1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Даниел Кајмакоски ќе не претставува на Евровизија 2015

Дискусија во 'Музика' започната од Isabel, 13 ноември 2014.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    2.142

    Даниел победи. Општо песните не беа нешто, мислам дека песната поубаво ќе звучи обработена, а не вака со оркестар и плус најдобро ќе е ако Даниел пее на англиски. Гласови ќе има од земјите кои го следеа иск фактор :)
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Оваа е дефинитивно година на Даниел Кајмакоски. Мило ми е што победи. Не викам дека песната беше најдобра од сите таму, но мило ми е што тој ќе оди. А за целокупната организација на фестивалот не би сакала да зборам. Иако не го гледав од почеток до крај, се гледа дека некој се потрудил околу сето тоа, ама делуваше малку аматерски. За другите изведувачи? И за тоа не би должела многу :lol: Но едно не разбирам, од каде испадна па сеа меѓународно стручно жири? Ти бираш песна да ја претставува твојата земја. Твојот народ треба да си ја избере песната што ќе го претставува.

    Како и да е, далеку сме од стандарди и висок квалитет, али за тоа друг пат ќе расправаме... :)

    А сега, добра ноќ! |-):hug:
     
    Последна измена: 13 ноември 2014
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Стварно не е ФЕР, Даниел да иде на евровизија а песната ништо посебно не е.
    Викторија Лоба имаше многу поубава песна, ама ние кога сме го одбрале најдоброто |(
    Коментаров е многу точен на фејсбук страната на Евровизија ;
    Terrible song! He just won because of crazy teenage girls (n)(n)(n):emo:
     
    На Arianator, Goticarka, dragan4eDR и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Викторија Лоба ништо чудно да ја дисквалификуваа за плагијат.
    Мене ми се допадна победничката песна, певлива е, башка Даниел има многу убава енергија на сцена. Освен тоа во Виена ќе нѐ претставува, што подобро од тоа? :)
    Што се однесува до останатите песни, уште Ерзана им фалеше на сцена. После Тања Царовска, Вера Јанковиќ, Лена од Австралија, Марјан Стојановски и Јоце Панов, мислиш дека сѐ си видел. И оп - Верче Пандиловска на сцена.
    За момент помислив дека Тамара ќе победи и по којзнае кој пат ќе оди на Евровизија. А тој Билбилов знае еднаш некоја весела песна да направи? Ја утепа Тамара со жалопојкиве.
     
    На QueenElena, BoaVista, Cacuvche и 12 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    И мене ми е мило за Даниел. Песната ми се свиѓа, уште од првото слушање ми се допадна. Знаеме како одат работите на Евровизија, на сите ни е јасно, ама барем нека оди некој со харизма да се прошета.
     
    На Divinebutterfly, Someonespecial, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Заслужена победа на Даниел дефинитивно, освен Тамара и Димитар реално и немаше некоја конкуренција. Ме изненади позитивно, мислам дека никогаш не звучел подобро на македонски.
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Ова беше најглупава евровизија досега во историјата. Една до една сите жалопојки.
    Колку ми беше убаво кога ја слушав Каролина со две лири, милина. Аман не можевме некоја таква ? Не заради текст или нешо туку мелодијата е преубава.
    Како и да е, се знаеше дека Даниел ке победи, иако како што реков, ниедна песна не ми се допадна.
    Есенски лисја во Мај. :D

    И морав статусов од Фејзбук...
    "Оваја Нина од 4Play шо беше, ги имат изедено другите три или како?"
    :D:rofl::rofl:
     
    На Divinebutterfly, Snow-Queen, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  8. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Очигледно беше дека ќе победи но мислам дека е премногу рано за него за на евровизија,настан на кој голем и искусен пејач и подлегна на тремата (Тоше) кога ќе се сетам на неговиот настап ми текнува дека од толку трема микрофонот мислам дека ќе му паднеше,а што ќе биде сега со Кајмакоски? Се убаво тоа но тоа е преголем залак за него,нема ниту година дека кариера да се каже,нема искуство во речиси никакви настапи.
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. malata59

    malata59 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Нека му е со среќа победата не дека ке смени нешто.. кого и да пратиме исто е. песната онака не е нешто нај нај
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Резултатите од учеството на Евровозија со години наназад се познати.
    И покрај тоа, упорно се провлекува одлуката за континуирано учество.Препукувањата, кавгите и навредите се стереотип на ваквите избори, знаејќи ги нашиот менталитет и култура како некој е добар и успешен во кариерата, а другиот е неподобен за музички натпревар на една таква манифестација.
    Мило ми е што оваа година е избран Даниел Кајмакоски.Се друго е некако видено, слушнато и веќе познато на сцената.
    Енергичноста, харизмата и сценската изведба на пејачот се нешто што може да го потисне квалитетот на песната.Кајмакоски ги има сите позитивни особини за да привлекува публика.А и фактот што Виена е местото каде што ќе се одржи Евровизија е уште една олеснителна околност за него
    Со среќа!
     
