Дама е...

Дискусија во 'Мода и стил' започната од 2468, 13 мај 2010.

  1. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Според мене, пред се една дама е девојка која се почитува самата себе и која има голема самодоверба во себе, да знае добро и културно да се однесува, да води грижа за себе и за својот изглед, и пред се секоја дама треба да биде единствена и различна од другите.И како што велат никој не е совршен, па ниту дамите не се премноду совршени. :)
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Дама е софистицирана,културна,секогаш среден жена со свои манири на однесување и изградени свои принципи според кои се води во животот. Секогаш скоцкана,но не пренакинџурена,интелегентна,да знае да се однесува кон луѓето.Скромна, секогаш да е ведра и насмеана,модерна,образована.Тоа би било мојот модел на дама.
     
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Дама ! Жена со префинети манири ,достоинство и култура за секаде ,фина и пристојна секогаш за пофалба
    жена која максимално дава се од себе за почита и убавината -физичка и психичка .А би ја замислил само како навидум иста како "сите" жени физички но сепак шармот им е посебен .
     
    На sun.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    За мене дама е и девојка у патичиња со тренерчиња и ранче шо пуши цигарче и гледа низ темното стакло на наочарите.
    Не мора да се однесува ко балерина кога се движи и оди по скали, да крши кичми, да прати мода и да носи високи потпетици.
    Мене поим за дама ми е отменоста и ставот кој една жена го носи во себе поради тоа што е.
     
    На LittlePinky, little.woman, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    202

    За мене дама и пороци не одат во иста реченица барем во 21 век... Тоа е само мое мислење не барам некој да се сложи со него...Само немојте да ме убедувате со споредби со некои икони од 50те, 60, 70... Тоа биле други времиња ;)

    И не знам зошто ама текстот од ДНК од песната Авион ( чиј спот е ужасно промаршен и контрадикторен :!: ) ме асоцира на некоја ДАМА, позитивна, насмеана, свесна за своите атрибути, полна со самодоверба, без силикони, природна женска, без пороци, таа ја носи облеката, а не облеката неа, кај дамата секој збор е на место, дамата е педантна, дамата има познавања од најразлични области (ако нешто не знае, мудро си молчи а не избрзува и не влетува во муабет) Дамата не ги следи трендовите и стиловите по секоја цена, таа си гради свој стил... Секое влакно кај неа е на место... Таа има харизма и е духовита... Зрачи со сексапил без да открива премногу кожа... Одмерена е, но има и свои доблести и мани, не значи дека дамата треба се да знае, дека нејзините гулапчиња* мирисаат на ружи :lol: или дека е беспрекорна во се и дека никогаш не го губи својот темперамент... Сепак луѓе сме, зар не?
    Ама тоа се само моите високи критериуми за дама, за некој дама е нешто друго....
     
  6. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Според мене дама се станува не се раѓа .. и една жена за да биде дама треба да е интелигентна личност , жена полна со самодоверба, ( не некоја дигноглава) секогаш средена , да има човечност , во секоја прилика да знае како да се однесува , и движи ;)
     
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Дама..
    Жена полна со самодоверба..
    Жена која знае како да се однесува во секоја ситуација...
    Жена со манири..
    Жена на која сите и се восхитуваат..
     
  8. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Дама....
    Жена,самоуверена и горда.
    Жена со добри манири,учтива и културна.Природна.
    Педнантна,внимателна,речита,начитана,образована.
    Пристојно,но сепак заводливно облечена,со совршена шминка.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Надополнето слковито:
    [​IMG]
    Ни до колена не и се, ниедна. :inlove:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31


    Aпсолтно ;)
     
