Дама е една Жена или девојка која кога ке ја видиш и имаш прилика да поразговараш со неа да ти застане здивот.Таа треба да биде интелегентна со богат и културен речник,во било кое време треба да е средена ненагласено нашминкана и намирисана,било што да облече да знае да го носи со висок степен на елеганција во движење онака нежно да се движи со неусетно мрдање на колковите,ненагласено подината глава гради и рамеа.Да има цврст карактер,нежно да се смешка и да разговара со сите нејзини познаници било да се дами или не мислам дека тоа е едно од најважните карактеристики на една вистинска дама.
Дама е жена/девојка која едноставно е поразлична од другите. Скромна,со префинет вкус,самодоверба и пред се' шармантна насмевка. Сите ние на некој начин сме дами,само тука влијаат и други фактори:надоградување,образование,манири... тоа е многу важно за една дама. Едноставно не мора секогаш да има лак на ноктите,битно е да и се средени (да нема остатоци,од лакови,нечистотии..), да не ги грицка... = еден вообичаен пример од секојдневието За мене поим за дама е Audrey Hepburn, а во денешно време војводката од кембриџ-Кејт Мидлтон
Се мислам едно 15 минути и неможе да ми текне некоја дама во оваа деценија. Сигурно грешам и сигурно има некоја. Но во целост стандардите за тоа како би изгледала и би се однесувала една дама се сменети поради ова бурно време. Дама е тетка ми . Можеби. Откако знам за неа секогаш е пристојно облечена и е со средена коса. Ги има најфантастичните кадрици на цел свет. Таа дури и кога ни прави ручек го држи телото исправено. Умерена е во она коешто го зборува. Секогаш пристојна и солидно интелигентна. Никогаш не зборува напразно и навиено. Има мил и женствен глас. Има преубава кожа, а кога ќе ја погледнам изгледа толку нежно (fragile). Има некоја нетипична убавина која се издвојува. Од очите и извира некој скриен страв испомешан со блага тага. И на нејзините 60 години сеуште изгледа женствено. Има некој заслепувачки шарм и околу неа постои некоја хармонична енергија. Дава издржани совети. Спојлер Мене еднаш ме учеше дека не смеам никогаш да купувам нешто исто по два пати или нешто само затоа што е на попуст. Е сега дамата за да биде вистинска дама мора да има покрај себе вистински џенталмен за маж. Зборувам сега за тоа да доколку таа има сопруг дури и тој треба да знае како да се однесува, за да покрај него таа да може да го одржува она дамското и со него да се носи во сите ситуации. Тетка ми на времето го имаше најпаметниот маж кој го знам. Но сега тој премногу почна да пие и не дека е насилен туку зборува несериозни смешки. И верувајте дека тоа може да биде критично за сликата на некоја личност. Дама е спој на уникатна појава, чиста, со задоволителна самодоверба, интелект кој не го расфрла непотребно, успешност да знае каде што да каже, убавина, граница до каде и како оди со нејзините амбиции, симбиоза на одредени морални вредности...
Дама е жена која е реткост во оваа доба. Мора да има прекрасен надворешен и внатрешен изглед. Надворешно - таа не треба да биде некоја убавица. Но, треба да биде средена во косата и ноктите. Кожата да и биде негувана. Не мора да биде нашминкана, да биде природно убавка. Гардеробата не треба да биде скапа и екслузивна, туку чиста, испеглана и хармонична. Внатрешно - е уште побитно од надворешното (зошто на надворешниот изглед влијаат повеќе фактори и не може секогаш да сме тип-топ средени). Мора да биде културна, фина, љубезна, добродушна, вредна, да го користи бон тонот, да знае да почитува, да има самодоверба, да биде храбра и енергична. Кога ќе отвори уста од неа да излегуваат само *алтани*, што би рекле старите. Не се сложувам со некои постирани слики од славни личности, кои имаат растурен живот, немаат манири, а во јавноста се едноставно познати, дотерани во марка, па мора да ги прифатиме како дами. Дамите живеат во обичниот свет, не се горе на облаци во славниот свет.