  11. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Нека му е со среќа победата на Даниел.

    Само мене песнава ме потсеќа на Counting Stars (OneRepublic), посебно на почетокот од песната?
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ауу па јас не знаев дека имало бирање за претставник. Сега видов на почетната страна на Фемина.

    Многу ми е мило што Даниел победил. Заслужено. Дечкото нема којзнае колку искуство, ама знае да се однесува на сцена многу подобро од многу други наши самопрогласени пејачи. Барем знаеме дека ќе имаме достојно претставување, без фалширање, и добар сценски настап. Па сега другото не е во наша моќ. Со јазикот исто така нема да се брукаме, многу добра случајност е што Евровизија ќе биде во Виена, ќе се чувствува како на домашен терен и нема да му биде се' толку непознато. Англиски знае совршено, така што по мене, Даниел е таман претставник за Евровизија.

    Аман веќе и од Тамари, Јоце Панов (нигде без него), Верица Пандиловска, Нина... Аман веќе. На секој Божји фестивал се први. Не дека немаат талент, може имаат, ама се презасити веќе публиката од нив. Се едни исти песни, се едни исти изведувачи. Треба освежување малку, треба некој што има вистински квалитет. Мене Верица Пандиловска ама ич не ми е за на Евровизија. Која харизма ја има таа? Тамара колку пати беше на Евровизија? Не и' е срам пак да се натпреварува? Испукани пушки се сите тие, сме виделе од нив и квалитет и квантитет, и скандали и свашта, повеќе од ова што се сега не можат да бидат, толку им е максимумот, затоа нека остават малку и на новите потенцијални ѕвезди да се докажат.

    Не мислев дека ќе дојде ред Евровизија да ја чекам. Последниве години не сум ни гледала, ама оваа година и тоа како ќе се гледа. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Со среќа нека му е, ама мене песната воопшто не ми се допаѓа...
    Судејќи по ова и оваа евровизија нема да ја следам.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Општи дискусии? Јас мислам темава во Музика треба да се префрли.
     
    На Divinebutterfly, cresa-jagoda и galapce им се допаѓа ова.
  15. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Да, и кога ќе дојде време за Евровизија само да се промени насловот во Евровизија 2015. Песната не ми се допаѓа, но Даниел убаво пее.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Подбро Даниел, отколку Тамара :) За малку пак таа ке одеше (трет пат ако го вклучиме ланскиот настап на сестра и, а таа како пратечки вокал), како да немаме друг човек во земјава.
    Не сум некој фан на Даниел, ама ако, ќе го извежбаат, ќе го стросаат, па ќе биде добар. Го сакаат младите, а тоа е најважно ;)
     
    На Divinebutterfly, the.vampire.girl и tessie им се допаѓа ова.
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Мене искрено најмногу му се допадна оваа песна зошто сите други беа балади а мене лично ако ме прашувате подобро е некоја весела, разиграна песна него жалопојки. Незнам од каде Тамара второ место :doh: .
    Ова ти се вика успех, прва авторска песна и оп на Евровизија. Прекрасен е дечкото и осеќам дека ќе имаме добар пласман (да разбијам ова песимизмов)
     
    На Seashell31 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    добра е песната ама не е нешто посебно, со оглед на тоа и дека немаше подобри песни поарно Даниел да не преставува отколку некој друг со многу потрагична песна, бидејќи реално гледано немаше ни 1 убава и певлива песна. Јас незнам дали сме го изгубиле чувството за убавина или нешто друго е проблемот. Инаку сега ја прочитав веста дека било наместено http://press24.mk/priveden-sopstvenik-na-poznata-produkciska-kukja-za-skandalot-na-skopski-festival
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Едвај чекаме евровизија да дојде па да ги истакнеме нашите музичи способности преку критикување.
    Сите се преобразуваме во стручњаци.
    Ко млади моми на чешма галама креваме.Прашина де.:lol:
    Напишав и вчера вака како стручњак и јас,очаен избор.
    Сепак со среќа на Кајмаковски.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Како сум го пропуштила фестивалов??
    Даниел...ја ислушав песната ми се чини дека мора да претрпи преработки зашто вака ми е премногу бледа.
    Рефренот мора да биде појак,да има вокали позади себе.Да е нешто wow песнава не е,да се надеваме дека ќе влеземе во финале.Жално е што само толку имаме да се надеваме.
     
    На Marossa и Lella им се допаѓа ова.