  11. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Дама е жена која најпрвин се почитува себе па после сите останати околу нејзе...Жена која секогаш има почит и разбирање за другите-и тие за нејзе..Жена и кога е облечена лошо и ненашминкана ради материјални причини сепак зрачи позитивна енергија од нејзе....Жена која умее како да се понаша во ресторан,кафич,во машко друштво,во жеснко друштво..
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    дама е таа што
    -знае да се облекува
    -знае да се однесува културно...
    -остава добар впечаток
    -има свое јас,свој карактер
    -знае што сака а што не сака....
    или еве нешто подетално....
    Нежни раце
    Раце кои се негуваат континуирано. После секој активност, обрнете внимание на рацете барем 1 минута. Еднаш неделно направете пилинг, ноктите секогаш нека бидат добро средени, макар и со безбоен лак.
    Здрава коса
    Косата пред се треба да е чиста, а потоа и негувана. Редовното кратење на косата е единствениот лек против испукани влакна, кои една дама никако не смее да си ги дозволи. Ако се фарбате користете квалитетна боја за коса.
    Убав тен
    Не постои ситуација во која можете себеси да си дозволите да не го исчистите Вашето лице. Правете пилинг еднаш неделно, а доколку ви дозволуваат условите редовно посетувајте козметичар.
    Моника препорачува „ подобро останете без некое парче облека, но никако не се откажувајте од убавината на Вашата кожа“!!!
    Здрави заби
    Непријатниот здив, жолтите заби се вистински непријател на секоја дама. Може и најголем!!!
    Затоа мијте ги забите после секој оброк, редовното чистење на забниот камен е повеќе од потребно.
    “Здравите заби се пола здравје..бидете дама со блескаво бели заби“ – порачува Белучи
    Секогаш во стил
    Ако претендирате да бидете дама, морате да обрнете огромно влијание на надворешниот изглед. Можете да си допуштите и некое неадекватно парче облека но истата мора да биде совршено чиста, испеглана и мирисна.
    „Користете парфем кој Вам ви одговара, прескокнете ги модерните, така сте само копија на многуте“ – истакнува Белучи.
    Шминка
    Свечената шминка е за вечерни излегувања, децентната е за преку ден – ова го прават вистинските дами. Боите кои ги наметнува трендот не доаѓаат во обѕир ако не ви личат. И уште нешто… никогаш не ја поправајте шминката на јавно место!!!
    ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВА ЕДНА ДАМА
    Силикони
    Дамата е жена со стил, вештачкото и претераното ја прави обична кукла наместо дама. Затоа вежбајте, одржувајте ги вашите гради во природната состојба.
    „Големината не е битна, битно е како ги носите!!!“ – препорачува преубавата Моника.
    Нема израстоци
    Никогаш не допуштајте да имате израсток на косата. Тој детаљ Ве прави мрзеливи, неуредни, а кој не е за себе не е за никој друг!!! Ако се фарбате правете го тоа редовно.
    Нема тетоважа
    Денес е се поголема популарноста на тетоважите и пирсингот. Тие изгледаат егзотично, но егзотиката им личи само на младите. Сега можеби сте млади но младоста не е вечна, дамата се создава во младоста.
    Дамата не се „украсува“
    Накитот не смее да биде крупен и упадлив, затоа што дамите носат софистицирани парчиња. Секако вистински, бижутеријата не доаѓа во обѕир.
    „Ако не е скапоцен подобро нека го нема!!!“ – Белучи
    ---------------------------------------------------------------------------
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто но јас ја замислувам во црвен фустан со дебели прерамки должина малку над колени. Црни штикли и црн шешир. Елегантна средена со по некој бисер на вратот и прстен на рака. Секогаш убава и подготвена.
    КОсата соберена во пунџа, темно кафеава, без нескротени влакна кои летаат на секоја страна. На лицето соодветна пудра , маскара и црвен кармин и бистро бели заби. Фустанот лелеав, црвен каква што секоја жена би посакала. Носете долги , без ниту една рана или мозолче. Штиклите блескаво црни . Тоа за физички изглед а карактеристика. Да има почит разбирање, како вистинска дама!
     
  14. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Дамата претставува госпоѓица која се однесува отмено,добродушна е,чесна и помага на секого. :)
     
  15. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Според мене дамата е жена со карактер што има искуство во животот што е опкружена со таков круг на луѓе на нејзино ниво,образована,културна и нејзината фамилија треба да бидат такви од корен тоа не се стекнува преку ноќ.Дамата има изградено свој стил на живеење.
     