Девојка или жена која секогаш внимава на однесувањето, внимава на облеката на начинот на кој оди , нежно се смешка, интелигентна и со богат речник , иако денес ваквите се ретки, повеќе можеш да видиш девојки кои се смеат гласно, кои покажуваат премногу делови од телото со облеката, кои не внимават како се однесуваат пред возрасни, излегуваат и пијат исто колку еден маж ... за дама има уште да се набројува ама пак ќе речам таквите префинети дами денес се реткост .
Дама е жена која што привлекува со многу повеќе од само надворешниот изглед. Дама е жена со која што секој маж би уживал да разговара на вистински теми. Дама е жена која што не би се „купила“ со пијачки, облека или коли. Дама е жена која што е свесна за своите мани и предности и работи на нив. Дама е жена која што не бара внимание, туку бара почит.
Спoред мене, дaмa е женa кoјa пред се не е леснa. Згoднa, женa сo стил и кaрaктер, не е недoстижнa туку не нејзинoтo срце не се oсвoјувa леснo. Културнa, сo дoбри мaнири, пoчитувaнa. Ретки се вaквите, aмa зaтoa се нaјценети.
Дама повеќе е карактер, октколку шминка и облека. Без разлика на облеката, начинот на одење и шминката, кога не знае да се однесува е едноставно убава слика. Дама внимава на своето однесување, не повишува тон, не се смее како чавка, не и се гледаат крајниците кога се смее, има меки потези, а не трча ко коњ, не влече столови, не се покапува на маса, не седи со раширени нозе, не си ја фаќа косата, не и се гледаат цицките. Дамата има речник, културно однесување, одмерени зборови, благост во гласот, нема крескави тонови, не шлапка кога јаде, не прави звуци со јазикот или носот, не пука прсти, не манка со низете кога и се прекрстени. Знае да се избрише со салфетка, знае да се напие вино, знае да јаде културно. Дамата треба да предизвока воздишки со стасот и однесувањето, а облеката е едноставна. Кога гледаш во дама, гледаш карактер ако излегува од неа, не алишта и шминки. Вакви жени има многу низ Скопје, пред еден месец запознав една вистинска дама, иако во поодминати години, со која ми беше драго што разговорав. Културна, весела, фина, убава, вкусно облечена, со висок стил и одлично држење. Има полно вакви жени, ама не можат да дојдат до израз од куси панталончиња, голи стомаци, бисерчиња на забите, деколтеа и хулахопки од циркуз.
Не постојат одредени дефиниции за тоа што е дама, затоа што сите различно ја перцепираме дамата како и поимот џентлемен. Јас под дама подразбирам жена која ужива во својата женственост, која по ниедна цена не се обидува да глуми машко, да биде машко или да се натпреварува со машко. Единствено тоа е што е, а во конкретниот случај жена. Со задоволство ги прифаќа и реализира женските обврски во бракот и семејството, го носи тој урбан шарм на примерна жена која е пример и огледало за семејството и децата која ги воспитува. Личната хигиена и одмерениот и вкусен сексипил се секогаш слика за дамата, а улогата во креветот и кујната нејзиниот природен дар да го удостои својот сакан партнер. Дамата знае да ја препознае и уметноста, книгата, сликата, театарот, природата, елеганцијата.
Постојат многу дефиниции за дама, голем дел од нив инкорпорирајќи слика на жената стегната во некој метафорички... па и буквален мидер како и не ретко она, да изгледа, се однесува и дејствува за да се допадне на мажот на некој пософистициран начин. Голем дел од нас жените се дами во некој свој ситен сегмент. Од дамите имаме многу што да научиме, но да не го жртвуваме тоа станување и останување дама на фактот дека сме луѓе од крв и месо исто како и мажите. Важно е како накит, но не и како суштина на живеењето на една жена. Да се избори првин за сопствената среќа и исполнетост, па потоа да му ја мисли како ја гледаат џентлмените.
Дама е Тања Бошковић. Жената плени со харизма, манири, речник, појава, држење. Годините не и' можат ништо, таа и ден денес може да засени доста помлади жени. Зборот ми е, потребно е да постои сплет на повеќе карактеристики, не е се' во физичкиот изглед.
Nema zena koja toa ne go saka,no damata go dobiva. Damata ne probuva so sila,so trikovi,manipulacii,gluma...za da go dobie. Taa ednoistavno i spontano go dobiva so samata svoja pojava.