Браво,ми се допаѓа тоа што Даниел ке ја претстави Македонија на евровизија.Ја слушнавме песната на часот по музичко со наставникот,пола од учениците песната не им се допадна а исто така и на наставникот но јас сум против, песната ми е многу убава БРАВО.А и да да не заборавам браво и за големиот број на фанови на Даниел Кајмакоски што се собраа на градскиот плоштад во Скопје (загледав слика на фејсбук) БРАВО!
Ништо посебно не е песната, но мислам дека Даниел ќе успее да се снајде. И секако супер е што ќе пее во Виена.
Знаев дека ќе победи Даниел. Песната не ми се допаѓа. Добро ќе биде ако ја обработат и ако пее на англиски.
Певлива е песната,не е лоша. Само нека ја пее на англиски,секако англиски песни повеќе му лежат по светски изгледа. Инаку не се сомневам дека добро ќе не представи. Инаку од Тамара песната мие совршенство,гарантирам дека ќе биде поголем хит од победничката.
Песнава пообична не можеше да биде. Ни да те допре, ни да те раздрма, ко да одиме на позната модна ревија а сме облечени од глава до пети од Шутка. Не дека Евровизија е некој репер ама зошто секогаш глупи песни се праќаат не знам.
Незнам народов кога ќе свати дека евровизијата не е нешто сериозно , треба да испратиме некоја певлива песна или некој циркузант , трето нема ,мене ми се допадна песната на Викторија Лоба , а другите катастрофа , незнам што да речам секоја година истите грешки ги правиме
Искрено од целиов рингишпил што го видов дечкото ми беше баш солиден. Се надевам дека ќе пее англиски затоа што јазикот навистина му лежи подобро од македонскиот. Ама незнам дали само мене ми е ужасно криво што Тамара доби 10000евра. Значи на кој друг и да ги дадоа парите немаше да се замарам. Ама од овие двете (сестри), аман веќе. Цел живот само пари гребат од државата а не плукаат кај ќе стигнат. До кога оваа наша земја ќе им дава пари на овакви личности. Стварно незнам.
Супер што победи Даниел ама песната не е ништо посебно, многу обична.Секоја година се некои вакви песни имаме, ниту забавни ниту певливи...ама тоа е.
Мене лично песната не ми се допаѓа, од Тамара ми е многу поубава, многуу. Дали било наместено или не незнам па не ни ме интересира, како и да е, кој и да оди, ние како држава сме "мали" и немаме шанси за победа. Таа е реалноста, без разлика кој ќе не претставува.
Четврти пат ќе одеше, и со Тоше беше како придружен вокал. А ова ми е најиронично Мислам во ред, мене баш ми се допадна како Тијана се претстави. Ама што туку збориш дека на Македонија ѝ е доста од Евровизија и на крај пак се пријавуваш на домашниот избор? Оваа па Нина ѝ пишала коментар Истото и јас го реков прошлата година, а ги гледаш синоќа и двете се нацртале на Скопски фестивал.
Е неможам и на темава да останам рамнодушна. Луѓенца бре кога ќе сватиме дека на Евровизија не се бара квалитетен пејач туку нешто извртено, сега мустаќите беа видени сега изгледа треба к.. да извадиме ние да бидеме креативни, иновативни. Шала на страна серизоно го делам ова мислење. Само некој поголем, мал ќе се обрукаме, како што се брукаме секоја година. хаха. Е парињата што ги фрламе секоја година околу спремање за да бидеме ,,видени,, испаѓа дека само ние ја гледаме Евровизија не и таа нас. Никакви ангажмани не добиваме после претставувањето на Евровизија и не ми е јасно зошто уште сме со завиени глави како коњине и зошто уште форсираме за Евровизиското претставување. И повторно, честитки за нашиот Даниел ама ние повторно ќе си бидеме некаде меѓу последните. Какви моќни гласови, каква интерпретација, НЕЗДРАВОСТ, ЛУЃЕ МРДНАТОСТ, тоа се бара на Евровизија. Да си ги покажеме гаќите истрани, така можеби и имаме шанси.
Четворица скопјани осомничени за местење на резултатите на „Скопскиот фестивал“ www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/960597/index.html
Без предметно е да се коментира понатаму околу тоа кој бил подобар, чија песна требало да победи.... Гласањето било наместено што го потврди и МВР, со докази, па така беспредметно е да се коментира колку биле добри победниците. Да биле добри немало да има потреба за користење на дури 2500 картички за да си гласаат сами за себе.
Ја нема уште, само првите 3 мислам дека ги има. Јас цело време проверувам , ако ја најдеш случајно прати ми ја
Многу ми е мило за Даниел заслужена победа, песната беше убедливо најдобра и единствена што ми се допадна и мивлезе во глава после прво слушање. Баш ми е светска песната, ритамот ме потсеќа на One Republic Добро звучеше на македонски, ама на англиски ако ја пее ќе биде уште подобро.
При првото слушање не ми се допадна нешто најмногу,ама сега кога ја преслушав да.Забавна мелодија и убав текст,ама не верувам дека ќе имаме некој успех.Кога ние со Тоше не успеавме,со Даниел ли ќе успееме? Инаку читам дека песната од Лоба била плагијат.
Srejkno za kajmakot ama godina bereketna mu bese ova na daniel alal da mu e Se nadevam ke uspee vlez vo finale,barem toa de,inaku da vi kazam ne ja slusnav pesnata ke ja slusnam koga ke dojde momentot za evrovizija slabo net imam.
Тамара е заглавена во тој филм со жалопојки, слични мелодии со благо-патетичен текст каде што и се истакнуваат вокалните способности. Ако се пронашла во тој фазон ок, супер за неа. Ама мора реално да правиме муабет дека на евровизија, каде што кичот и тралалајките се меѓу најдобро пласираните, со такви песни ништо не правиме. Песната, прво има лош текст според мене, и не ми јасно како двајца текстописци се споиле за текст од 10 стиха, али ај( ти си, ти си, но веќе не си , не си) ....И ако споредуваме, ланската песна Тажна љубов среќна песна, беше три пати подобра од оваа. Стара слава, maybe? Не ми е јасно зошто по социјалниве мрежи толку многу и препишуваат незаслужено второ место, во еден момент прочитав и коментар од типот на: па и Леонардо нема земено Оскар, а пак е најбоље! Значи Тамара во моментов не е подобра од Даниел, тоа е тоа. Според мене правилен избор годинава. Уште нешто за Лоба. Патетични ми се браќата Јованови што направиле песна речиси идентична на песните на Северина, со веќе познат ритам и шалабајзерски текст. Алал, се докажавте ко продукција. Бедни. И уште победна Лоба, што се нафати да пее таква песна.