  16. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Jaс поимот дама вака си го објаснувам:
    -силен карактер
    -а сепак нежна
    -може сама да си ги носи торбите
    -но сепак нема безобразно да го одбие љубезниот господин кој и се понудл за помош
    -културна и воспитана
    -образована,но дама може да се биде и со средно се е до човека тоа :)
    .....што се однесува до изгледот
    -максимално негувана
    -средени нокти,макар и само исчистени, со средена кожата околу нив,со иста големина и обично налакирани ..сосема доволно
    -средени и убави заби и најважно свеж здив
    -убав мирис на самото тело и душа..тоа се постигнува само ако си добар човек,а потоа со парфем
    -нормално шминкање
    -елегантна облека,но најважно чиста,испеглана и со убав чист мирис
    -и НАЈВАЖНО ОД СЕ :ДА БИДЕ ДОБРА ДЕВОЈКА/ЖЕНА,КУЛТУРНА.....ЕДНОСТАВНО ДОБРА,А СЕПАК ИТРА И НЕТОЛКУ НАИВНА :* :* :* :inlove:
     
  17. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :D ..мила и нежна..
    . :D ...шармантна и харизматична...
    . :D ...секогаш убаво облечена и стокмена од главата до петиците......
    .. :^) ..негувана,со мирис од парфем околу неа.....
    . :D ...начитана,дискутабилна,успешна....
    . :D ...самостојна и способна.....
    . :D ....ДАМА.....е од кога си се родила... вродено проследено со карактеристичен стил.....
    .....ниедни пари на светов не можат да ја направат жената дама..... :lol:
     
  18. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    ...нежна, добра, ама сепак со силен карактер. Паметна, образована, културна, мирна, убава, секогаш пристојно и убаво облечена, и кога ќе ти се доближи да го осеќаш нејзиниот преубав, нежен парфем :wasntme:
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не пуши цигари...
    Никогаш нема да ја видите пијана...
    Никогаш на себе нема излупен лак за нокти...
    Косата и е секогаш исчешлана и средена...
    Облеката и е едноставна и чиста...
    Убаво е намирисана...
    Има сјај/кармин за усни...
    Носи квалитетни чевли и чанта...
    Има убави манири и бонтон...
    Не пцуе...
    Мека е на глас...
     
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Дама е:(особини)
    -чесна и добра
    -но има карактер и свое мислење
    -силна и издржлива
    -не потпаќа под туѓо влијание
    -не им обрнува внимание на оние кои ја озборуваат и сакаат да и наштетат,но во исто време знае како да се справи со нив;не ја засегаат
    -не е скржава
    -хумана
    -не е наивна
    -но мирна и
    -скромна
    -не прави скандали
    -сериозна во одредени ситуации
    -културна
    -има речник,знае да зборува

    -не пцуе,не се кара со кој стигне
    -насмена е
    -знае да се однесува
    со еден збор,има МАНИРИ и БОНТОН.
    -образована
    -не е алчна
    -шармантна
    -не оди со сите мажи
    -не мисли дека е центар на светот.
    -за нејзе не постојат пороците. :)
    -да не биде кокета :)
    Изглед:
    -да биде ЖЕНСТВЕНА
    -да не претерува во однос на килограмите(ниту дебела,ниту преслаба)
    -чиста(да има лична хигиена)
    -средена(исчешлана,издепилирана...)
    -средени нокти
    -дискретно нашминкана
    -едноставна фризура
    -едноставна облека(да не изгледа како новогодишна елка :lol: )
    -елегантна за свечености
    -ОБЛЕКАТА НЕ МОРА ДА БИДЕ СКАПА ЗА ДА БИДЕ УБАВА,УБАВО ИСКОМБИНИРАНА,ТО ЗАВИСИ ОД НЕЈЗИНИОТ (ДОБАР) ВКУС
    -облеката да има усогласени бои
    -накитот да не го сочинува бижутерија или таа да се сведе на минимум(не велам дека треба да има скапоцен накит,само да не биде пренатрупана) :)
    -да биде намирисана.
    -НЕЖНА
    -не се разголува
    -без пирс и тетоважи.
    Да изгледа вака:
    [​IMG]Добро,не викам дека треба да носи шешири и фустани секој ден,ама мене ми беше зборот за ЕЛЕГАНТНОСТА И НЕЖНОСТА
    Да не изгледа вака:
    [​IMG]
    :whew: Толку.
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.