А нејзините не ја воспитувале така да се однесува, туку ете такво си е детето. Во моментов не ми текнува на ниту една дама, освен на една жена од кај мене во маало, ама немам слика да ви ставам. Секогаш е средена, и кога мете двор, она е со средена фризура, чиста испеглана гардероба, адекватни обувки. Јас никогаш ја немам видено со израсток, или неуредна гардероба или со прљави чевли, никогаш . Долго време живеела во Париз, па го имаше попримено нивното меко р, не секогаш го употребуваше, ама мелем за уши беше нејзиниот говор. Кожата на рацете иако имаше 50 години и беше мека како свила, а лицето чисто, и уредно, не со три кила пудра и маскара, туку доволно да и ја истакне лепотата.
дама само може да се роди...а со тек на живот неможе да стне таа не е дама туку е вештачка и пробува да стне несто што си умислиа а не е и фактички цел зивот во глума ке го живее!мене ми е убаво вака знам една колешка што се труди да се понаша така и добро ја поштувам за некои раб али само з анекои,кога не е човечна гледа таа гзот да си го намести по цена да зезне тројца тоа ти се вика е*ати и средност и литертурен говор кога немаш ништо човечно во тебе хуманостси живее во некој нејзини свет бог да чува најабитно и е ученјето да е среднена наместена и тоа како програмирана глупости!
Ендемичен вид последниве 50 години инаку поимот дама го дефинирам како личност што има цврст карактер , е елегантна , смирена , со свои ставови , секогаш суредена , пицната , горда , претпазлива (што прави и како прави) и тоа е се
..девојка која има свои принципи,умерена во се што прави,смирена,културна,нежна,дотерана и скоцкана за секоја прилика и одвнатре и однадвор-девојка со карактер.
Сите ние го имаме тоа дамското во нас, но не кај сите доаѓа до израз. Големо влијание имаат средината и опкружувањето. Дамата е образована, амбициозна и успешна. Таа е интелигентна. Доволна самата на себеси, но ужива во друштвото на другите. Нејзиниот говор, нејзиниот глас е секогаш смирен, нејзината смеа наликува на најпријатното жуборење на поток, нејзините движења се привлечни како и летот на пеперугата. Таа има гордост, има самопочит. Таа е нежна, но со цврст карактер. Каде и да оди остава впечаток. Таа е хумана, таа е човек во вистинска смисла на зборот.
За некоја девојка/жена да биде дама во вистинска смисла на зборот пред се преба да се грижи за својот физички изглед, но и да поседува внатрешна убавина. Што се однесува на физичкиот изглед не мора да биде преубава, доволно е секогаш да биде средена, дотерана, да ја одржува личната хигиена на високо ниво, косата секогаш да и е средена. Но, тоа не е доволно. Треба да поседува цврст карактер, добри манири, убаво да зборува, да е културна и умерена.