Дама се рага, дама не се станува. Некои манири може да се научат но суштината се стекнува во семејството и личноста со тие манири израснува. Неможе некоја на 25-30 години да и текне јас од денес ќе бидам дама затоа што прочитав на форум дека е тоа модерно. Истото важи и за Господин кај мажите.
Дамата пред се' поседува самодоверба и самопочитување. Таа е девојка/жена која е паметна,има познавања од различни области,богат речник и способност јасно да го искажува своето мислење и да остане доследна на истото. Дамите имаат манири,умерени се во однесувањето и знаат до каде се границите на примерното однесување во јавност. Никогаш нема да сретнете дама која е облечена во претесна облека која открива премногу,со пренападна шминка или пак недолично се однесува.Всушност,тоа е целосна спротивност на дамата. Таа знае да се облекува соодветно за пригодата,секогаш е елегантна и умерена без непотребни додатоци. Дамата е мила и грижлива. Само дамите се способни нивните деца да ги одгледаат во вистински дами и џентлмени.
Облеката не е она што ја прави жената дама. Жената може да е облечена сосема едноставно а да зрачи додека друга е облечена по најнова мода а пак изгледа евтино. До жената е, не е до облеката. Нејзиниот став, држење, движење, манири, она внатрешно со кое таа зрачи, нејзиниот шарм. Тоа е она што една жена ја прави дама. И секако, паметот, образованието, интелигенцијата.
Дама, според мене, е најубавиот и најкомплетниот комплимент за една девојка/жена. Бидејќи за мене овој термин e симбол за многу повеќе од стил на облекување - елеганцијата во облекувањето е само шлаг на тортата што визуелно го надополнува впечатокот. Дама е пред сè девојка/жена (без разлика на возраста) која е воспитана, со културни манири, личност што никогаш не се штеди на убави зборови и гестови. Интелигентна и заинтересирана за знаење во разни области, стабилна во ставови, но одмерена и со почит кон соговорникот во дискусија. Личност која во секој однос бара почит, а не внимание...
Според мене дамата знае : кога - каде - како се однесува , има свои принципи и се држи до нив , се облекува соодветно за пригодата и периодот во кој излегува како и за местот каде оди .. Пример за една дама би рекла : Анџелина Џоли , Мерлин Монро , Џесика Алба ..
Па пред се културна,образована жена, со богат речник на зборови, знае да се изразе,знае да се снајде во било каква ситуација,жена која покрај тоа што се цени и почитува себеси ги цени и останатите, секогаш средена , педантна, искрена жена. И од помладиве пример за дама Emma Watson:
Дама е таа која не мисли дека е подобра од другите, но истовремено и знае дека никој не е подобар од неа, која има самодоверба, но не пати од его, секогаш воспитана, но никогаш лицемерна, знае да ги бира битките, не завидува и не драми
Нешто кое припаѓа на минатото, дури и се граничи со реалноста. Уште од детството, мојата претстава за дама ја обликуваа одредени сцени од филмот „Малена“, кога Моника Белучи се движи по улиците на гратчето - yбавина, нежност, стил, стас, став, воздржаност, дистанцираност, учтивост...
Знам дека не треба да се коментира на вакви теми но сум пријатно изненадена Мило суштество,секогаш тука да поможи,да даде совет,да сослуша, секогаш умерена,воспитана,средена и педантна. Тоа е мојата дефиниција за дама,тоа е мојата @bubic.k Те обожавам знаеш
,, Your clothes should be tight enough to show you're a woman but loose enough to show you're a lady,, - Marilyn Monroe
Дама е девојка/жена која знае што сака, со убави манири, со богат речник и е секогаш умерена. Интелигентна девојка/жена која има познавање од повеќе области и сака да научи нешто ново. Таа не се истакнува премногу. Не се фали дека е најдобра од сите,но знае дека никој не е подобар од неа. Таа е многу повеќе од стил на облекување. Никогаш не пцуе и не кажува погрдни зборови. Не мора да носи скапа облека и во последна мода, но мора да биде убаво искомбинирана. Таа никогаш не покажува повеќе отколку што треба. Примери за дами ми се: Одри Хепберн, Грејс Кели, Џеки Кенеди, Моника Белучи, Кејт Мидлтон итн. Можеби Мерилин Монро била елегантна, убава, средена, ама далеку од дама. Таа била кокета, а не дама. И Исидора Бјелица не е дама зашто дама и пцовки не одат заедно. И не се согласувам целосно дека дамата се раѓа. Дама може и да се стане. Познавам некои кои велат дека и ЈК била дама. Ама навреди и дама исто така не одат заедно.
Не е лесно да се биде дама. Треба да се исполнат многу критериуми. Според мене дама е пристојна жена со добри манири која културно се однесува со сите, која не користи вулгарни зборови и не навредува. Проблемите и расправиите да ги решава на дипломатски начин и во никој случај да не се кара и расправа. Исто така потребно е да има добар стил на облекување во зависност од приликата, да не претерува со ништо и во ниту еден момент да не изгледа кич и ефтино. Да биде чиста и средена и секогаш да се однесува женствено, да разговара со умерен тон и да има добар стил на изразување. Многу е важно да има добро образование и широк спектар на познавања од многу теми.
пред се паметна и интелегентна девојка образована културна со манири добро воспитана да знае да го цени она што го има да знае да ги цени луѓето по она што се а не она што имаат да не биде идиота и инаетлива да биде педантна, чиста ... да биде насмејана и да не биде намќор и намуртена позитивна секогаш самостојна жена, да не чека мажот да и даде се, само да се бори да има мила фаца, и да биде симпатична
Ема Вотсон, вистински пример за една млада дама. Интелигентна, образована, елегантна и префинета. Ја користи својата популарност за повисоки цели а не да се експонира себеси како тоа што го прават денешниве селебрити. Секогаш ги следам нејзините проекти и активности надвор од глумата, вистинска инспирација е.